Кога и како ќе и заврши кариерата на Лејла со Халид? Последните епизоди слабо ги гледав, ту мач беше потегот на Јилдиз да бара помош од Надир, и Ендер па да и закажи кај него дома. Мислам човек без мозок не би отишол од него помош да бара во тие околности а не овие при здрав разум. Мнооогу несуштински работи, плус Јигит и Лила зошто ги даваат тие фаци, никаква љубов не зрачи од нив, како камен се, ладни никакви.
Којзнае кога ќе ги преместат репизите од јаболково. Оваа новава серија многу ја величат, апсолутен хит ќе била. Ајде да видиме.
Сменет ли и е гласот на Шахика? Јигит значи детево толку ја уништува серијава, скоро па исто како тетка му. Толку е недозреан, за секој чекор во врската он мора да каже на мамичка, татичко, тетичка.. Шахика до вчера му се закануваше дека ќе го стави во затвор и око нема да и трепне, тој денес оди и и раскажува за бракот на неговите, па што им рекол, па они што рекле.. Можно ли е до толку да го прават дека е без грам мозок. Врската со Лила нема никакво значење во серијава, со сила ја должат по не знам која причина, ниту се симпатични, ниту интересни и заљубени. Спојлер Башка што Јигит изгледа како препариран глушец. Сцената со Јилдиз и тој познатиот... тотално не интересна, напорна, за разлика од тогаш со временската прогноза на пример. Сума сумарум, епизодава ми беше без значење. Не вреди човек да останува буден до полноќ за вакви сцени.
Има и друга и одма се менува. А прочитав дека само Јилдиз ќе му подаде рака кога ќе остане без ништо.
Епизодата не ја гледав, ама најавата за следната ја видов.. Јилдиз ќе му каже на Керим дека го сака Халид, а Каја ќе и раскине на Ендер, ќе и каже овој брак заврши, готово е и она само ќе праша што? И он ќе си искочи, а пред тоа нешто Шахика му кажа.. Кој знае што се десило..
Ajdaa.. cekaj sigurna si? Inaku i jas ne gledav, cekam da ja stavat na toj link so prevod, da ne ja gledam dva pati.
Не знам.. некако не ми иде дека ќе се смират. Плус епизодите што моментално ги снимаат Каја мислам дека не е присутен. Цело време става сториња дека е негде на одмор со семејството.