Мене воопшто не ми е жал за Халит. Си го заслужи, на почетокот му беше убаво, си бркаше работа со Лејла ама после тоа откако Јилдиз се разведе од него, тогаш одеше по собите на децата и жалеше. Сакаше ем да биде со Лејла ем Јилдиз и ХалитЏан да се до него. Па и откако се дозна за Лејла сакаше да ги направи будали сите, дека демек само куќа и купил.
Да, Кемал беше ептен покварен ама Јелдиз сакаше да биде со него, да побегне, му пиша порака на Халид, ги спрема куферите и отиде дома кај него, таа епизода кога упадна на венчавката. Иначе многу ми е интересна серијата, не читам што ќе се случува во иднина
Така е! Изгледа само на нас две не ни е жал Мене за децата ми падна жал, ама доброто е што брзо ќе отидат да живеат кај Јилдиз а за Халид ич не ми е жал, ама баш ич. Си заслужи.
Не беше до толку ќе се извлечат со Јилдиз. Ама сепак Шахика услуга ќе им направи со тоа што ќе го убие Надир, инаку не верувам дека така лесно ќе поминеа.
Мене не ми е жал за Халит, ама не ми е ни мило, затоа што во серијата има попокварени од него. Тој барем не прави сплетки насекаде. Јилдиз како се однесуваше со Зехра Гостинка и е.
Ама буквално ова го прочитав со гласот на Шахика и си ја замислив дотеранка во дневната соба. А Шахика ќе го убие Надир за да ги земе она акциите на Халит, така? Инаку, видел ли некој кај нас слични со тие на Јилдиз наочарите циклама? Се заљубив
Шахика срцка ќе го убие и ќе ги спаси од ѓаволот А Јилдиз се на среќа вака ескивира Дали ми е жал за ХалитЧе? Хммм..секако дека не,иако морам да признаам човекот си беше воркохолик. Се сам си створил со годините,не му паднало од небо ништо. Плус домаќин се правеше ама слаба страна му се жените па така изгуби многу да знаеше малку подобро со нив подалеку ќе стигнеше.. Една жена ти е беља,а не вака како него ги мењаваше како модата да им поминува,колекција пролет-лето една па есен-зима друга Да се насмееме малку,што вика Јилдиз: - "Многу сум среќна хаха"
Јас сум Јилдиз милионерката хаха А Лејла алчната се врати да го понижува Халид, она голтарка тешка никој и ништо на него му се пушти..
Очајната Лејла, прво се понижи пред лекарот, а после па таа да врати го понижи Халит. Аман, де надевам дека утре е последно како ја има во серијава.
Ами и на Надир акциите ќе ги земе. Иронично е што Халит со неа почна да комуницира кога беше разочаран дека сите се покрај него поради пари, за на крај да му каже дека не го засакала и дека никој не го сака него. Всушност не му кажа ништо што тој не знаеше. Тој сам и се доверуваше и сега истото ќе го искористи за да го навреди. Ама гајле му е, опериран е веќе дали го сакаат, тој битно ги легна сите
И мене за децата ми е многу жал. Ама смешно ми падна кога им рече „Секогаш се трудев да ви бидам добар татко“. Се прашувам што ли се трудел за нив, кога постојано им се караше и дереше за нешто.
Мислам дека сепак Халид и покрај неговиот бурен љубовен живот е добар татко ако тргнеме од тоа колку се глупости направија неговите деца, Ерим со лошото друштво и автомобилската несреќа, Лила со нејзината тајна венчавка па развод, па детски игри смири се скарај се, за Зехра да не правиме муабет се понаша ко малоумна го исцеди татко си па и со тој смотаниот менаџер. Со причина врескаше човекот
Халит постојано се дереше и ги навредуваше. Глупава му е најомилен збор кога ги опишува ќерките... Ни еднаш не видовме да поминел квалитетно време со децата. И кога требаше да иде на вечера со Лила и мајка и искоментира е зошто сега тоа. Кига Ерим сакаше да иде на концерт рече не можам јас тоа и Ерим беше со Каја. Се согласи ќерка му да се омажи со Кемал јер ќе му помогнеше со пари. И еден куп други примери. Ако тоа е добра татко тогаш се прашувам што е лош...