Садист е човекот, ја третира на моменти како роб, како што синоќа ја праша дали ќе доаѓа ма работа и ја потсети дека има договор на 5 години. Како да секој мора него да го трпи, а таа ако седне на кафе со некого, готово пламнува. Луд е навистина. Ќе сфати потоа што направил, кога ќе ја види дека е готово и се мажи. Ама таа ќе избега и ќе го врати од аеродром.
Епа и Зејнеп реално е многу глупава. Што све не направи и пак го толерира и ете ќе му прости, и пак среќни и весели. Како на филм. Ептен забеган тип е.
Па искрено ретко која девојка во реалност го трпи тоа, така да и се понаша типот која го сака и ја сака. Ова вака возбудливо да биде серијата...
Филм, да ни пратат порака дека љубовта се победува на крајот, и јас не верувам дека во реалниот живот вакво понижување и простување е можно.
Ама сепак нели модерна серија е , а пак си се држи до традиционлното турското, жената да биде покорена, мажот нека праи шо сака,нека ја малтретира, понижува ама битно на крај сепак по негово ќе биде. Халит со сто жени,ќе праи харем се замислува Султан Сулејман дека е. Затоа Ендер се двои некако од сите,ѕверка е жената.
Ендер ми е прејака, вистинска дама е, секогаш е убаво стилизирана, само што е многу злобна Пред некој ден се пресмеав кога Џанер и рече одам да излезам со колегата, ми се смачи постојано да бидам лош поради тебе Јас серијава ја гледам само поради Ендер, Џанер и Емир и по малку заради Кемал. Симпатичен е Кемал, плус каков јебозовен глас имаше со претходната синхронизација сега погрд му е гласот Ба бааај душички
Како ја задева Кемал оваа будалава Јилдиз,си игра со неа, ја нервира. Ама убаво и праи,така и треба, самобендисана богаташка. Се глеа дека го сака и она ама не признава бе и не. Спојлер A Зејнеп како така ќе работи кај Халит? Сигурно тука Јилдиз има замешано прсти.
Ako се земат в предвид годините, Ендер е постара од другите, но е најубава жена во филмот. Но, како лик е најзлобна.
Ендер многу е злобна вештерка, претерува ептен,почна да ме нервира. Она испадна иста како Халит, он истовремено со мајка му на Алихан и со Зерин,она и го зима Халит после и брат и. Греота за Зерин иако е и она е табиет сепак жално е . Сеа на Зејнеп и се жали, коа ја изгуби довербата на брат и. Многу е наивна и глупа многу.
Коментарот на Јилдис од синоќа „Ллее оваа го соголела Алихан од прв ден, види какви и се очилата, а сестра ми нека седи со книгите“. Јилдис прво мисли на парите.
Алихан бил во право Јас убаво реков дека штом датумот е истиот на часовникот мора да биде Халит Видовте ли како му се слоши на Халит, каков израз имаше цело време откако дозна од Зерин Ама знае дека и е слаба точка на Зерин, па ќе ја мота како сака, идиот Одвратна ми е Ендер особено откако се омажи за Алихан. Ама и те како сакам да му се одмазди Алихан на Халит, си заслужува
Хаха па нормално што знае она освен пари пари и само пари. Личност без свое јас и карактер е она, изгубен случај. Абе све нека му земе,нека го одере до гола кожа,стар вол скапан. Мисли некој фактор е, он најглавен, мисли дека светот се врти само околу него.Идиот.
Јас бев сигурна дека е Халит, па и нели како му се слоши веќе разбрав дека е навистина тој љубовникот. А и нели после отиде на гробот на мајка му на Алихан и се извинуваше. Инаку Ендер откако се омажи со Алихан, почна да ме нервира со нејзиното понашање како да се во вистински брак, и нели на тоа новинарите што се, и рекоа дека изгледа се помладо и таа пред Зејнеп кажа дека е тоа се од љубовта Изгледа на крајот ќе да му направи проблем на Алихан, прочитав дека нема да сакала да се разведе Инаку и Халит ја претерува, и се искара на Јилдиз само затоа што не му кренала на телефон и дека се вратила касно и се опијанила. И плус и рече дека никогаш веќе нема да излегува навечер. Па и вели жената на Халит Аргун така да доаѓа пијана дома во ниедно време. Цццц многу се преценува себеси мисли дека е кој знае што.. Глупак
Сега видовте кој е Диндар. Ме изненади тоа дрско однесување, иако и Зејнеп дрско настапи со него. Тој не разбира каква разлика има меѓу госпоѓа и госпоѓица. На крај откако ќе му избега од свадбата, ќе ја киднапира, па Алихан и полицијата ќе ја спасат. На крај ќе испадне дека Алихан е ангел во однос на него. Инаку, Халит многу се секира да не му го расипат угледот, а тој самиот највеќе придонесува да нема углед. Никој не го терал сто пати да се жени, да зема млада жена која му е како ќерка и сега не ја пушта надвор да излезе.
Епа шофер ќе и биде. Во меѓувреме Алихан и Зејнеп ќе се гледаат како пријатели и колеги. Еден ден Алихан ќе и вети дека се ќе биде во ред, дека ќе се разведе од Ендер, на што Зејнеп онака сомничаво го погледна. Но, Ендер нема да сака да се разведе, по што Алихан оди со Хакан во еден ресторан и ќе се напие. Хакан го носи дома мртов пијан, а Ендер утре сабајле ќе биде гола покрај него во кревет. Нормално, ништо не и направи тој на Ендер, таа легна в кревет со него. Таа веројатно ќе се слика со Алихан во кревет, и ќе прати фотки на другите. По ова, Јилдиз ќе и каже на Зејнеп дека тој брак не бил само на хартија. Јилдиз ќе се кара со Алихан затоа што ја лажел сестра и дека бракот е само на хартија. По ова Зејнеп се разочарува скроз, вели „сега ќе види што ќе му направам“.Одлучна е дека не треба да се бори за љубов, дека се е лага, и дека ќе постапи како што мајка и ги учеше двете. На свадбата ќе му избега на Диндар, а утре дента тој ќе ја киднапира и присилно во една куќа ќе доведе матичар да ги венча. Ќе и се закани на Зејнеп дека мора да се венча со него затоа што го посрамотила неговото семејство. Луда беше идејата што синоќа Алихан му ја кажа на Хакан дека по секоја цена ќе останат заедно, и дека ако треба ќе ја грабне, киднапира.