И толку беше од депресијата на Шахика. Еден ден беше и се врати дома и се излечи магично. Многу голема глупост беше ова.
Сфаќам дека сакале да го направат ликот на Каја добродушен и попустлив ама само глуп го направиле. Ова е више претерано
Како се појавува нов женски лик така станува нова жена на Халит Се појави Шахика - оп вереница Се појави Лејла / Ајше - оп нова на Халит Понатаму како што читав се појавува мајката на Зехра - пак жена на Халид само овој пат бивша
Кога ќе се разведе Јилдиз од Халид? Халид ќе се венча ли со Лејла некогаш? Новава боја на коса на Зерин не ми се допаѓа како и стои, претходно ми беше поубава. Каја и Јигит со зорле се прават наивни и глупи. На толку пари неможат да и го најдат крајот на Шахика. Јигит свесен е на што се е спремна таа и пак и верува. Ова само на филм. Ако Лејла си заминеше и Шахика не ја собереше брат и назад дома, ќе требаше да си заминат од серијава. И многу ќе беше подобро така. Ерим многу добро му кажа на татко му кога разговараа во канцеларијата. Почна да созрева детево, машала да не го подрекувам да не направи некоја глупост одма. Одвај чекам Ендер и Каја да си ги признаат чувствата еден за друг.
После тоа кога Јилдиз ќе ја кубе Лејла во фирмата, тогаш Халит ќе и даде да потпиша за разводот и ќе потпишаат и двајцата.
Нема да се венчаат шуќур Прво Ендер ќе дознае, ќе проба да и каже на Јилдиз ама ќе и падне криво и у последен момент ќе си премолчи. После Зерин ќе ги примети и ќе сфати дека Халид ја изневерува Јилдиз и сабајлето пред да си замине ќе и каже на Јилдиз дека се сомнева и Јилдиз таа вечер ќе го следи Халид после работа и ќе ги фати заедно со Лејла, следниот ден ќе бара развод Каја ќе ги среди документите и Јилдиз ќе дојде во фирмата ќе ја заскубе Лејла и Халид ќе потпише. Следниот ден ќе банкротира
Халит на Зехра: “тебе па цел живот не можам да те сфатам што правиш!!“ “Вие сте банда, треба да ве растурам!“ А кога и рече на Јилдиз: “има ли Лила друга мајка?“, Јилдиз се подзамисли Мене па Шахика денес најјака ми беше. Тие во кафичот манијаци, на крај не сакаа да ја пуштат секакви има, Бог да чува.... Е ако, нека го помине старката животот со Шахика и нека се шлогира пак.
Не.. ќе лажат со Шахика дека е трудна па демек абортирала и Ендер одма ќе сфати дека лажат и ќе отиде кај Халид да му каже да ги отвори очите, дека ако Лејла стварно била трудна ќе му кажела дури пред крај на бременоста а не уште у првиот месец и уште да абортира. И Халид ќе се освести ќе бара Лејла да му го каже името на докторот кај кој абортирала, она ќе и каже на Шахика да среди и Шахика у договор со Ендер за Ендер да ја остави на мира да не и прави сплетки ќе му каже на докторот да каже дека Лејла го платила да лаже дека не абортирала и дури тогаш ќе си замине.
Искрено дури и ми е криво за Јилдиз какви се навреди и испади трпи од старецов. Сето тоа за пари...па не вреди. Јас да сум на нејзино место би си заминала со Халид Џан во станот што му го купи Халид и би си нашла некоја работа. Подобро скромен и мирен живот отколку вака. Не би можела да го истрпам старецов ни минута.
Spoiler Знам дека Халид лично од неговата канцеларија ќе ја избрка Лејла и таа тогаш ќе си оди, тоа ќе биде за кратко. А потоа Халид дознава дека му престанала соработката со некоја фирма од Африка мислам дека и тука ќе му се слоши. Принуден е да ја напушти куќата и ќе се пресели кај Ситки и ќе биде сиромашен, а Јилдиз мислам дека ќе има парички. Шахика ќе го отруе Надир и после некоја епизода се појавува Керим и така некако е крајот на 3-сезона, ама на крајот пак Јилдиз и Халит ќе се здружат против Шахика. Фактички третата сезона завршува со доаѓањето на Шахика да ја купи вилата каде што живееше Халит и тука на скалите ќе се појават Халит и Јилдиз и тое е крај на 3 сезона и 4 почнува пак не јасно. Спојлер за 4-та напишав вчера.
Е ајде де.. И мене не ми е јасно зашто не се разведе?! Сака да живее во вила? И куќата Халид што и ја купи е доволно голема. Пари? Ќе има пари покрај Халитџан.. Не знам зашто го трпи