Јилдиз ми станува многу интересна со хуморот, а и Ајсел е многу смешна. Идејава на Јигит е супер, таман Лејла конечно ќе се откачи а и на Шахика не и одговара да се земат Ендер и Каја. Добро е што не се откажува од идејата и покрај тоа што пробуваат да го разубедат. И не дека и двајцата не сакаат да се земат, сеуште чувствуваат нешто еден за друг.
Немаат смисла овие работи. Порано мн пологична беше серијата. Надир шармантен им бил Да, да, со Халит ко Том Круз и Бред Пит се
Ајселче со нејзината сиротка фацичка. Шахика постојано влегува од лага во лага. На Халит едно му кажува после тоа на Каја сосем друго му кажува. Не е интересна. Овие епизоди додека ја немаше беше подобро. Лила баш го направи Јигит како да е некој бездомник, го спушти на земја. Јилдиз и нејзиниот хумор ги обожавам.
Оваа Лила е мнооооогу досадна. Ич не ми се допаѓа како глуми, ко со сила да ја тераат да глуми изгледа. И Јигит ми е досаден. Новиве ликови им се утка.
Се згазив од смеење на сцената со Ајсел во собата на Лила. Преинтересна ми е Јилдиз. И како ја дотеруваат аауу денешната бела комбинација и вчерашните целосни циклама ми се сон ако некој има слика или видео ве молам пратете ми ако не ви е тешко. Ендер и Каја се сакаат, само упорно гордоста ја ставаат пред љубовта. Јигит се однесува малку психопатски, цел на тета Шахика. Лила сега му вели обичен работник беше на татко ми, ова она, а кога се мажеше за него божем не го знаеше тоа. Дури и Јигит неколку пати ја праша дали е сигурна бидејќи тој е различна класа од неа, ама тогаш викаше не било важно. Само не ми е јасно, како може овој Надир да го претставуваат како харизматичен и шармантен маж? Лејла премногу си се опушта, до вчера се тресеше од тој маж и психопатот, денес веќе со газдата планира излегувања, вечери, па она да им готвела јадења..Додворување за сите пари. Не ја сакам од почеток уште, а и не ми е претерано убава, океј е. Шахика... ах Шахика, пак ги лаже и врти сите околу малиот прст а и мораше да ја вратат, инаку ќе немаа со кого да се натпреваруваат и кој да прави сплетки. Јилдиз мислам дека требаше да се разведе од Халит, човекот не знае да се контролира и никако не им се совпаѓаат мислењата. Пропаднат им е бракот скроз. И онака и даде стан за Халит Џан, можеше таму да живее.
Мислам дека и јас прочитав такво нешто. Ќе и понудел брак па Јилдиз ќе се изнервирала и ќе прифатела ама за тоа време Шахика ќе го убиела Надир? Или јас се погрешно сум запамтила?
А, туку Лејла и Ендер изгледа и во приватен живот не се сакаат ич. Читав некаде, со тоа основно ниво на турски шо разбирам само и сфатив као не се следеле на инста, а и има rumors Лејла имала премногу барања за време на снимањата и била ептен препотентна, па не ја сакал никој од колегите. Сеа не знам дали е точно или не ама и мене такви вајбс ми дава. А, Ендер била многу дружељубива, се гледа дека е екстровертна особа.
Леле во врска со дружењево, кога ќе видам слики од Ендер, Јилдиз и Шахика заедно дури ми треба момент за да се сетам дека се сакаат во приватниот живот. Мислам дека денес гледав видео како оваа фамозна тројка се вози во Кабриолет се разбира Ендерче возеше, се знае кој е главен пак
Веќе се во врска Лејла и Каја, не му се додворуваше денес Убав пар ми се Лејла и Каја, добри души се и затоа ми одговараат Уште од почеток ја засакав Лејла И жал ми е што ќе се разделат. Не знам што толку ја хејтате На Каја воопшто не му одговара Ендер, не е карактер како Халит или Надир, за нив треба жена како Ендер да ги доведе во некој ред Ама Каја е предобар за Ендер Туку го хејтавте Ерим кога сакаше мајка му и татко му да се смират и да бидат повторно заедно, викавте многу бил плачко, а веќе е тинејџер. Па Јигит постар од него, па на што личи ова неговово однесување по секоја цена да се земат мајка му и татко му. Поголемо дете од Ерим излезе. Ај Ерим во пубертет и нормално после мајка му не сака татко му да има нова жена. Ама Јигит стварно се лигави Па не и беше ни тогаш ни сега важно. Ама арно му врати на Јигит, си заслужи тој, кога тргнал по паметот на тетка му Шахика и малку му е тоа што му го направи Лила. Требаше на време да мисли тој, а не откако на најмизерен начин ја остави сега да плаче и да ја моли...
Инаку, за Ерим, детево три сезони поминаа уште има 17 години и во пубертет викаат дека е. Новата глумица што ја глуми Лила ми е тиха језа буквално, толку не остава никаква трага, така бездушно изгледа како да и фали воздух и не ми е слатка на лик воопшто. Како ја утнаа со изборот за ликовите на Лила и Јигит значи не ми се верува.
Нека се изгуби кртот Јигит од серијата. Досадно е откако се појави. Нека ја земе и Лила со него ако треба. Мустафа и Хилми беа поинтересни од овај И Надир е досаден ама ќе рикни тој за брзо. Оваа Ендер мн злобна ми е во очите, не можам....како молњи и се. Пак почна да прави сплетки кај стигне, сакаше да се омажи со Надир а на Лејла и се закануваше да се тргне од Каја. Мене серијата ми беше најубава кога Јилдиз успеваше да ја насамари Ендер, ќе направеше некоја дубара и ќе ја обвинеше Ендер, а сите на Јилдиз и веруваа зашто мислеа дека е проста и неспособна да изведе таква “операција“ па моралo Ендер да е виновна. Се надевам пак ќе станат непријателки до крајот на серијата. Зехра не ми е некако погодена да глуми глупава, нема таква фаца.... се гледа дека е опасна. Требаше Алихан и џуџето уште некое време да останат, Шахика да му се нафрлеше на Алихан и џуџето да се изедеше од нервоза
Ти благодарам, а дали знаеш пред два дена која епизода беше кога носеше циклама пантолони и палто, кога беа кај тие жените собрани со Ендер и Зехра?