Треба барем ранети птици да биде скратен, ем имаат вести во 21:00, среда имаат и лото плус. Ич, ама ич не се коректни
Да,ужас се канал 5,без осет!! Нели гледаат која е најгледана серија... Иначе за Ендер така е да,требаше и она со Јигид да го седне и да си позборуваат за да неможе да го мафта Шахика. А тоа што се здружија со Јилдиз само помислив што и направи на Зејноо,само да дознае сигурно нема да и биде сеедно..
Мене Шахика ми е топ. Добро се облекува, си пази на линијата, уште е млада, си се фрцка низ куќa и сите ги заебава и знае да ги брецка кај што боли,не оти не заслужуваат. Ич не и прилега само кога глуми добра пред луѓето, а инаку кул се понаша. И косата подобро и стоеше подолга кога се појави. Нелогично е што толку се мразеа со Ендер од почетокот, прво Шахика е 10 год помлада од Ендер, ајде во серијава нека ги направиле и 5....За Каја и Ендер кажаа дека врската им почнала во средно....5 или 10, Шахика тогаш била дете. Ендер му се жалеше на тој брат и дека не ќе може да се справи со Шахика, нема како Ендер толку да се исплашила од едно девојче. Освен ако Шахика не била вакво девојче: А убедливо најглуп момент е Ендер и рибарот кој ја чува дома наместо да викне брза помош и полиција....ајде овој ако сакал да ја сокрие од криминалци, ама и доктор им доаѓал, иначе кој и препишал лекови? барем докторот да пријавел....Поглупо нешто немало во серијата.
Аххахахахаххахахах крај. Фантастично можам да ја замислам Шахика како девојчево Инаку претпоставувам дека Ендер не сакала да ја однесат во болница од страв Шахика да не ја убие. Кога можеше бебиња да смени многу лесно би можела да ја убие Ендер во болница, плус што никој не и веруваше на Ендер дека Шахика стои позади тоа, никој не би ни внимавал на неа. А докторот што доаѓал кажа тогаш дека не можела да го добие, не знам зашто. Али Шахика и фрцкањето по куќата.. Ги чекам епизодите кога ќе почнат да живеат заедно со Ендер кај Каја.. priceless
Јигит ќе ги натера да се венчаат за да им прости и ќе се венчаат и Ендер ќе се пресели кај Каја а и Шахика ќе живее таму бидејќи Халид ќе ја избрка.
Ама Ендер беше комплетно “фатена“, не можеше да зборува подолг период нели едвај побара телефон да се јави кај Џанер мн време по несреќата. Нема никаква смисла што не повикале полиција и брза помош. Шахика и Ендер ќе живеат заедно? најссс
Сакав да кажам што и направи Ендер на Зејнеп со Алихан и покрај тоа Јилдиз најдобра другарка и стана на Ендер.. Ама мораше вака за поинтередно да биде
Вака фама не се кренало за серија од времето на Касандра. Профили со името на глумци, слики со нив, толку луѓе ја дискутираме. Очекувам сликички да се собираат у албуми од серијава. Прва и го препознав потенцијалот, уште на првите епизоди ја отворив темава. Многу ме потсеќа на старите добри шпански теленовели. Едвај чекам да се дознае за Јигит, прејака епизода ми беше тоа на нет.
Неа што и да и направи, Алихан и направи, не Ендер, па пак се омажи за него. Ендер не и беше блиска неа некогаш, па да и ги зема за лично постапките. Инаку не знам дали е постиран новиот трет трејлер, може се повторувам. Спојлер
Ах тоа.... Знае џуџето со кого се дружи Јилдиз, сигурно секој ден контактираат. Ама верувам дека не и е гајле нејзе. Таа само на Алихан мисли. А јас пред некој ден си мислев, ја споија Јилдиз со Ендер и Зехра бидејќи го нема зејнепиштето, да не биде сама. Овие повеќе би и биле од помош отколку сестра и, таа само за празни разговори и користеше. Тоа не го слушнав, но сепак ми е за невјеровати. Кој би се нафатил во таа сиромаштија дома да биде болничар на непозната жена? Ако се плашел нејзе да не и направат нешто, како не се плашел за себе и дека ќе ги најдат?