Е и тоа да.. Ама во секој случај посигурно било да седат кај него дома и никој да не знае, и доктор да доаѓа да ја лечи отколку да ја однесе во болница. Има така некои детали на кои не обрнале внимание, не можам да се сетам во моментот имаше уште нешто така пред некој ден баш ми текна. Али во секој случај серијава е најдобра од сите турски до сега, барем за мене лично.
Тоа што Халит чува малтене докажана трујачка дома е чудно, ама тоа мислам дека го прави од адреналински мотиви. А за серијата дали е најдобра, што знам, премногу промени имаше за мој вкус.... повеќе ми е заразна отколку што сакав да ја продолжам....јас имам други фаворити ама не е лоша ни оваа.
Ај што ја чува дома, па што ќе ја врати после како партнер Мене ми е дефинитивно најдобра, имам гледано многу турски, до сега ниедна не ми била толку интересна и не сум ги сакала толку ликовите. И дефинитивно нигде немало толку драма До сега поголемиот дел беа нешто во стилот на "Тажна жена" така старовремски, можеби затоа..
Мене не ми се двои мн од другите што ги гледав. Пример ова со старец кој се појавува на сред серија да се освети, да го преземе богатството и на крај него го уништуваат, го имам видено во скоро сите тр серии што ги гледав (не се многу), ептен клише ми дојде. Јилдиз и бисерите што ги тропа да ги срами богаташите, со Ефсун од Украден живот од ист калап излезена, плус и двете имаа сестра изгубена во просторот вработена во јака фирма. Веч виџено. И ми смета тоа што тргаат некои ликови, ми се чини најинтересните заминуваат, на пр во куќата позабавно беше со тој Кемал, повеќе го биваше за сплетки од жените и остана недоречено кога замина. Јилдиз цело време го сакаше, одеднаш и здосади да трча по неа и го реши. Е сега рутински има комедии во оваа серија, ама драмата брзо стивнува. Јас ќе ја догледам дур не ја прекинат само зашто се заразив, инаку не ми се гледа веќе месец и фазла. На канал 5 почесто начекувам серии некои вакви со зајадлив хумор а и поука може да се извлече од одредени ситуации. На сител не сум загледала серија, спори им се и закочени.
Исто и јас на сител не гледам. Добро, до негде си у право, ама сепак мора по нешто да се повторува од претходните серии, бидејќи има премногу серии снимено до сега, а никој не може да измисли нешто скроз ново. Али вака е океј, хуморот посебно А тоа што оставаат недоречени работи оставаат многу. Ќе видите Шахика колку лесно ќе се извлече со се што направи. Ќе си замине, после 2 епизоди ќе си се врати и никоме ништо, а треба да одговара за 4 обиди за убиство, плус сите знаат дека она е виновна.. И ништо се тоа ќе си се заборави како да не се десило, а она ќе продолжи со нови сплетки. И самиот крај на сезонава оставаат буквално недоречено, како да е крај на обична епизода, а не на сезона.. Али пак ќе кажам се на се заразна е и серијата и ликовите Ние анализираме многу детално, некој кој само онака ја гледа ништо од ова нема ни да примети, нити ќе му засмета.