Tocno. A vo odnos na toa so razlikata vo godinite niv toa ne im e vazno, tuku toa sto Halit e milijarder i ke ziveat kako kralici so nego
Трета сезона е моментално. Четвртата се снима. До крајот на третава има уште некои си 4 епизоди по турски така да после не знам што ќе прават нашиве, сигурно ќе ја паузираат.
Канал 5 ако земат да ги кратат епизодите на пола саат една, секако ќе заостануваат зад турските и ќе нема потреба да ја прекинат. Ама нека прават како сакаат.
Што му е крива Ендер на Надир што го откачи Јелдиз, што не си го реши проблемот со неа туку и се заканува на Ендер кога ги даваа исечоците за наредна епизода со Халит некако грев ми се падна, се му се сруши ко кула од карти, а не беше скржав човекот кога се работеше за богатство И не мислам дека го заслужи во животот овој пад, да женкар но тажно е што ниту една не беше вистински вљубена во него, само интриги, сплетки и местенки му приредуваа ради неговите пари. И Јелдиз не е некое цвеќе за мирисање кога станува збор за верност, во бракот со Халит се плеткаше со свршеникот на Зехра, па нели и со тренерот имаше симпатии
Епа тој не ја најми Ендер бадијала И онака не ми текнува досега таа да направи нешто во корист на Надир освен што го нервира Халит. И казиното му го затвори и тоа така и помина. Инаку, Јилдиз не го изневери Халит никогаш, иако доаѓаше во искушенија. Ама дека го лажеше и сплеткареше и тоа како. Мислам дека Халит во моментот додека му кажуваат лаги не е свесен, ама отпосле сфаќа, откако ќе размисли. Требаше одамна да ја избрка, ама си прај да не му е досадно.
Грешка си за Јилдиз, свршеникот на Зехра беше бивши маж на Јилдиз кој намерно се ожени со Зехра само за да биде до Јилдиз, со тренерот беше намештаљка, немаше блага веза со него и сега кога ќе стане сиромашен Халид само Јилдиз ќе му понуди помош и ќе ги викне децата кај неа да живеат.
Кемал сопруг и беше на Зехра, не само свршеник. Јилдиз се двоумеше дали него да го одбере или Халит. Ама се одлучи да го сочува бракот со ултра богатиот Халит, и тука паметна излезе зашто со Кемал можеше да се зафркне. Несериозен тип беше тој. Оженет со една, и се пушта на нејзината маќеа живеејќи под покривот на Халит, притоа сите ги лаже во очи и глуми среќен брак, а ја сакаше и Зехра, не дека не ја сакаше воопшто....акциите ги загуби на берза....Ама па си одговараа со Јилдиз, препредени двајцата.