Сепак има нешто добро во Диндар. Барем ми се виде искрено тоа што рече дека ќе се потруди да ја направи најсреќна, иако го запознала како насилен. Тој сепак не е толку опасен, освен што хистеризира. Кога би била со него, можеби би поминала и поубаво отколку со Алихан. Алихан сто пати ја разочара, убаво му кажа „правиш да се чувствувам безвредно, ќе ме оставиш при првата криза“. Што мислеше тој, дека така ќе се откачи од Ендер? Па уште и старателство бараа заедно? Таков човек во реален живот, да го запалиш со бензин, да не ти е криво. И навистина е себичен и како пријател. Хакан му е десна рака, а тој него со ништо скоро и да не му враќа. Не го сфаќам и Хакан, зошто се лути што Ирем ќе оди по свирки. Таа нема право на свој живот и кариера?
Хакан ептен глуперда, ќе ја остави Ирем затоа што си имала сон Вакви работи за жал се дешаваат и во реалните животи, кога дечко или девојка ќе ти постават ваков услов.... И како Алихан за жал постојат, ама ете овде Зејно на крај сепак ќе му прости..
Дали некој ја гледа серијата Огледало исто на канал 5? Малку се умешувам со друга тема ама не можам да го најдам на нет па можеби некој знае .
не се откажувам. Интересна серија,ја даваа на канал 5 мислам ама втората сезона која има многу малку епизоди не ја продолжија. Ја на гугл ја гледав со наслов не одустајем или никад не одустајем
Тој уште од почетокот бил богаташ, само се преправал дека е обичен човек, на почетокот ја најде Ендер и таа сакаше Јилдиз и Кемал да ги фатат во хотелска соба за Халит да се разведе од Јилдиз и Ендер да се врати кај него. Ама не испадна така, во меѓувреме се зближија Кемал и Зехра, на почетокот Зехра не го сакаше бидејќи нели тој и беше возач ама откако се дозна дека Кемал всушност бил богаташ голем, тогаш Кемал секако дека не работеше повеќе таму и почнаа така да се гледаат преку ден и така се зближија.
Мене не ми се јасни многу работи во оваа серија. Како на пример зошто Џанер живее во стара зграда со цимер кога сестра му долго време беше богата? И што се случи со лажната бременост на Јилдиз? Имаше лажно пометнување или забремени ств па го изгуби? Извинете ако сум досадна со прашањата ама порано не гледав редовно Мн брзо се одвиваат настаните
Па не знам ни јас како Џанер почна да живее со Емир, мислам дека беше така што на Емир мислам дека му требаше стан па Џанер му стана цимер. Искрено ни јас не се сеќавам на ова како се случи. Јидлиз првиот пат лажеше дека е бремена, после тоа се докажа дека е навистина бремена иако и таа не знаеше, па после тоа го изгуби бебето, кога отиде со мајка и да го видат им рекоа дека не му чукало срцето.
Од како Ендер се омажи за Алихан, замина да живее кај него. А куќата во која живееја си Џанер, Халит и ја имаше изнајмено за нејзе. Џанер остана сам, па во меѓувреме и Емир остана на улица ( незнам што се случи) и така станаа цимери.
Мене ми падна жал за Диндар, дека на крај Зејнеп ќе го остави. Значи навистина човекот се израдува кога Зејнеп му рече да се венчаат. Мислам дека не заслужи така Зејнеп да го остави на сред венчавка, и онака човекот ништо лошо немаше направено во серијава и на никој му немаше згрешено. Тоа што ќе и го направи отпосле мислам дека ќе биде сосема нормално сепак и Зејнеп не е цвеќе за мирисање.
“Кај има Зејнеп капацитет да оди со двајца“ Претера Зејнеп со одлуката, можеа да се помуваат барем малце како вистински дечко и девојка пред да се решат на брак. Ама па можи во Турција вака е понормално. Таа сестра и ја слуша, носи животна одлука врз база на сестра и Јилдиз што и кажала Емир е многу глупав. Што бара Лила со него? Ендер сепак нема чувства, го пушти малолетниот син туку така да замине, друга мајка ќе пиштеше.
Зејнеп ме разочара. Ја критикуваше сестра и, а и таа се омажи од погрешни причини. Не е фер кон Диндар кој постојано се труди околу неа.
Таа си прави по ќејф, денес му вели на Диндар да се венчаат, а за неколку дена му се враќа на Алихан.
I mene me razgovara Zejno,stanuva kako sestra i Jildiz. A sto pravi onaj glupaviot Kemal?sto Saka?a Jildiz koza si igra i so nego .zagreotka Zehra!
Ни тој не знае што сака. И рече дека сака да биде среќен епа сега што сака, само ја испрашува со кого се допишувала и и вели да престане да се гледа со типот. Разбирам и типот се зближи со неа дека Џанер му рече, ама Кемал што и се меша не знам.