Надир и Шахика повторно се здружија?o Зоштоооо Ендер и Јилдиз ќе дознаат ли за ова? Конечно Јилдиз ќе почне нешто ново во животот, одвај чекам
И мене ми е мило за Јилдиз. Конечно нема да зависи од тие идиоти. А овие тројца дебело да го изедат од Ендер и Јилдиз дај боже
Значи сега испадна дека Надир и кажал на Шахика и тие заедно со Лејла смислиле план.... Значи, не знам што да кажам..
Јилдиз па едвај му прости на Халит за сега да се намачи и да се плаши од Лејла. Надир ќе ја изигра,џабе се теши она дека ќе и помогне само во глупости влегува. Нека се разведе и готово! Шахика па со психичково раствојство Сака брат и да ја сака уште.. Иначе за облекување да, Ендер и Шахика водат,а и некако се тенки високи. Јилдиз е преубава во лицето ама надоле како топче е и не и стојат работите како на нив што им стојат. Како и да е треба по младешки да ја облакаат,вака дека жена на старец па ја прават теткица.
Мислам дека тоа е и целта со облекувањево на Јилдиз, да ни ја доловат како потеткинска, повеќе проста. Барем јас таков впечаток имам добиено од почеток на серијава. Ја прават по кич демек сега има пари и купува се и сешто, меша стилови. Имало и некои комбинации во кои била преубаво облечена, со стил. Ама многу ми е симпатична на лик,морам да признаам. Ми зрачи со позитивна енергија не само во серијава туку и надвор од неа.
Да,јас ја следам на инстаграм. Прекјут ми е и обожавам да ја слушам кога зборува турски. Супер е девојката
Koga ke si priznaat Ender i Kaja deka se sakaat? Najubav par u serijava i mnogu si odgovaraat i neka pukne Shahika (sho ime kje beshe)
Ја гледав вчерашната епизода што се емитуваше во Турција. Ништо посебно не беше. Дозна Каја за акциите на Ендер, прво се налути ама брзо и прости, нишо страшно, среќно заљубени си се. Ја побара Јигит за жена Лила, Халид им ја одобри свршувачката. Се одвиваше забавата со маски кај што беа преправени, Шахика непоканета дојде, најми некој маскиран да ги ограби на сите новчаниците и телефоните за да им ја расипе забавата, па ко глупаци дремеа во полициска. Керим и Јилдиз проаѓаат заедно многу време, на Асуман не и се свиѓа тоа. Таман тргна да му каже за тоа на Халид, Керим влезе во канцеларија и Асуман се стаписа, не знаеше дека Керим работи со Халид и така заврши. Се на се, нема ич драма. Џабе е нова сезона, делува ко продолжеток на 3тава сезона, ко ништо ново да не се дешава.
Значи уште ќе ја тупат со Шахика понекогаш ги прават како вистински глупаци за да испадне планот на Шахика успешен. Не е ниту интересно, ниту пак веродостојно.
Навистина, толку е очигледно дека е во секоја каша замешана, овие пак ја прибираат и веруваат или и наоѓаат некој со кој ќе смислува заедно планови. Подобро некој нов лик да дојде, на пример другата сестра на Каја(тука прочитав дека имал уште една?), интересното и новото со Шахика дојде и пројде, исти шеми има веќе и се навикнавме.. Нека биде веќе @Shahika ба бај душо еднаш засекогаш.
Само што почна заспав, ни најавната шпица не ја изгледав. Арно викаш ама не во 3 може и во 4 да го даваат, слободно. Очајна телевизија за внимание во 12 навечер дава турски серии
Нема Јилдиз да почне одма, Халид ќе и брани, ќе почне дури откога ќе се разведат. А инаку мислам дека не се здружени Надир, Шахика и Лејла него само за тоа се договорени зашто сите добиваат од ситуацијата, на сите им одговара Халид и Јилдиз да се разведат (Шахика и Лејла за одмазда а Надир пошто ја сака) после па ќе работат еден против друг Надир и Шахика.
Јас како што гледам по новиве исечоци,дури и кога ќе дојде новиов дечко на Јилдиз,тие уште ќе се замараат со интригите на Шахика. Туку-речи истите сплетки само со по некој нов лик. Така да нема брзо да се отарасиме од Шахика баш. Ама ајде,барем убава е за гледање