ај да не бидам режисер на научна фантастика ама .... Што знам. Во една епизода наназад мајка и на јилдиз кажа дека правела се што можела за подобра егзистенција ама не успеала. Гледам ист начин на мислење со јилдиз има. Затоа помислив дека претходно имала нешто со Халид
И мене ми е омилена серија. Јас ги гледам епизодите прво на јутјуб на турски па потоа на телевизија пошто не можам да издржам да ги даваат овде. Иако не разбирам турски, интересна ми е.
Да не знаете во што е проблемот, значи до вчера се беше океј, серијава уште од почеток ја гледам овде, ги има сите епизоди, па еве сега не можам ниту една епизода да отворам еве ова ми го вели. До вчера се беше океј, синоќа ја гледав пак и се беше во ред, сега не знам што стана буквално ниту една епизода не ми се пушта
И кај мене исто. Изгледа така направиле, бидејќи се емитува кај нас, па да не ја гледаме однапред онлајн.
Алихан ми е најубавиот турски глумец го сеа дефинитивно. Очитееее е овој е да го грабаш и да бегаш. Инаку серијава ич не ми се допаѓа, срање у боја и без содржина ми е, чат пат ја загледувам само ради лепотанов.
Леле овој Халит не верував дека ќе биде повторно со Ендер. Ја изневери Јилдиз. Искрено не го очекував тоа. Па и после само и збореше на Ендер дека тоа што го направиле било голема грешка бла бла, тој ја сакал Јилдиз. Па и онаа Зехра пијаницата, како ги посрамоти Зејнеп и Алихан на забавата цццц. Кога Џем сакаше кажа дека се заедно со Зејнеп таа право истрча и кажа. Многу ме нервира девојкава.
Onoj Alihan e preubav A nekoj mi spomna deka Ender ke zavrsi so Alihan,Halid so druga zena A so Jildiz ke imal dete ...Lele haos e serijata ,interesna
Толкаво лицемерие во една серија од 30 минути немам видено во друга. ХалитЧЕ, ЕндерЧЕ, ЈилдизЧЕ...а си копаат ножови во грб. Во преден план сплеткитр,.љубовта нема вредност.Голем раскош и кичерај, монденски живот и лаги. Во секој случај, интересно кога немаш друга работа.