Ааа Јас мислев Шахика ќе ја разоткрие Ендер пред сите + Јигит и Лила за да му се одмазди на Халит, ќе се поздрави и ќе си замине....Таква претстава имав. Шахика тактички скроз погрешно работи на Халит, не му е воопшто забранета. Јилдиз е сега поинтересна, hard to get. Да не и e ова финта на Јилдиз, или е искрена?
Ќе пукне брука. Сите ќе дознаат дека била мн сиромашна, дека дала дете на посвојување, Халит ќе дознае дека била во врска со Каја и тој ја вработил во фирмата, Халит за ништо си немаше појма....таа од Халит ја криеше вкочанетата рака, не ова.
Не смее да си замине пред Халид да потпише со инвеститорот. Откога ќе го заврши тоа тогаш ќе си замине. Инаку искрена е Јилдиз, не е никаква финта
Како ќе реагираат Ерим, Каја и Халит кога ќе дознаат дека Јигит и е син на Ендер? Иначе на Халит баш ќе му се погоди ситуацијата да искористи да ја избрка Шахика Се зацапа пак во Јилдиз и кутриот се мачеше како да ја откачи Шахика
Халид нервен слом ќе се изнервира и одма ќе ги избрка сите. Каја шок, кога ќе тргнат сите да си одат ќе ја застане Ендер на страна да ја праша дали е вистина и она ќе му каже за жал да и ќе се тргне од него, а Каја ќе истрча по Јигит. Ерим не се сеќавам точно на реакцијата ама после ќе и е лут што криела од него дека има друг син.
Баш пред некој ден ја гледав таа епизода, како што кажа @Zahirr инаку и Ерим ќе е шокиран, а после ќе се налути. И потоа Каја ќе зборува со Ендер, ќе се караат, Ендер ќе и каже и на Јилдиз.. Јигит лом ќе ја направи Ендер.. Ќе почне да живее кај Каја.. Хаос ќе биде епизодата..
Јас сега почнав да ја гледам серијата,едина турска серија,после 1001 ноќај ај си викам да тепам досада,а ми ја раскажуваше другарка ми и ми се допадна. Па сакав да ве прашам во колку саат се репризите ? Барав на канал 5 во програма,ама не ми отвара.
Може ли некој да ми ја раскаже вчерашната епизода? Или да ми прати линк кадр да ја гледам, Сега немаше реприза
Леле сакав деновиве да не гледам епизодите за да спремам испит повеќе време ама нема шанса да издржам да не се нацртам вечер пред ТВ. Едвај ја чекам епизодата, станува преинтересно. Ако паднам испит неделава, ради серијава ќе е.
https://mojtv.altervista.org/zabraneto-jabolko-114-epizoda/ Eve cela epizoda ako ne uspea da ja gledas.
Замисли Богданска ја гледа серијава. Ај да и ја спомнеме, ќе си положиме без проблем Може не гледала некоја епизода таман ќе и ја раскажеме, ќе ни стаи оценки и ќе им кажеме бабај на останативе