Не ми е најјасно, човекот на Надир навистина му сврте грб, или тоа е само игра, Надир го зафркава Халит?
Каде можам да ги изгледам последниве 3- 4 епизоди онлајн? Ама да се на македонски, вака ко на Канал 5 што се
Пред некое време една турска епизода ја даваа во два дена, по цел саат траеше, сега ја скратиле на 40 мин, вака како што почнаа да ја влечат серијава на крај на октомври ќе заврши... уште 8 епизоди имаа од оваа сезона
Види на soprevod.net или на extrainfo.net Само пази од вируси бидејќи ги има многу и на двете посебно на првата.
Многу беше глупава сцената на Јилдиз со видеото со гостинот.. Надир ќе и сврти на Јилдиз ама дали ќе и каже за Лејла? Ми изгледаше дека не и кажал,а како и да е ќе дознае за брзо.. Уште 8 епизоди ако има еее,многу малку. Многу ми е жално што ја мота Халид вака,иде таму си ужива кај Лејла, а син му не го гледа. Никакво значење не и придава. Зошо не се разведе ма,овој не заслужува да го прибере коа ќе остане без ништо.
Имаше еден муабет што ме насмеа кога беше Ерим на ручек кај Ендер. Вика ама ви е убаво тука во куќата стана многу напнато,татко ми само се дере. И Џанер вика: Таму стално е така ,изгледа ти се намалило нивото на толеранција хахаха Џанер ми е фејворит
Не. За во оваа трета сезона нема да ги има, а за во четвртата не знам ама не ми се верува пак да ги вратат.
Во 3-та сезона не. Алихан снима нова серија на Фокс а и Зејнеп по забрането јаболко сними една кратка серија од 8 епизоди. Баш ја гледав беше интересна. А за во 4-та сезона не ми се верува да се појават ама сепак не се знае дека уште се снима. Ќе видиме.
Не ти се чини така е. Ама во наредниве епизоди,Шахика ќе го отруе и Надир ќе умре. А и на Лејла за некоја епизода и завршува улогата, а ќе се појави Керим и уште еден нов лик.
Ендер и Каја, навистина нема нешто по-прекрасно од нив двајца. Џанер и Емир, толку хумор па тоа чудо едно. ○"Колку пари ти бара девојката"? ●"50 илјади". ○Ауу,нека ги објави. Халид иритантно суштество ми стана. Дома жена и дете тој со друга.Човеков има навика секоја сопруга да ја изневерува,нема стоп кај него. Уште ишарете,погледи на Лејла.Тоа е страшно нешто,мисли згоден е или што? No hate.