Не само што ќе ја искуби туку убаво ќе ја среди, и на земја ќе падне Лејла и уште плаче, барем цела фирма дозна. Тражили сте гледајте требаше уште појак ќотек да изеде оти со намера и го зеде мажот, па и се замислува ѕвезда дека е. Ај среќа ќе се спаси Јилдиз да не и се дери будалата секој ден. Битно Зерин ќе и ги отвори очите на Јилдиз.
Што и да кажеш ќе биде погрешно сфатено. Ама затоа они можат да вреѓаат на основа на изглед и да извреѓаат еден куп луѓе и после испаѓа ти се караш. Батали. Не вреди. Игнорирање само.
Па коментирај де, кој ти го цитираше тебе коментарот? Ти ми се нафрли со реплика дали капирам дрн дрн јариња. Мене не ми е гајле како ги нарекувате ликовиве од серијава, вие мене ми попувате и на некои други членки.
Е па.... јас дозвола не барам што да пишувам и дали е прифатлив стилот се додека напишаното не се однесува на членките (такви коментари не давам дури некој не ме закача лично). На форумов сешто сум прочитала и не цитирам, не реагирам. Ако не му се допаѓа некому кој што пишува, нека не го чита. Инаку ти самата имаш пишано тука навреди, џст сејинг. Не дека мене ми е гајле, ама за да кажеш дека не треба да се пишуваат навреди и да држи вода, треба самата да не си ги пишувала. Пак кажувам дека мене не ми пречат се додека не се упатени кон член, но на форумов се се извртува, прашање беше кога и темава ќе дојде на ред.
Ако некој направи лошо и ја осудам таа ПОСТАПКА, да ќе кажам лошо за тоа. Не знам каква навреда е ако кажам дека некој е манјак на стари години затоа што само брка млади жени иако е во брак на пример. Ама да вреѓам луѓе по изглед никогаш и никогаш не можам да го толерирам тоа. Ама ако тебе ти е стил да навредиш еден куп пример ниски или дебели или високи или слаби небитно какви луѓе, ОК. Не мораш да бараш дозвола, продолжи си со стилот..
Добро, но кога ти пишуваш за некој дека е антипатичен или одвратен или створење (токму вакви зборови имаш употребено), и замисли некој физички личи на тој актер или актерка и тука чита и си го сфаќа како коментар за сопствениот изглед или гестикулации, што, да плаче .... Ама за Зејнеп мрава се пишеше тука, трагедии упм. Небаре само на Зејнеп луѓе личат. Едноставно од дистанца гледаш, коментарите немаат врска со тебе и нема како да имаат и тоа е се. А се реагира поостро во ситуација ако приодот е како тој поназад кон мене лично “напета, капираш“ само затоа што сум неистомисленик во врска со афера во турска серија , ама баш поради природата на темата не враќам ко што би вратила. А и не сакам да се занимавам со кавгаџиски навртени цитирачи, одамна се тргнав од најпосетените теми каде секој ден има расправија.
Каква врска има антипатичноста со нечиј изглед? Лејла да немаше ваква улога немаше да ми е антипатична ич, баш е убава, но однесувањето и е дно. И да, одвратна е. Колку треба да си покварен некој да ти го спаси животот а ти да му забодеш нож во грб. Не знам веќе какви зборови да употребам за вакви луѓе. Исто и ти можеш да коментираш за Зејнеп или за кој сакаш и можеш што сакаш да кажеш ама верувам дека пример ти да читаш како некој пишува метро и жилет или како тој висок можел да биде со неа ниска или жаба или мравка и сл а си пониска дека нема да ти биде убаво иако е тема на форум. Љуѓето се исти и на форум и во реален живот. Веќе не коментирам што сакаш пишувај, сеедно ми е веќе. Продолжете со тие епитети.
А ти не ги нарекуваш со погрдни зборови? Ме мрзи да барам, ама сум читала ти што пишуваш. Ама ок, најсветица си ти
Зехра: Од една коска до кај бидна работава Многу си помогнаа меѓусебно и Јелдиз и Лејла, и двете спасија животи, Лејла кога се отруја Халит и Јилдиз, а Јилдиз ја спаси од монструмот. Можеби и ништо немаше да се случи повеќе од тој ручек со Халит да не ја посрамотеа пред сите во ресторанот Ендер во договор со Јелдиз. Така да мислам дека и двете се подеднакво злобни
На Лејла не и беше целта Халит од после ја фати некој инат и изгледа се заљуби. А Јилдиз ко секоја жена сака да си го спаси бракот не ја кривам неа ама можеа и на друг начин да ја избркаат малку претераа со Ендер
Може не и беше целта да го улови Халит, ама требаше да и каже на Јилдиз дека била на ручек со маж и, а не да ја лаже, да и објаснеше поубаво сигурно ќе сфатеше.
Халит, Ендер и Јилдиз се што им се случува заслужуваат зашто од порано беа изопачени. На пример, Ендер му местеше женски на маж и, а тој ја омажи ќерката за бившиот маж на жена му и тоа е само мал дел. Јилдиз пак цело време се огледува на личност како Ендер. Воопшто не се за жалење, заслужија луѓе како Шахика и како Лејла, може да се рече дека си ги привлекоа. А овие неколку не ни читаат што пишувам земале мене ме коментираат наместо серијата. Сјашете ми и да не се повтори, од вас критики не сакам, фала.
Не знам зошто Лејла е помалку добра или злобна од Јилдиз, Шахика, Ендер... Разликата помеѓу Јилдиз и Лејла од една страна и Шахика и Ендер од друга страна е во амбициите. Јилдиз и Лејла се прости, наивни, единствено сакаат да уживаат во прите. Другите две имаат/имале секогаш други амбиции. Да станат богати но и да заработуваат.
Да се надополнам. Халит е еден од најбогатите и намоќните и највлијателни луѓе во земјата, и очекувате дека ќе биде верен на една жена? ни случајно. Иако има млада жена, убава дома, СЕКОГАШ ќе се најде/најдат исто млади и убави жени, кои цената им е само различна, односно амбициите.
Затоа што Лејла не сака да биде во брак со него туку сака да го измами, да му ги земе парите, да го уништи, да му земе се заедно во договор со Шахика и Надир. Јилдиз одсекогаш сакала да биде во брак со него за да си живее таков живот да се фали пред сите со круната и златото од маж и. Од кога почна тој да и се пушта на почетокот таа си кажа отворено дека сака да се омажи. А Шахика кога ја праша Лејла да не се заљубила и одговори не трескај глупости. Тука има огромна разлика. Едно е да сакаш богато да се омажиш а друго да сакаш некого со манипулација и опасни игри да го уништиш. Не дека го оправдувам првото ама е секако помалку штетно и опасно од второто. Не знам кому прави штета Јилдиз да си шета наоколу со круната и златото. Е сега Лејла можеше убаво да иде на гости кај Јилдиз и Халит на кафе, па да речеме да разговара со него во работната соба. А не да му се јавува навечер скришно од Јилдиз и да разговара со него навечер во кола скришно од Јилдиз. Па уште да се лути што сакале да ја испратат.