Кога викаше “абе едно дете не ми се погоди паметно“, јас си размислував “мене нека ме посвои“ При толку пари и можности шо ги имаа, отворени врати, Зехра на 30 год дреме на тој јутуб каналот, додека Лила наоѓа клошари за дечковци, помеѓу Емир и Јигит не знам кој е бетер да го трпиш, а и тие богатите шо ги одбира не се ништо поарни, се некои нарциси опседнати со себе, дебили. Не знаат кај тераат овие деца.
Жално и греота е да се рече за деца кои растат без родителска љубов дека не знаат кај тераат... Или ако таткото е богаташ нема врска шо на ќерка му се обраќа со глупава една...
Јасно им е на сите дека карактер како Халит не може да ги воспита децата правилно, апсолвирано одамна. Ама тие ко да не виделе ништо друго во животот освен татко им. Ако досега не сфатиле дека неговите постапки не се во ред, што друго да се рече. Нека замине од дома кој не сака глупав да го нарекуваат и нека се осамостои. Нели полнолетни се? Лила има мајка, и Ерим ја има, каква-таква. Ама се гледа како повеќе одговара, оти постојат и полоши татковци и помалку богати чии деца многу повеќе се трудат во животот. А и не ги вика тој глупи од што се многу трудољубиви и вредни. На Лила Јигит и ги пишуваше домашните, лол.
Искрено и мене воопшто не ми е жал за Халит си го заслужи ова. Тој ниту бил добар сопруг, ниту добар татко. Единствено важно му е да има млада жена покрај него. Ама како и да е ова ќе му биде лекција за во иднина да се смени.
Точно не е за жалење Халит, ама децата се.. тие не се виновни за ништо а проаѓаат низ се, почнувајќи од авантурите на татко му па жени се па разведи се, носење различни жени дома, а сега и пропаѓање.. Колку ми падна жал кога Лила рече сега пак нова ќе донесе и со таа ќе треба да се расправаме (мислејќи на Лејла).
На Халит ова уште одамна требаше да му се случи. Јилдиз ја изневеруваше два пати, на почетокот со Ендер а сега со Лејла. Она му даде втора шанса дека си имаат бебенце ама тој пак си тргна по старо. Епа сега самиот тој си е крив.
Дали тогаш ја изневери Јилдиз со Ендер откако дозна дека Јилдиз е разведена од Кемал или кој беше поводот? Инаку ја избрка Јилдиз пред да се фати со Шахика. Тогаш татко и го рани Ерим и Халит ја напушти, ја остави сама во куќата дури да се финализира разводот. После Јилдиз го намами со секс и се смирија, ама откако ја наместија за Севда, тоа му беше изговор да ја избрка. На крај разбра дека е наместена, ама не ја прими назад, почна со Шахика, а Јилдиз ја снема нели да не ја обвинат за Ендер, и не потпишаа развод.
Ај леле многу ми падна жал за децата. Имаа многу начини да си најдат престој, како прво мајка и на Лила за што е? Зарем не може она да им помогне?
Ауу Зехра препотентна,уште Ситки крив и е. Кај човекот 24/7 со нив е ги слуша нивните молби,уште прашува каде се парите што му ги давале. Безобразно.
Алихан кој што идеше на вечера со внука му и дечко и си зимаше за право да кажува дека не дозволува да иде со него јер како мал бил немирен, сега каде е?
Децата не сакаат да се тргнат од татко им. Зерин ни Халит не би го оставила така, ама тој изгледа од гордост не сака од жените да прима пари. Ама како тргнало, ќе мора. Ова е и за децата добра лекција. Нека осетат како живеат нивните работници. За Зехра е можеби доцна, но на Ерим ќе му се врежи во свеста.
Зехра претера со тоа превртување очи. Си заслужија се што добија. Невоспитани деца. Ситки им бил крив, мора арно ги прими. Имаше моменти кога Халит му се дереше на Ситки скоро за ништо. Дури Ситки ќе признаеше дека тој ја згазил жената која Ерим ја згази. Мора, сиромашните ги третираа како ѓубре, ако им е сега.
Леле го изнаплакав Халид тој плачи в кола ја плачи пред телевизор Иначе стварно многу добро го смислиле истиот ден Јилдиз богата а Халид пропаѓа
Халит не ги научи децата да си ја ловат рибата сами, туку тој им ја ловеше. Зехра и Лила имаат доволно години за да бидат деловни жени, а тие се однесуваат како мали деца. Кога влегоа во куќата на Ситки, како се вртеа, разгледуваа наоколу. Куќата на Ситки е пристојно и чисто место за живеење, тоа е куќа на еден обичен човек, работник и не е како нивната палата со слугинка каде ниту кафе сами не прават. Тоа што Јилдиз стана милионер, е смешка. Научна фантастика.