Да, Јилдиз да си молчеше можеби сега ќе немаше проблеми со децата на Халит. Инаку да, Зејнеп и Јилдиз се многу различни, нели во синоќешната епизода Диндар кога се запозна со Јилдиз во кафулето им рече како да не се од иста мајка. Точно така, многу се различни Јилдиз тргнала по умот на мајка и, да си најде богат маж. Ете си најде, ама не го сака, затоа отиде кај Кемал. А Зејнеп не е таква. ******** Инаку, епизодата во понеделникот не ја гледав, па ме интересира од каде тие лихвари го бркаат Емир? Зошто земал пари од нив?
Абе ајде Зејнеп не е таква. Се случајно налетува на богаташи. Што не предложи на некој сиромашен дечко да се земат од инает на Алихан, а не на Диндар. И она е жими мајка. Подсвесно со бара таков.
Па реално таа не го сака Диндар, не го поднесува, но уште едно разочарување од Алихан и ќе реши да се мажи за него. Мал круг на луѓе има и таа.
Ако на Зејнеп и беше за пари, таа немаше да си замине од домот на Алихан. Јилдиз неколку пати се готви да бега, ама пак се враќа кај Халит, оти парите се кај Халит.
Како да не замине кога тој донесе друга жена се ожени? И Јилдиз ќе замине ако Халит донесе друга ако се ожени со друга.
Можеше да има разбирање за неговиот брак на хартија нели. Друго, таа не бара никаков луксуз од него. Јилдиз само на шопинг мисли. Зејнеп се жртвуваше за него, колку шокови истрпе, ја трпеше Лал, ја трпеше Зерин, а Јилдиз не трпи никој. Ако и е за пари, таа може да си остане со Диндар кој има пари, зошто да избега од свадбата и да го брка Алихан на аеродром? Мислам дека на Алихан нешто ќе му се искомплицира, а дали ќе осиромаши, не знам. Но, нема да биде сјајно штом решава да си оди и да почне нов живот. Плус Јилдиз лично го фати Халит в кревет со Ендер, па наместо да си оди, смисли лага дека е бремена. Зејнеп за ништо не го излажа Алихан. Тој ја подвали неколку пати. Не секогаш ја зборуваше вистината.
Се здружија Јилдиз и Ендер и и се нафрлија на Зехра. Не ја сакав Зехра ама сега ми падна жал, како само си играат со неа на малиот прст ја вртат И за Ирем ми падна жал, девојката ни крива ни должна ја наместија. Ама и Јилдиз па братучетка и е како така можеше тоа да и го направи Инаку, приметивте на крај што кажа Јилдиз во најавата? Рече нешто три јаболки паднаа, забранетото падна на моја глава
Ужасно ме нервира Јилдиз, ќе и се удри од глава ама ако и е...воопшто да нема срам. Како и да е, сега станува интересно..
Може некој да ми каже што ќе се случи со Ирем и Хакан. Знам дека не се некои главни ликови, но многу ми се слатки заедно??
Веќе не се знае кој кому работи зад грб, секој на секого. Ендер сака да и врати на Ирем за тоа што ја зезна со штосот за тетката. Ништо чудно ако и направат проблеми со Хакан, тој е добар тип инаку. Јилдиз претера навистина. Зејнеп не е в ред што лаже за Диндар, на нос ќе и излезе тоа, ама каков е Алихан ич не го жалам. Нека црне, затоа што и самиот не знае што прави? Одмазда? Како то гледам ништо конкретно не му направи на Халит. Друго, на Халит не му е гајле што Ендер е во брак со Алихан, не е љубоморен. И зошто инсистира на старателство за Ерим кога таа Ендер нема кров над глава, а ни работа нема? Таа клошарка која цел век живее на туѓ грб. Мило ми е што го зезаат со Диндар, така му треба. Тој да лаже и да е лицемерен е ок, а таа не смее. Епа смее. Па кога влегоа во кафулето, уште ги кани да седат со него, се мајтапи, види го ти. Нема грижа на совест тој, и многу ќе ми биде мило кога ќе го видам да плаче склопчен во бањата. Ендер нема да го остави така, скапо ќе му наплати. Таа нема да се разведе без ќар.
Ama odvratna ova Jildiz samo se pletka kaj so ne I e mesto I se ce napraj za pari.zagrev mi e Zehra ...a Na Kemal koj my e filmot??
Ендер сака да и се одмазди на Ирем да, ама без помош на глупачата Јилдиз немаше да може. А оваа одма и помага, а што и направи Ендер на Зејнеп заборава одма, само да си биде со Ќемал. Ама мило ми е што нема ни да биде со него, само жално за Зејнеп не знае дека сестра и глупачата влегува во игра со Ендер..
За каков штос со тетката се работи? Не сум во тек скроз со епизодите бидејќи во исто време игра и друга серија што ја обожавам, ама и оваа ми е многу убава иако ја гледам половично
Синоќа Зејнеп кога му рече на Диндар "Ќе и кажам на Јилдиз бидејќи ние две ништо не криеме една од друга". Да знае само колку работи направила Јилдиз без да и каже, па дури ја лажеше и неа кога рече дека е бремена. Зејнеп многу и верува на Јилдиз ама попусто...