Расистички и невкусно е тоа со девојката на Јигит. А тој фамилија Менсон не знам кога ќе го тргнат од серијава, убаво замина, ни една епизода не издржаа да го вратат. Шо видоа толку во него.... Ова досадно ептен, и Јилдиз измисли бременост за да го задржи Халит, сега Лејла. И којзнае по кој пат Надир организира нешто и го прави љубоморен Халит....Порано нон-стоп менуваа ликови, сега едно исто преџвакуваат цела сезона. Еднаш кога ќе кренеш стандарди, не треба да биде олку тешко да ги одржиш. Ај уште малку и нека ја прекинат.
Е добро им направи Лејла на Јилдиз и Ендер. Нека видат дека не може со секој да си играат затоа што се сметаа за моќни. Јас сум уште на епизодата кога она отиде да зборува со Шакика. Ќе видиме за понатаму. * Не сакам да знам! Ќе видам.
Да не беше Јилдиз сега Лејла немаше да е таму кај што е, или ќе живееше пеколен живот со болен маж или ќе ја убиеше. Сега се мсилам што е тоа што добро им направила? Лејла беше со сила држена во куќа од него. Ја силуваше. И се закануваше. Јилдиз знаејќи дека е болен човек се вмеша да и помогне. Ја извади од таму, ја прибра дома, го замоли Халит да ја вработи. Лејла да и побараше на Јилдиз и место за живеење и за тоа ќе го замолеше Халит. Ама наместо да го цени сето тоа Лејла се гледаше и слушаше скришно со Халит. И што требаше да направи Јилдиз? Да и рече браво, фала ти ако сакаш не мора само у кола да го викаш викни го и дома. Па секоја нормална личност без никакви намери ќе отиде кај Јилдиз и Халит дома ќе пијат заедно кафе и ќе разговораат. Не сте ми јасни стварно...
Ма каква расна дискриминација, седнала на софра со водена коса па уште и мафта со главата хахаха реакцијата на Џанер кога прв пат ја виде
Уште некои 4-5 епизоди има по турски. При крајот на октомври ако не и порано, треба да заврши сезонава.
Да ама тоа што и го направија што ја наклеветија е болно. Исто како што Јилдиз и помогна исто и Лејла го разреши случајот со детето. А тоа не сте ми јасни задржи си го за себе.
А тоа што Лејла се среќаваше тајно со Халит не е болно и расипано? Си го заслужи тој срамот и те како. А и кубењето.
Спомна некоја имала Ендер амбиции? Какви амбиции има освен што живурка на туѓ грб цел век? Фатив синоќа малку од серијава. Се се измеша. Јигит па со та црнката, катастрофа досадни.
Можеа да најдат бела девојка да глуми лик кој нема манири, ова вака е премногу по линијата. Некаде на запад би ја цензурирале серијата особено сега каква е ситуацијата со БЛМ
Што ќе пишам, а што не, тоа си е мое. Ако не сакаш не ме читај. И ова "задржи си го за себе" на друг кажувај му го, мене не. Повеќе да ти се објаснува било што за серијава џабе јер и онака не можеш да разбереш.
Za 4 sezona na instagram procitav deka Ender i Kaya ke se razvedat, Yildiz ke bide so Kerim, a Halit i Ender pak ke se vencaat (se nadevam deka se dezinformacii)
Лејла вечерта пред да му напише порака на Халит, расплакана и се јави на Јилдиз да и каже што и направила Ендер, ама не доби никаква поддршка од неа, според тонот се познаваше дека се подбива и тогаш Лејла сфати дека нешто не е во ред. Затоа кога се симна долу кај Халит му рече дека во лице и се насмевнуваат, а зад грб е поинаку. Инаку, Лејла и Јилдиз сакаат да бидат змии по примерот на Ендер, мислеа кога можела Ендер од дното да стане “дама“, зошто не и тие, ама наивни се за тоа. Лејла не се снаоѓа во ситуацијава. Од почеток и поверува на Шахика дека сака да ја направи жена на Халит за да и се одмазди на Јилдиз, а на Шахика откако се појави, намерата и е да го дефокусира Халит кон домашни проблеми за таа да прави што сака во фирмата. Лејла мисли Шахика работи за нејзиниот иден маж, додека Шахика планира да му го одземе богатството, со што и Лејла би извисила. Па како ја изгушка Шахика вчера