И ова со Лејла кажува дека понекогаш е подобро да си седиш на страна од некои работи да не нае*еш ти на крај
Не е сон.. вистина е. На Лејла демек проблеми со стан и искочиле и Халид и дал да живее во една од неговите куќи.. Ќе се објасни све преку flashbacks.
Оток филм. Со присетување на стари сцени, зборување во памет, гледање во очи. 90% од епизодите ова се дешава. Ме подсетува на малечката невеста.
Како ја гледам серијава најдобар лик ми станува Ендер иако е лош лик. Секогаш средена, дури и поубаво изгледа од Јилдиз на моменти а е многу постара. Во животот знае што сака и се бори за тоа што го сака. Во размислувањето е секогаш пред другите и не можеш да ја излажеш.
Не сум била единствена шо тоа го мисли. Туку, леле овој Јигит вистина е психо, не знам таа Лила шо толку виде у него. Друго све сте кажале, да не се повторувам.
Халит не знам со кој памет им зборуваше на Каја и Ендер за неговите деца кога тој ни малку не се погрижил за нив. За Зехра да не зборувам поминало веќе нејзиното воспитување, знаете на почетокот каква пијаница беше таа и тоа беше само заради Халит што не и обрнувал внимание кога требало. Џабе после тоа и велеше кога ќе се опаметела. И со Ерим претходно може да се каже дека беше добар ама сега и со него почна да се понаша како му одговара на него.
Ужас родител,трча по жени и по пари,не ги гледа децата и кога ќе напраат глупост се дере и ги казнува. Сега вака малку кога ќе размислиме може и беше во право за Јигит иако директно многу го шлапна,ама како и да е он не е добар татко. Само знае да се издере
Па и Лејла да не беше, нив полошо ќе ги најдеше, ќе поцркаа од отровот на Шахика. Квит се со Јилдиз за помошта. Плус таа ја натера да направи тест за мајчинство, поради неа си го најде вистинското бебе. Јилдиз тоа знаеше да го цени, но не и Ендер која зад грб сработи за Шахика и и го переше полека мозокот на Јилдиз против Лејла. Лејла после клеветата ја фати инает и така. Е сега, Јилдиз испадна наивна што му вработи убава асистентка на Халит знаејќи го каков е, а тоа што Лејла седеше на пауза за ручек со него....па што можеше друго да направи, да го одбиеше ќе беше некултурно и ќе и се одразеше врз професионалниот живот, таа едвај влегла во јака фирма преку врски да работи директно за сопственикот.... Халит е виновен што се зближува со вработените и ги става во тесно.
Јас мислам дека Лејла не направила ништо посебно (бебето плачеше таа се качи да види) и тоа нејзиното не може да се мери со тоа што Јилдиз и направи да и помогне (знаејќи каква е ситуацијата се стави и самата во опасност) . Тоа што Лејла ги спаси го направи затоа што се најде таму инаку свесно не верувам дека би и помогнала на Јилдиз. Како дрско и кажа еднаш што сака нека ти прави Халид ако сака и нека те тепа не ми е гајле.
Тест за мајчинство не направи по сугестија на Лејла? Каја и велеше на Лејла да не се меша во таа работа, но Лејла сепак разговараше со Јилдиз. А Ендер ја остави Јилдиз на цедило тогаш штотуку породена. “Јави ми се кога ќе се снајдеш“ така некако и рече. Јилдиз уште трча по Ендер, од почетокот на серијава е зајдена по неа
Не знам јас мислам дека што и да прави го прави подмолно и за своја лична корист. Прво лажејки дека е сестра на Џанер и Ендер па после подмолно да му се пикне на Каја па ко не успеа ај на Халид.. Ниту едно добро дело не и вреди затоа што од почеток само лаже и прави подмолни работи..
Каја и додеваше нејзе, уште прв пат кога ја виде во бутикот ја тераше да пробува фустан, таа си замина тогаш. И случајно се погоди да и стане газда. Девојката ем без семејство, ем сопругот ја злоставуваше, и да лажела пак помагаше покрај сите трауми како што нејзе и беше помогнато, јас не би ја осудувала до толку.
Никој не е невин у серијава. Сите лажат, некој помалце некој повише. И сите се вмешани во секакви интриги и планови, дури и Ајсел така да нема добри и лоши ликови во серијава има само помалце опасни и повише опасни А се знае кој е најопасниот
Шахика има многу убава насмевка според мене Баш ми е интересна во ликот, ама најмногу кога се смее И има 38, изгледа како за 28.
Да, она бараше излез. Тоа што лажеше и што му се пикна на Халид тоа стои и ниедно добро дело не може да го покрие тоа. Ама дека беше во тешка ситуација беше. Требаше да си остане да работи кај Каја, Ендер а ја задевала кај Каја, а кај Халид исто и се фаќа, кај Халид дури и почесто ја гледа.. Барем други проблеми немаше да ја снајдат.