Хахахаха изгледа Зерин му се тупнала на брат и Алихан за стално Значи Зерин е казната на Зејнеп цел живот со неа ќе живее. Малку и е. @Tanjamm, да те апдејтирам што се случува со Зејнеп и Алихан
Сфатив тоа од најавите кои одвреме навреме ги „фаќам“ на тв. Серијата за мене тотално оглупе. Вакви серии тотално можат да го заглупат човека. Само интриги, манипулации. Од венчавката на Алихан и Ендер, комплет ми е забегана серијава. Претходно, беше интересно, имаше и смешни моменти, сега ништо.
Онаа Ендер е ненормална, скроз претерува. Злобна психопатка, а луѓето тука се восхитуваат на нејзините постапки. Реков да ти кажам за тие двајца ЗиА во случај да не знаеш, зашто ти само поради нив гледаше. Мене уште ми фали Диндарче, кога ќе го видев ми го правеше денот .... сега ништо, баш..... ни хуморот не е како порано, Зехра со сила ја прават глупа, Јилдиз исто намерно се глупира и така. Серијата одлучив да ја догледам кога веќе ја почнав, уште месец дена и ќе прекине кај нас....а дека ја упропастија и стана глупава, во право си. Ама јас и така ретко гледам серии, па ќе ја довршам барем третава сезона.
Вчера ептен касно почна, овие од канал 5 се стварно никакви. Кога почнаа рекламите исклучив тв и се легнав...да му се на човек додека ја чека серијата. Претераа со една е мајка..
Многу беше смешен делот направен вчера со Зерин,пресмешноооо.. Јилдиз се спреми и кромид и вода и лекови и на крај коа се онесвести вика- ја изгубивме жената хахах А Зехра па вика е добро де и јас се омажив и се разведов така и она А тек Ендуш коа ќе се појави наредна епизода,ќе издржи ли срцето на Зеринче
Ендер е пример како не треба да се однесуваме во животот. Таа е тотален губитник. Наивна што веруваше дека клошарот Синан ја сака. Лоша мајка, тоест никаква. Не работи скоро ништо, а се мисли аристократија некоја. Нема манири, а сака другите да ги учи на тоа. Кога ќе се види со пријателките кои инаку се обични глуперди и озборувачки, лаже, лажга е. Откако почна серијата сака да се врати кај Халит, а ете ја уште не се успеа. Наместо да работи на себе, таа чека некој како Халит да ја прибере. Лош лик, а за стилот и елеганцијата и мене да ме среди стилист, и јас ќе изгледам убаво. Дури и неубави жени кои се со вкус и стил облечени, кога ќе се избере она што е прикладно за нив изгледаат секси.
Мене на Јилдиз креаициите воопшто не ми се допаѓаат. ретко нешто да е убаво, се како многу за возрасна ја облекуваат, дури некои не и ни стојат..
П Да, ама за тоа си имаат човек кој ги средува, не е тоа нивни стил лично. Јилдиз се облекува навистина селски. Кога ќе ја видам во многу кратка сукња и чизми до колена, ууффф.
Па затоа и таква е направена Ендер, јас филмот на сител што е за викенд не го гледам, ама некогаш ќе го начекам или на реклами таму Ендер ми е непретпознатлива. Окк е се тоа со облеката стилист и за сиромашни им наоѓа, ама некако ептен без шминка ми е аууу,, не е нешто посебна жена. добро глуми овде навистина, ама во реалноста ни како неа, ни како Јилдиз, ниту како Шахика треба да се биде..ама сепак филм..
Да, ептен селски ја облекуваат. Ендер најубаво ја облекуваат, исто и Шахика, а Јилдиз е тотално промашена работа.
Овде брчките повеќе се познаваат иако е ова порано снимено. Значи добра шминка може некои работи да сокрие и добрите да ги истакне.
Џанер (за Зерин): Дадо па таа не е како нас, таа е нормален човек, ние сме вакцинирани. Хахахахаха...