И кажа една досетка демек се качуваш во автобус, си фаќаш место, ставаш слушалки, и ооппп тетка во автобусот и од култура и стануваш, демек ете тоа ти го прави Алихан на тебе. Ендер се запрепасти од дрскоста на Ирем и затоа сака да и врати сега.
Па така е, се здружи со Ендер, а изгледа заборави што и направи Ендер на Зејнеп. А и плус Ирем и е братучетка
Џанер е срце, освен што го малтретира неговата бедна сестра...Инаку овој Диндер па вака е не е толку лош. Се гледа дека сака да помага...
И мене ме изненади тоа што без збор му помогна на Емир, го спаси од ќотек и од долг, и тоа на своја иницијатива. Нема однесување, агресивен е, но не е толку лош. Не штеди пари, пак нели сакаше да и купи цвеќе на Зејнеп. Му се допаѓа, но потоа ќе ја киднапира откако ќе избега таа од свадбата. Таа има вина, голема, но многу голема вина има и Алихан. Тој па колку е умислен дека е којзнае што, а навистина арогантен, намуртен, себичен.
Изгледа Халит единствена жена која ја сакал и тоа вистински и уште ја сака е мајка им на Алихан и Зерин, штом толку години често и оди на гробот.
Јас мислам дека има грижа на совест. Се си мислам дека мајка му и татко му на Алихан не починале, туку некој некого убил. Но, ќе видиме. Така мислам затоа што Алихан избегна да и оди на помен.
А тој човекот, пријателот на Халит што почина, кој е? Тој да не има некаква врска со мајката на Алихан и Зерин, а не Халит?
Баш вчера кога збореше со жената на тој пријателот, кога ја праша дали имала храброст да се соочи со нејзиниот маж, кога кажа таа не, не можев. Зошто се си мислам дека меѓу мајката на Алихан и тој пријателот имало нешто..а неговата жена исто знаела.
Па за часовникот ќе има некоја забуна, затоа што Зерин кога му кажа на Халит за тоа, беше смирен и кажа дека Алихан ќе се кае, кога ќе дознае дека погрешил. А на венчавката кога ќе ја прават со Зејнеп и Халит ќе биде таму, значи ќе се открие..
Кој знае Халит што ќе направи за да испадне чист за часовникот. Не верувам дека не бил во врска со нејзе.
Не знам, ама познавајќи го вака Алихан како цврст и непопустлив човек, па да попушти така не верувам. И сега наеднаш со овој пријателот дека починал и се начна тема..Како и да е, возбудливо станува..
Можно е да е поврзано сето тоа со Халит? Да се убиени заради некои негови непријатели? Ама изгледа ја сакал Халит, мајка му на Алихан. Вистинска љубов му била, за разлика од останатите што му се само за забава. Јилдиз уфф ептен ме иритира, дури повеќе и од Ендер. Таа ќе ја надмине и неа во злобата, ко шо ми се гледа. Зехра стварно не го заслужи ова, многу е наивна и си играат сите до нејзе.
На Алихан му стигна пакет, во него имаше една така средна кутија а во кутијата имаше две помали кутии. Ја отвори првата кутија и во неа беше часовникот што му го покажа Халит односно часовникот што го видел како мал, ја отвори другата кутија и во неа исти таков часовник. Само не знам дали датумите беа исти не можев да видам, на едниот часовник го видов датумот ама на другиот не можев. Се мислам дали Халит му ги испратил за некако да го разубеди дека не бил тој љубовникот