Сега ја изгледав новата епизода. Прво, морам да ги пофалам шминкериве, фризерите, стилистиве што им се во серијата. Прекрасно изгледаат сите средено сезонава посебно, а ептен ми се допадна шминката на Ендер, Асуман и Шахика. Како им ги прават лицата толку чисти, без брчки, прекрасно, поготово Асуман и Ендер, браво. Шахика епизодава супер беше нашминкана. И на Зехра косава вака долга колку убаво и стои, ептен е разубавена сезонава. Е, сега околу содржината. На крај сфатив јас дека ќе се одмазди Халид за тоа што слушна дека Јилдиз била вљубена во Керим. А, фориве на Шахика се провидни, се чудам уште како Каја глуми толку глупав и како не сфатија вечерва и Јилдиз и сите дека се ова е наместено и фејк. Жал ми е и за Ендер, во улогава у серијава ич не и стои да е ваква скршена, има фаца за цврст лик. У таа на Сител е ваква уплакана ама таму и стои улогата.
Спојлер Jа намести Јилдиз Ендер да мисли дека и свртела грб, уствари нема врска, се беше наместено од страна на Шахика. Шахика слушна во кој ресторан ќе одат на вечера Халид и Јилдиз и во истиот резервираше да отидат со Каја и таа девојка и потоа они веќе седеа и дојдоа Халид и Јилдиз и Каја ги викна да седнат со нив. Мерт му кажа на Џанер дека сите 5 ќе одат на вечера (договорено со Шахика), Џанер и кажа на Ендер, Ендер дојде напраи хаос, и преврте на Јилдиз тањир со макарони врз фустанот и си отиде.. Ендер мисли дека Јилдиз и свртела грб, дека си се дружи со Шахика а уствари нема врска.. И пред тоа Шахика и се јави на Јилдиз нешто збореа по телефон и Шахика ја снимаше, и после влезе кај Ендер у канцеларија и тој Халук што и помага го потпиша како Јилдиз и овој и заѕвони и Ендер прочита дека и ѕвони Јилдиз и Шахика се јави и намерно ја пушти на спикер и тогаш Халук ја пушти гласовната кај што Јилдиз и вика фала за нешто за Ендер да го слушне тоа и после Шахика го исклучи спикерот и демек продолжија да зборат најнормално.. И Ендер нормално и е лута сега и ќе се одмаздува и она ќе се одмаздува и Халид.. Хаос