Ако гледаме така никој не треба да го осудиме и треба да го разбереме. Зејнеп никој не ја сака ама на никој не му текна дека израснала без татко, со лага дека со сестра и имаат ист татко, се уште не знае кој и е татко и израснала со не баш стабилна мајка...
Најавуваат нова серија на канал 5 пишуваше наскоро.. Ранети птици е далеку од крајот, а Една е мајка само што почна.. значи ќе ја прекинат јаболко после крајот на третата
Спојлер: 4та сезона, 2ра епизода -Шахика мисли дека тоа со Зехра и полицијата е дело на Ендер и дека она намерно ја мести и затоа ги собра Ендер и Каја и Халид у канцеларија и му кажа на Каја дека и дала 10% од акциите на Ендер. Каја се налути, Ендер после му кажа дека Шахика пробала да ја убие и се спогодиле после, Шахика му кажа дека и ги дала у знак да добра воља за да ја остави на мира, Каја им кажа дека и на двете не им верува И беше лут на Ендер после и се одлути пошто требаше да одат на забавата за роденденот на Џанер -Ендер за да и врати на Шахика што му кажа на Каја за акциите го прати Џанер у фирмата у СV-то на Керим да го смени роденденот и да го стави истиот датум со роденденот на Џанер и после збореа демек скришно дека му е роденден утре за Шахика да ги чуе и да му смисли изненадување на Керим и да се избрука пошто не му е роденден. Шахика наседна, и кажа на Јасемин да провери дали стварно му е роденден она провери у тоа Џанер што го смени и и кажа дека да, Шахика купи торта, скап часовник и ги викнала пола вработени у фирмата да му направат изненадување и он доаѓа и вика ама мене не ми е роденден -На крајот на претходната епизода кога Јилдиз и кажа на Ендер "изгледа се заљубив" во тој момент во канцеларијата влегоа и Керим и Халид и двајцата ја слушнале, Халид дојде после кај неа дома, и кажа дека ја слушнал ја тераше да се врати во вилата да се венчаат пак, она му кажа дека зборела за некоја книга, истото му го кажа и на Керим он и кажа тогаш ајде да одиме да ми ја покажеш книгата да ја купам и на крај отидоа на ручек заедно -Јигит ја запроси Лила, она прифати, после отидоа во фирмата ги собраа и Ендер и Каја и Халид во канцеларија заедно и сите деца беа тука и Џанер плус и им кажаа, одобрија сите дури и Халид -Јилдиз ја организира забавата со маски за роденденот на Џанер, темата на забавата е Злото околу нас и затоа сите се маскираа. Шахика не беше поканета, ама дојде и потплатила едни двајца да влезат со маски да им ги украдат новчаниците и телефоните на сите и после сите завршија у полициска станица -На Зехра и се допаѓа Мерт-другарот на Керим, и Зехра се мрднала скроз им вика цело време да штедат пари за тешки денови и беше со Ајсел на пазар да купува облека -Јилдиз му кажа на Керим дека имала 5 милиони и нешто за парите демек да и помогнел и тоа пред Мерт го кажа, а Мерт и Керим се во фирмата за да го ограбат Халид само тоа никој не го знае, и Мерт му кажа на Керим зашто да ризикуваме со Халид ќе ја ограбиме Јилдиз и Керим кажа нема шанси да не си помислил да и ги допреш парите и се скараа тука они двајца. -Асуман отиде да и каже на Ендер дека Керим не и се свиѓа ама Ендер и кажа дека Јилдиз е возрасна и дека добро знае што сака а што не сака (нејќеше да и помогне на Асуман зашто Јилдиз и кажа дека го сака Керим) и Шахика го слушна разговорот. После Асуман отиде кај Халид, кажа јас сакам да си ја заштитам ќерка ми, немојте да ме разберете погрешно, има еден човек постојано се вртка околу ќерка ми мене тоа не ми се допаѓа тој нема добра намера, и Халид ја праша за кого зборува и во тој момент Керим влезе и Асуман кажа за него зборувам, Керим ја сака Јилдиз.. и така заврши епизодата.
Нашиве гласови што ги синхронизираат ликовиве во серијава се некој од нашиве познати актери или рандом се вработени? Многу добри гласови, како ги синхронизираат секоја чест, посебно гласот на Џанер