Сега Алихан може да се самозапали кога ќе дознае што направи. Друго, не ми е јасно каде ќе оди Ендер откако ќе ја избрка? Таа жена нема куќа веќе. Ендер и Јилдис се натпреваруваат во злоба. Ја оправдувам Ирем, дрска, но искрена и чиста, а Хакан ептен испадна конте. Го излажала, голема работа, а тие со Алихан што се прават зад грб, па си молчат Инаку, Диндар и не е толку лош физички, само што глуми лик кој е насилен.
Ќе се снајде таа, пак ке си најде нова жртва. Може ќе му се тупне пак на Халит. А и Џанер веќе како да се опамети и не го оправдува нејзиното однесување и не ја толерира веќе. Епа доста беше, само го искористува детето и го вплеткува во нејзините гнaсотии.
Нема да сака да се разведе од Алихан, може да го уценува и да бара пари, ништо чудно. Како и да е, дури сега Алихан ќе види со кого си има работа. Убаво и кажа Ирем на Зејнеп „не дозволувај да те расипат тие манијаци“. Таа првиот пат му раскина на Хакан оти мислеше дека не е дел од тој свет, дека нема да се вклопи, откако виде што и направи Алихан на Зејнеп, и Хакан многу брзо и лесно ја откачи.
Ептен греота за Ирем. Хакан не за џабе му е другар на Алихан, ист како него испадна. Си поигра со девојката и даде лажна надеж и ајт секој по својот пат. Ах, мажи бе.
Секако душо, затоа Зејнеп кога кажува АМАААН ОД КАДЕ СЕ ВАКВИ МИ СЕ ПОЈАВУВААТ...СВЕ ИДИОТИ Слично како мене, све забеготини у последно време...Ама јас не сум Зејнеп
Мене па ме нервира Алихан затоа што се подбива со Зејнеп, едноставно како да сака да ја има на тацна. Синоќа, кога ја најде сама во ресторанчето, се исмева дека никој не ја чека. Едноставно не ја остава на мира, а самиот се гледа ли што направи?
Леле, а пак сеа колку е досаден и љубоморен, и се залепи мир нема од него. Само и искача од негде. Болно љубоморен и опсесивен тип. Ама донекаде и таа е крива што му дозволува да си игра со неа. Арно кажа ти у real life ова е невозможно.
Не е можно, ќе ти здосади и ќе пресечеш. Инаку, Алихан за Диндар вели дека е глупак, а што е тој, лудак, психопат, љубоморен. Ахх едвај чекам да го видам како ќе плаче. Ќе уживам.
И ја тоа чекам. Сеа се праи дечкото јак фраер ама кога тогаш ќе биде скршен и он па ваљда ќе ја разбере ситуацијата во која се наоѓа Зејно. Дибек.
Да ме отепаш не знам зошто, не те знам но така те имам замислено физички и карактерно. Ако де, види шубав лажен дечко има ************************************************************************** Мене сега ми е жал за Зехра кога разбрав дека е без мајка цело време. Ја нашле сама и си играат со неа. Ендер какво ѓубре е, не и е срам да и мисли и зборува лошо зад грб? Ај Јилдиз е млада ама оваа Ендер мн незрела. Токму жени како неа се лош пример за млади девојки како Јилдиз.
Ајде ќе речеш мајка и не е тука.. ама татко и е тука со него израсна и со него живееше до пред 2 дена и никогаш не и посветивал внимание и не ретко лошо се однесуваше со неа...
Хаха е како така моеш без да ја знаеш да заклучиш дека е иста ко Зејнеп. Ја имаш замислено. Ваљда од тука според пишаново ти подзаличува малце карактерно, a според аватарот и физички. Ама сите сме на страната на Зејнеп, никако не го оправдуваме однесувањето на Алихан. Он е идиот, тоа е факт. Спојлер И коа ќе се појави тој манијакот татко и на Јилдиз? Нели ќе сакал да ја убие Зејнеп... Алихан ваљда ке се заангажиражира и ќе пробува да ја заштити од тој психото.
Не заклучив дека е иста, пишав ме асоцира. Можда дека во серијата единствена разумна меѓу провокаторки. И цреша не е дел од кавгите на форумот.
Е сега дури Алихан ќе сфати колку ја оплеска работава. Ама ако му е, без врска и раскина на Зејнеп. И јас едвај чекам да видам како плаче. Ѓубре. Сеуште мислам дека Халит е љубовникот, ама ај не бил тој. Јилдиз е глупава што се плетка со Ендер и што крои планови со неа, кога веќе знае Ендер каква е. Ајде на Ендер и требаат акциите од Кемал, ама па и Јилдиз што сака од него, убаво и рече Кемал, кога и рекол да избегаат таа не прифатила, а потоа прави се за да ги раздели со Зехра. Глупачка. Кога ќе ги извадат Алихан и Зејнеп, не знам во кој правец ќе отиде серијава. Ама сигурно ќе биде интересно. Ама и Хакан ја претера, ништо не го менувало фактот дека Ирем го излажала. Ццц.