Да, Хакан на почетокот добро му кажа, да остави се во минатото, што се случило, се случило. Но сега не го оправдувам, како така и тој се вмешува во оваа одмазда. Да бев на негово место немаше да му помогнам на Алихан, ако сака да се одмазди, нека се одмазди, што мора Хакан да го меша. И плус тоа што не и кажа на Зејнеп што всушност е проблемот и зошто така се однесува, не е добро, сто пати ја излажа девојкава. Колку само ненормален бил Алихан, си ја продаде девојката за една глупава одмазда. И не знам за што ќе се одмаздува, кога мајка му по своја волја спиела со Халит, а не по негова. Да бев како Зејнеп ќе си заминев, колку само ја повреди девојката. Таа не го заслужи ова.
Па уште и вели „Се ќе ти објаснам“. Замисли ќе објаснел. Пред Хакан, братучетка и Ирем убаво кажа дека тие што во лице велат дека не лажат, се всушност најголеми лажговци и психопати.
Зарем навистина човекот што бил со мајката на Алихан е Халит?! Или сосем друг човек ќе испадне на крај?
Овде прочитав дека на крајот ќе испадне дека не бил Халит, но не знам конкретно, јас мислам дека е Халит, но ако не е тој љубовникот, може да имаат два исти часовници и љубовникот на мајка му, и Халит ама исти датум да пишува и на двата часовници тоа не може. Па мислам дека е Халит иако не знам дали на крајот ќе испадне дека не бил тој.
И јас мислам дека е тој, затоа што отворено си кажува дека растурил многу бракови, имал љубовници. Дури им се подбиваше малку на Алихан и Хакан, демек што правите, не се забавувате? Но, којзнае што ќе испадне на крај, ќе видиме. Ако не е тој, Алихан само со свој камен по глава ќе се удри.
Ah serijava.Spored mene,do sega najinteresna i najprivlecna sto sum ja gledala i ja gledam seuste.Ednostavno si ja zagledav i toa ti e,a si nosi i svoja poraka so sebe.Koj vi e omilen lik od serijava ?
Џанер не е лош човек, туку Ендер го тера да прават лоши работи. Ендер е најзлобна од сите. Колку време и енергија троши за да наштети некому, а на крај нема да добие ништо.
Koja е пораката според тебе? Дека парите не значат и среќа? Дека денес ги имаш, утре не? Дека никого не треба да потценуваме, не се знае кој до каде ќе стаса во животот?
Mozda zvucam smesno,ama jas gledajki ja serijava se zatreskav vo erin.Ubavo dete e,a kako sto pisuva toj momentalno ima 16 god,a ne 17 kako vo serijata
Конечно серија чии епизоди ги чекам со нетрпение. Се надевам нема да ја развлечат безвезе. Постојано има случувања, интриги, возбуда, напнатост, со вметнати смешни моменти. Џанер ми е омилен лик и добро е што имаат вметнато такви ликови кои не оттргнуваат од несреќите кои им се случуваат. Видов дека ќе трае долго, но не ми е криво
@Tanjamm да, токму така, Џанер не е лош човек само што сестра му го натерува да прави лоши нешта. Без Џанер и Емир серијава не би била интересна..
Me смеат и мене ептен. Инаку, јас неколку епизоди на почеток не фатив, зошто Алихан ја удри Зејнеп со мотор, ја поткачи и таа падна на улица, Случајно или намерно беше?
Алихан ја удрил Зејнеп со мотор? Ова не го знаев. Инаку и јас не ги гледав епизодите од почеток, отпосле кога ја sирнав ми стана интересна и почнав да ја гледам.
Стварно? Кога ја удрил и зошто? Кога било тоа? Ако намерно било тогаш стварно е тежок психо. И ја не ја глеав коа почна, додуша и сеа не ја глеам баш редовно ама знам колку толку.