И сега после ова Шахика ќе се врати како ништо да не било? Добро е што ја сменија глумицата на Лила,да беше таа старата неможев да ја замислам со овој Јигит,ама оваа баш си одговара И ќе и признае дека Шахика дека влијаела на него. А Јигид дали ќе ја разоткрие Шахика пред Каја и Ендер ме интересира?? Гледам на Ендер се и е јасно,ама овој Каја значи Хмм..и Надир ќе ја засака Јилдиз излеа хихи
Халид ќе ја врати.. нема да ја обвинат за труењето, демек имала алиби била во авион. Ендер е свесна дека Јигит работи за Шахика и свесна е што се го терала да направи, ама Каја не верува. Ќе сфати каква е Шахика дури кога Ендер ќе му каже дека ја уценувала за снимките на кои Јигит ја удира Ендер. Ќе му покаже порака и дури тогаш Каја ќе поверува.
Не се вистински овие од други серии и стари сцени се додавани. Само од оригиналните јт канали за Забрането јаболко се реални.
Има сцени од друга серија ама има и од јаболко. Ова што ја покажуваат Зехра, она е на клиника за одвикнување од алкохол, тоа ќе е од следната сезона. И тоа Јилдиз што ја ставаат во кола не знам од која серија е ама мислам дека го немам видено во друга серија.
На почеток ја киднапираше Халид, кога нешо се скараа и ја однесе на брод. Ептен од првите епизоди е тоа.
Ова Јилдиз кога ја киднапираат, тоа се случуваше на почетокот кога сакаше да се разведе од Халит, а они ја киднапираа и ја однесоа кај него.
Да, Зехра е на клиника, ја пријавија во последната епизода. Можно е да е од тоа сцената освен ако не е од некоја друга серија..
Тогаш Јилдиз ја врати Зејнеп дури од Америка, таа отиде со Џем ама Јилдиз и рече да се врати дека и било многу тешко, ќе се разведувале и Зејнеп за неа се врати ама кога се врати тие со Халит се веќе се смирија. Леле да имав сестра и вака да ми направеше, убаво ќе и покажев.
Прогуглав за ликот на Нур (Махидевран од Султанот ) и ми најде дека во серијава била бивша сопруга на Халит и Надир и дека со Надир имаат ќерка.