Како што разбрав, гледав интервју со актерите од серијата и кажаа дека продукцијата сакала серијата да ја заврши со 3-та сезона, ама се случила короната. Можеби да ги снимаат многу однапред ќе завршеа, ама дека сум запознаен со филмската индустрија во Турција, таму епизодата се емитува еднаш неделно. Се снима 6 дена непрестано за веќе наредната недела да оди во етерот. Така да затоа изгледа немале време, а четвртата започнаа да ја снимаат уште во јули, најверојатно поради страв да не има нов пик.
Аа епа можно е. Ама од новата сезона само 5 епизоди се снимени. Еда имаше ставено Q&A на инста пред 2 дена таму напиша. До 80та точно снимиле.
Јас мислам дека кај нас искрено за брзо ќе заврши 3-та сезона и мислам дека ќе направат прекин дека просто невозможно е да се погодат со тајминг со Турција.
Нема брзо да заврши, пред средина на октомври тешко. Рачунај уште 10 епизоди како што ги цепкаат кај нас на по 2 дена значи 20 дена, дели на 5 пошто нели сабота и недела не даваат, 4 недели. Уште цел месец. До тогаш у Турција ќе дојдат до 80та, може кај нас нема од новата сезона да ги даваат секој ден, може ќе преместат еднаш неделно или за викенд. Нема смисла да ја прекинат..
Како се викаше со Ефсун и Бахар серијата? Даваа неколку сезони па ја прекинаа па после некое време ја дадоа последната.
Шитт. Убаво кажа @Dream-Girl дајте сите мејлови да им испопраќаме на канал 5 да почнат со преведување на 4та и да не ја прекинуваат ако треба за викенд само нека ја даваат новата сезона ама да не ја прекинуваат