Огромна желба имам да си чувам мајмунче, баш ко мене некое такво живо, весело. Само проблем е што ги пренесуваат 90% од човечките болести. Сакам да си чувам и змија, да ме чува од "змии"
Многу сакам мало тигарче , ама дресиранко да биде , или пак панда , или пони Како мала стално барав пони , да си го галам
Најмногу сакам да си чувам мајмунче али од тие малите што не растат многу и да си го водам со мене на кафе уоу ке ме има и по весници хехех и сакам хрчак иако е возможно да се чуват хрчаци дома али мојте не ми дават.
Јас како мала постојано тупкав нозе за мајмунче.Многу ми се слатки и интересни..ама изгледа само пуста желба ќе ми остане
Ох во срце ме погоди со темава СЕ сакам дома да си имам и мајмунче и глувче и слонче и тигарче и буфче и пантерче и пандичка и меченце се шо ќе се најди, а да има крзно нека се прибери кај мене дома ама најмногу од се најголема желба ми е еден ЛАВ ама ГОЛЕЕЕМ би го отепала од гушкање ( или тој мене )
Сакам мало слонче такво сивкооо, со големи ушиња, како Дамбо ама да не лета! За мене е забрането се...мајка ми не сака животни, па морам да бирам меѓу неа и миленичето.
и јас сакам да чувам тигар!!! онака од мало да си го издресирам и кога ќе порасне да го шетам на улица и сите да ги плашам.....особено некој што ме нервира да му го с'снам па да фати да бега не сум злобна нели?
Јас сакам коњ Ги сакам сите животни ама ете пуста желба имам за коњ ама за жал неможам да чувам Life is not fair
Панда,коала, мајмунче а може и верверичка мммммм цуцки ептен слатки. За нивна замена имам едно преубаво кученце
Сите животни ги сакам.. Но живеам во стан и единствено што имам чувано е папагал (7 год.), хрчак (1 год.) и рипчиња.Сите се мртви. Мнооооооогу сакам да чувам куче,па и маче, но додека живеам со моите тоа е невозможно Ама затоа прво нешто што ќе направам кога ќе се омажам е да си земам едно кученце и едно маченце