Што спомна магаре? Кажи му на маж ти едно магаре да ни земе да не носи, такво нешто рече, не слушнав добро?
Се договорија да одат во фирмата на Халид.Но,одеа пеш и Јилдиз ја заболеа нозете и и` рече на Ендер,"барем маж и` (Халид), едно магаре да и купел,да не одат пеш".
Да, да, а оваа и рече тебе ти е маж, ти кажи му. Значи добро слушнав, не ме лажеа ушите. Јилдиз на доктор треба да ја носат. Сега ако банкротира Халит ќе се тепаат жениве на која не и е маж. Баш на магариња ќе спаднат да им изнајмува.
Леле какви сцени сум пропуштила со Ендер и Каја од 40та до 45та епизода ќе се отрујам. А гледам нешто на инста ми искачаат сцени а ваму ги нема оно у претходните епизоди биле Трагедијата да биде поголема ги гледав тие епизоди на канал 5 ама изгледа нецелосно
Да, уште од почетокот е ваква. Мене ми се многу јака со англискиве зборови особено кога ќе рече "nice" или пак "hello". Инаку, како ја изиграа Шахика. Она намерно му рече на Емир демек да ја викнел Јилдиз вечерта дома сами да зборуваат. И ајде таа искористила нешто за да дознае и Халит. Ама Ендерче се разбира е тука. Дали јас сфатив погрешно или не, кога Шахика и рече на Ендер дека во тој телефон демек и бил швајцарскиот број, ама она не знаеше дека Ендер му sвонела на тој Надир или?
Вечерва не бев во можност да ја гледам епизодата. Ќе сака некој накратко да ми каже што се случуваше? не ми се чека до утре до репризата.
Јилдиз му побара развод на Халид, Шахика го тера Халид да прати човек да ја следи Јилдиз за да може да ја тужи за неверство со Емир и да го добие старателството, ама на Каја му текна дека можат да ја искористат таа ситуација и затоа и кажа на Јилдиз привремено да отидат да живеат кај некој друг. Отидоа кај Ендер Ендер се договараше со бебето да не ја буди навечер Мислам тоа беше у глобала.
Продолжија од обрежувањето на ХалидЏан,сечеа торта,се сликаа-за тоа време си заминаа Лејла и Каја (Каја имал некое изненадување за Лејла,по приказната што таа му ја раскажа),а Ендер зборуваше со Шахика-како мобилниот што го нашла Ендер и бил всушност Шпанскиот број (а пред да се најдат да зборуваат-Шахика беше во собата на Халид и зборуваше со тој човекот што зборува тајно(Надир мислам се викаше). Лејла и Каја тргнаа на пат,па,Каја и соопшти дека приказната што му ја раскажала го трогнала и ќе и помогнел да си ги врати спомените,всушност ја носи кај баба и` во Измир.Тогаш Лејла му рече да застанат на бензиската,па се јави на цимерката и и` кажа за изненадувањето на Каја (всушност цела приказна била измислена).Но сепак најде некој изговор и се извади. Во канцеларијата на Каја дојдоа и Халид,и Шахика-малку се караа Халид и Каја...Шахика исто дојде кај брат и`,и рече дека Халид и кажал многу работи,но кога си заминуваше побара од Џанер кафе и тост-намерно за да остане сама со Емир,да му каже како Халид се сомневал во нив,и нека ја викне Јилдиз навечер да и каже што си мислел Халид,да не и се јавува по телефон зошто можеби Халид прислушкува.И си замина велејки дека тостот бил со глутен,не јадела таа таков. Дојде Јигит во собата на Лила,велејки дека ќе го носи Ерим на училиште,да дојде и таа со нив.Но,таа му се изнавика,како требала да предаде домашна по математика,но не можела,не и одело.Јигит и предложи да и помогне,но таа не сакаше.Но Јигит сепак и помогна.И професорот и рече одлично сработено,и таа многу се изенади кога виде што сторил Јигит за неа. Јилдиз и мајка и се преселија кај Ендер.Па му падна папочната врвца на ХалидЏан(по некој обичај треба да го закопаш негде,и тоа ќе се оствари).Ја праша Ендер кај го закопала и Ендер одговори во универзитетот што сакала да учи Ерим,а Јилдиз го закопа во фирмата на Халид-но кога слушна дека можеби фирмата ќе пропадне,реши да го откопа но не успеа. Сума сумарум тоа беше вчерашната епизода.
Од тоа што пред една-две епизоди кога му раскажуваше Лејла на Каја, сфатив дека малку ја изврте приказната, но не е целосно измислена. Бидејќи додека она му раскажуваше, покажуваа како всушност било. Таа живеела во дом за сирачиња. Таа не и била баба, туку изгледа некоја како да речам воспитувачка во домот за деца. И кога Лејла отишла во канцеларијата на таа од една фиока покажаа како ги извади 2 мали кутивчиња. Но, во тоа време дур Лејла ги гледала ја начекала таа старата воспитувачка. А таа на Каја му ја раскажуваше како баба да и била.
Да, а инаку стварно постои Лејла која им е сестра на Ендер и Џанер и она и била другарка на Лејла и и ги кажала сите информации за татко им за да не ја откријат и и кажала да отиде кај Џанер за да и помогне да најде работа. 1000% ќе се појави и она во следната сезона.