Тоа со бракот меѓу Шахика и Надир стварно е безврска, обично кажуваат делови како се случило заплетот, а со бракот како успеа Шахика да го намести не покажаа, или јас сум испуштила
Јас мислам дека ќе ја прекинат серијава... Онаа серија Ветување мислам дека ќе ја преместат вечер да ја пуштаат а и Ранети птици е при крај па за место неа сигурно нова ќе дадат, нема ваљда само две серии да даваат.
Мм најјс. Може не смеела да стави па затоа ја тргнала пошто уште се нема појавено о да не се дознае која е пред време
Да, а Халит пред имаше ставено слика со Јилдиз на стори значи уште оди на снимањата и Керим имаше ставено видео со Халитчан, а Каја нема ставано слики од сетовите. Ама се надевам дека нема да ја напушти серијата. Најголема е веројатноста улогата на Халит да заврши затоа што и претходно имало ситуација кога сакале да го тргнат од серијата поради вознемирување на колешки дури бил и на суд.
Мене не ми е верно тоа да ги вознемирува Халид, тие глумици се опасни и изградени личности сигурно не зависат од него за да ги смара. Не би си дозволил ни он.
Еден куп вести излегоа, ама нема логика да ја напуштат серијата сите се на постерот, што мислам значи дека имаат поглавна улога, ај Халит да умре има логика, за Керим пак има некоја логика, ама Каја нема логика туку така да излезе од серијата, ако излезат сите серијата ќе нема смисла *Човек не знае во што да верува..
А зошто би заминал, нема логична причина или можеби кога Ендер и Халит ќе се венчаат Каја ќе се изнервира и ќе замине, ама се надевам само на неколку епизоди
Еда (Јилдиз) на стори пишала не пропуштајте ниту една епизода од Забрането Јаболко за да не доживеете срцев удар во 85 епизода