Дали ќе има некои измени за терминот на Јаболкото? Гледам нова серија најавуваат, да не ја преместат Јилдиз во викенд?
Еве јас сум на епизодите кога Ерим е ранет од таткото на Јилдиз. И гледам и гледам и навистина не сфаќам што ви е толку дволична и злобна Зејнеп? Мене не ми е воопшто. И баш мислам дека и е заслужено работното место. Едно само што не ми се допаѓа кај неа детското понашање на моменти.
Заради Диндар најмногу ја хејтаа, дека го остави на цедило и му избега на венчавката. Тој првиот пат и понуди врска, таа одби и изгледа за инат на Алихан после тоа му рече да пробаат а потоа и венчавка организираа. За тоа си беше самата крива, свесна беше дека не го сака Диндар ама се помируваше со фактот дека можеби ќе го засака со тек на време и на крајот го остави сред венчавка. Дури и му фрли киселина врз лицето кога ја киднапираше. И мене ми беше океј Зејнеп на почетокот, ама после ова со Диндар ми се одмили.
Добро да се хејта некој ради некои негови постапки.. Ама да се хејта на сметка на нечиј изглед и тоа со секакви зборови .. Немам коментар..Да не ме сфатиш погрешно ова не се однесува на тебе..
Зејнеп е лик шо најдобро се преправа во цела серија, дури ни некои гледачи тоа не можат да го приметат хахах што ја прави најподла. Таа не планираше воопшто да се мажи, туку чекаше до последен момент Алихан да ја моли. Така го влечкаше Диндар по неа цело време, го правеше будала, не беа ни во врска. А тој дека беше потрадиционален тоа го прифати да немаат ништо пред венчавката. Тоа е злоупотреба од нејзина страна и на крај го уништи тотално и репутација и психички. И на сестра и и морализираше цело време , а сестра и неа безусловно ја поддржуваше и тогаш кога не требаше.
Точно, Зејнеп е таков лик како што ја опиша и токму тоа го направи со Диндар и плус не беше за сестра и колку што сестра и беше за неа. И сето тоа може вака убаво да се каже како што ја опиша сега а не да се кажуваат секакви зборови на сметка на изглед..
Леле леле леле морам да признаам дека Јилдиз со светла коса ми е далеку поубава. Не и стои темна..или само сум навикната да ја гледам со светла па затоа
Да тоа со Диндар беше навистина лошо. Ама искрено заслужено му беше и беше во самоодбрана. Сепак да се потсетиме дека тој за малку ќе ја силуваше. А најако од се е неговото име ногу е чудно
погледнете како изгледала природно Лејла.... https://onedio.com/haber/iste-bunla...en-gunumuze-hepinizi-sok-edecek-evrimi-827423 Пред и после естетските операции.
А, Лејла е баш пример дека естетски операции може и добро да испаднат ако се направени како што треба.
Таква е серијата. Креаторите му создале на нејзиниот лик таков имиџ заради хумор. Нарочно носеше фризура што и покриваше пола лице и капути во кои како да пропаѓаше толку ситна. Во самата серија ликовите си префрлуваат меѓу себе на разни основи меѓу кои и изглед. Последно што ми текнува, Акин на Зехра за Халит и рече дека не е убав човек и што треба, да плаче актерот сега. За Зехра еднаш рекоа костур, и таа да плаче. Јилдиз малце се здебели и Шахика рече запуштена, ајде и за Јилдиз смак света. Тоа е дискурсот во серијата. Сега се сетив, по грабнувањето на Зејнеп, Ендер на Џанер му рече “кој би ја киднапирал Зејнеп жити се“ , демек масло било на Јилдиз за Алихан побргу да се ожени со Зејнеп. Ме насмеа тогаш. Ама на форумот е проблем ако се напише иако се тоа поенти од серијата. Имам напишано некои епитети за Зејнеп, но не почнав јас прва, ги презедов од другите членки кога видов дека е дозволено инаку претходно се воздржував. Таа објективно беше манипулатор, ама и на нерв ми згази. Многу го сакам Диндар заради него највеќе гледав без него не ми е тоа тоа серијата ....а оваа го запусте.... поради тоа ја хејтав толку. Тоа не значи дека се исмевам кај стигнам со луѓе, само тема за серија е на форум.
Епа доброо,во Турција се најдобрите пластични хирурзи затоа е напраена многу добро јас искрено не би рекла дека е правена,мислев е скроз природна убавина.. Значи сепак Јилдиз е лепотицата во серијата