Баш пред некој ден гледав на еден српски канал се погоди епизодата кај што беше сцената венчавката на Зехра, далеку постапилна и поцврст карактер, подруго држење на телото, сега ептен мутава
Да, Зехра не беше дотолку глупа на почетокот, често си префрлуваа со Јилдиз во куќата. Тогаш беше далеку подобра, а сега се понаша како некоја будала. Ама добро глуми.
Во фирмата Шахика и Ендер се облекуваат и одат на работа како за на свадба. На што личи тоа? Толку глупави и нелогични работи има во серијава.
Не оди никој по пижами, туку мислев сако, панталони, поделовно облекување, нешто како што Тулин се облекуваше. Се знае дискретна шминка, пристојна коса итн. Ова како за во диско на деловни состаноци.
Точно дека постојат многу нелогични работи во серијата ама облекувањето според мене не е дел од нив. Можеби со некои прекратки фустани на Шахика е претерано како за работа, ама остатокот е океј. Ендер многу често е во сако и панталони. А облекувањето на Тулин беше 50+, што одговара на нејзината возраста.
Стилот на Тулин беше демоде. Мене ми се преубави у серијава, значи 100 пати кажав и шминка и фризура перфекција. Ептен е посветено внимание на се.
Кога веќе ја спомна Тулин, она ептен би си одговарала со Халид, плус би имал мир со неа и пари на картичките, ама штета он не сака такви жени
Облекувањето според мене е сосема океј. Ама сега ми текна за Зејнеп кога доаѓаа Диндар со неговите да ја запросат, она тогаш беше облекла многу краток фустан... Е тоа не беше во ред.
Точно, она скоро секогаш носеше прекратки работи, плус кога ја отвораше влезната врата со кремавње на ногата. И Шахика некогаш кратко ја облекуваат или па нагоре само на прслук ама сепак она и Ендер се секогаш врв во стил.
Со Зејнеп знаеа некогаш да претераат како што пишав погоре ама повеќето пати неа ја облекуваа онака поскромно.. За по дома носеше хеланки и блуза.. Инаку, за Ендер, Шахика и Јилдиз немам зборови.
Како да не е веќе истата серија. Јилдиз стана добра и на сите им помага, со Ендер се здружија Ендер веќе не е главен негативец и глуми светица спроти Шахика, Зехра се мрдна....Нека не одолговлекуваат повеќе, никогаш нема да бидат интересни како порано.
Стајлингот на Ендер на забавата врв врв врв каде да најдам слики од комбинацијата? Инаку, ја претераа со Зехра што ја прават забегана, не ми е ни интересно веќе. Старецов има многу голема самодоверба штом мисли дека може Јилдиз да се заљуби во него после се што и направи.
Уште да ги облечеа така, такви убавици во сако и пантолони немаше да ја гледам серијата сигурноо Вака се изнагледав убавина и фустани
Дај тука да си се смееме и да разменуваме мислења, секој ден читам како не била логична серијата и како не била интересна веќе. Ако не ви е интересна, незнам зошто упорно ја гледате Ова е мое мислење,кој се сложува ок кој не се сложува нека си пишува како сака
Ова со акциите многу безвезе испадна. Ендер треба да каже дека Шахика сакаше да ја убие и и ги дала за да ја замолчи. Ама тоа нема да се деси сигурно пошо турска серија..