Уште се вмешани во криминал. Само Надир е апла, Халит помалце се компромитира, учествува индиректно преку други луѓе. Така сфатив гледајќи ја серијата. @Tanjamm, Халит го наместил Нaдир да го фатат на дело зашто претерувал и се спасил од него.
Овај Јигит стварно безобразно детиште Место да се школува, да се осамостои, се занимава со глупости. Зошто го казнува на брак на Каја кога човекот не знаеше дека му е син, па уште сакаше и да ја убие Еднер. Дечково треба да се лекува, најголем психопат испадна Канал 5 ја претераа со терминов
Каја и Јигит отко се појавија, серијава си *** мајката. Не знам што е работата, дали режисерите ги променија или сценаристите, или со протекции ги чуваат овие двајцата толку долго, ама кочат дејствие кое пред нив беше забавно. Ликот на Шахика има потенцијал, не е отепана како овие двајца, ама нема со кој да прави сплетки, семејството и е смотано, а со сите други е искарана. Ендерче полека но сигурно чекори по патот на Халит со три брака, додека Халит е во четврти.... ако не се врати во кондиција ќе го стаса....лошо.
Лелеее па преку глава веќе. Цел фим Јигит. Неможам да го гледам,го претераа. Се лигави сака нешто незнае што,наместо сеа кога си ги најде родителите да живее убаво он се изглупира. Според мене ни Ерим не треба да му прозбори зошто ова го направи,себично створење. Само дека Шахика не е задоволна со ова е супер И од тој аспект ќе биде интересно,зошто заедно ќе живеат со Ендерче сеа. Џанер пак сам си остана Значи Шахика сака да застане на чело на фирмата и ќе успее??
А зошто да живеат заедно да се туткаат како сиромаси кога не се поднесуваат, зошто Каја не ја испрати сестра му на друго место? Ако не и Лејла нека си ја земат со нив и Џанер. Значи од глупо поглупо станува.
Е и мене ова не ми е јасно. Преполни се пари сите а ќе се туткаат во една куќа. А сите добро знаат дека никој не се поднесуваат помеѓу себе. Да има филм, ни прават глупи сплетки. Ерим сироткиот, секогаш зад грб му се случуваат најбитните работи и тој пак им простува на сите. Брат му Јигит се понаша како разгалено недозреано лигаво психопатче. Над 20 години има.
И Ерим мн знаеше да затупи порано. Ама то е, децата на Ендер се “посебни“ посебно внимание “заслужуваат“
Ах, добро е не сум била единствена што Јигит не може да го поднесе. Досадно и мене ми беше ради него вчера. Ама од една страна мило ми е што Каја и Ендер пак ќе се заедно.
Прво само на хартија ама после ќе се засакаат стварно, мислам они се сакаат ама ќе си признаат после.
Како сиромаси ќе ја испрати Каја Шахика да си оди ама работата е што она сака да живее со него за да не дозволи да бидат стварно со Ендер, и ќе направи 300 драми за да се врати. А Ендер ќе му е жена и нормално она да живее со него, плус ни да и плаќаат нема да си замине од таму и да го остави Каја со Шахика. Плус со нив две во иста куќа е поинтересно
Како Лејла ќе биде со Халит? Како ќе се деси тоа? Јилдиз што ќе направи?Ми беше малку жал за неа вчера кога Каја и го кажа тоа дефинитивно нема среќа
Колку што разбрав од тие што пишуваа овде, сите ќе направат интрига и ќе ја наместат за нешто за да се врати во Измир и да се изгуби од нивниот живот ама таа после тоа ќе отиде кај Шахика и таа изгледа ќе направи некако да му стане петта жена на Халит. Јас така разбрав ако грешам нека ме поправи некој.