Барем за викенд еднаш да ја даваат ако веќе нема да можам секој работен ден. И мене многу ќе ми фали ако не ја дадат 4та сезона.
Кога спомна викенд па ми текна да не е при крај онаа украинскана серија Огледало, што ја даваат викенд само?
Не е. Колку што видов на јутјуб.. Има уште 40 украински епизоди кај нас дупло значи околу 80 по логика.
Ма како што почнува касно, веќе не го ни пратам филмот цела недела. Ене ранети птици два саати игра, пред 8 почнува, не се нормални канал 5 дефинитивно. Јас како ТВ веќе не ги гледам..
И јас. Невозможно е и премногу брзо. Јилдиз што ќе направи, ќе прифати ли во телевизијава на Надир или не?
Не ми се верува дека сонува. Нели Халит ја излажа демек ќе одел на патување, а он отиде кај неа. Сигурно понатаму ќе дадат како се зближиле толку.
Некако не ги забрзаа многу епизодите? Не требаше да се сретнат Шахика и Зерин? И во следната епизода Лејла и Халид веднаш се заедно. А кој е Халид да објаснува што се тоа добри родители и така децата негови сами се оставени (особено Зехра). И колку само можеше да се забележи разликата меѓу семејство со современи размислувања (Ендер и Каја на кои им е најважна среќата на нивното дете) и семејство со родители со размислувања дека не бидува семејство со жена со поголема моќ (класа што би рекол Халид) и татко кој што мисли дека може и треба да управува со животот на сите околу него.
Да не беше Јилдиз сега Лејла или немаше да е жива или којзнае што ќе и направеше болниот психопат маж и... Можеби ќе си живееше со него затворена дома и да ја малтретира секој ден. Сега демек Лејла се одмаздува што сакале да ја испратат назад во Измир затоа што скришно се гледаше и збореше со Халид а уствари само се крие зад оваа лага и од почеток тоа и беше намерата. Ѓубре..
Лејла ни е добар пример за тоа какви жени постојат и во реалноста, со какви злобни намери а со невина фацичка. Одвратна