не разбирам.... Дали уствари Лејла ја лаже и Шахика дека демек допрва ќе го шармира Халит а уствари она веќе е со него
Ауу Ерим го заборавив одамна се немаше појавено Шахикаа не знаела за куќата... Дали Лејла ја лаже и Шахика и сите по малку Искрено од почетокот ми беше жал за Лејла (зошто ја нарекуваат се уште Лејла а не Ајше ). И и помогна на Јилдиз, секако и Јилдиз и врати, но не може и не е фер од инает да и враќа на Јилдиз на овај начин
Официјално ми се згади од таа збрчкана-манијачка насмевка на Халит Па како вака можеа да го направат одвратнооо ова,зоштооо?? Сега нека го остави Јилдиз и доста беше и така никакви чувства не и изразува
А добро, ќе дадат ли како Халит и Ајше (Лејла) започнале да се гледаат? На работа строго службено,а сега наеднаш вака блиски. И одвај чекам Јилдиз да ја фати за коса оваа глупачава.
Не бе не е глупача сиротата во дом израснала затоа оправдано и е хахаха.. Шала на страна и се гледа и неа крајот, нема уште многу епизоди да биде..
Халит и Лејла ми се . Ендер и Каја многу си одговараат. Да, Кирил Трајковски го синхронизираше Алихан на почетокот а сега мислам дека го синхронизира Јигит. Миа Кантарџиева ја синхронизираше Зејнеп. За Ендер морам да кажам дека многу и е добар гласот, неа ја синхронизира Марина Поп Панкова и секоја чест за тоа. Инаку, новава серија што ја рекламираат изгледа оваа ќе биде како Малечката невеста, има повеќе од 250 епизоди па размислете колку ќе се даваат.
Не ја лаже Шахика, не било планирано ништо. Ќе покажат како се десило све, и искочиле проблеми со местото кај што живеела и морала да се сели и го прашала Халид да ја пушти малце порано од работа и кога му кажала зошто он и кажал дека ќе и среди за куќата, ќе и даде една од неговите што не ги користи и одма се јави да ја средат куќата и Лејла отиде да се пресели таму и истата вечер он дојде да ја види, дали се сместила и све тоа (фактички сценава од вечер) ова вечер им беше првата средба. У меѓувреме сигурно нешто збореле ама тоа не е дадено и нема да го дадат. И не стигнала да и каже на Шахика и затоа одма следниот ден ќе и каже све. Малце недоречено како гром од ведро небо, и дава куќа доаѓа да ја види и ајде оп заедно се пред тоа ништо..
Не, и не само вечерва, неколку вечери по ред ќе лаже дека е на деловни вечери се до вечерта кога таа ќе ги фати.
Халит има 4 брака, една раскината свршувачка и којзнае колку швалерки зад себе и сега Лејла стана голем проблем на сите, абе ај. И Ендер била швалерка исто онака патем. Ама кога ќе роди некоја жена дете од Халит, автоматски станува почитувана. Тоа е многу глупо во нивната фамилија. Баш интересна е сега аферата со Лејла. Со Шахика и Надир супер трио ми беа кога ги видов заедно, баш се израдував Двајца со желба за одмазда и една со сон да владее Надир е закон, специфичен став држи чоекот. На почетокот млитаво ми беше смислено неговото појавување, ама како се уигра во улогата секоја чест, ептен си го има држењето, и мафијашкото башка. Тој и Шахика ми се најјаки моментално.