1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Забрането јаболко (Канал 5)

Дискусија во 'Серии и емисии' започната од Dream-Girl, 31 март 2020.

  1. Sweetlove_0312

    Sweetlove_0312 Популарен член

    Се зачлени на:
    17 октомври 2017
    Пораки:
    1.579
    Допаѓања:
    12.854
    Пол:
    Женски
    Сплетките во серијата на некој начин ја прави уште поинтересна и повозбудлива иако се многу досадни понекогаш, ама мене искрено интересно ми е да ги гледам начините на кои се одмаздуваат. Многу возбудлива серија. И за Кемал многу ми е жал што трча по Јилдиз а никакво внимание не добива таа го смета за стар пријател. А сто пати поубав е и поубава прилика и живеење отколку со тој Халид што не го сака искрено. И мене односот меѓу Халид и Јилдиз премногу ми е како родител да кара дете, многу како детска љубов и глупави делови ми се.
    Што ќе биде иначе со Кемал, ќе успее ли да ја добие назад Јилдиз како што се сеќавам така сакаше тој или не?
     
    На cresa-jagoda му/ѝ се допаѓа ова.
  2. Sweetlove_0312

    Sweetlove_0312 Популарен член

    Се зачлени на:
    17 октомври 2017
    Пораки:
    1.579
    Допаѓања:
    12.854
    Пол:
    Женски
    И многу е глупаво и чудно што зад грб си работаат еден за друг. Зехра и Ендер не се сложуваа и ете ги сега работаат заедно. Си веруваат меѓу себе на лагите и тоа е тоа.
     
    На Mrs.Precious и cresa-jagoda им се допаѓа ова.
  3. cresa-jagoda

    cresa-jagoda Форумски идол

    Се зачлени на:
    9 јуни 2012
    Пораки:
    8.263
    Допаѓања:
    34.535
    Пол:
    Женски
    Јака и душа на Зејнеп со оној Емир другар и и оној Џанер, абе уста не затвараат, јас би полудела со нив. Еден не би можела да го издржам, со двајца готова би била, право за во лудница. Ќе барам во друга зграда да ме преместат, што подалеку од нив да бидам. :devil:
     
    На Mrs.Precious му/ѝ се допаѓа ова.
  4. Mrs.Precious

    Mrs.Precious Популарен член

    Се зачлени на:
    3 јуни 2019
    Пораки:
    3.192
    Допаѓања:
    19.877
    Пол:
    Женски
    И Јилдиз и Ендер сега не се поднесуваат, па понатаму во серијата ќе се здружат.
     
    На H.VAGA, Sweetlove_0312 и cresa-jagoda им се допаѓа ова.
  5. Tanjamm

    Tanjamm Форумски идол

    Се зачлени на:
    6 октомври 2011
    Пораки:
    8.088
    Допаѓања:
    11.251
    Јас навивам за Зејнеп и Алихан. Типот навистина претера, и симнуваше ѕвезди, па ја избрка од дома со изговор дека не сака да ја види.

    Му се даде втора шанса, не се појави на состанок.

    Сега ова со Хира, аауау, создаде голема недоверба кај Зејнеп.

    Инаку, за Јилдиз не ми е жал, сама си го бараше.

    Влегува од лага во лага и нема шанси да се спаси, само ќе тоне.
     
    На princess5, ohlalalala, Mrs.Precious и 2 други им се допаѓа ова.
  6. referentka

    referentka Moderator Член на тимот

    Се зачлени на:
    13 ноември 2012
    Пораки:
    14.699
    Допаѓања:
    322.333
    Јилдиз глупава ауууу, страшно дури]:)
    Тоа ти е оној пример со опинокот ко ќе стане чевел:D
     
    На ohlalalala, Mrs.Precious, Tanjamm и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  7. Tanjamm

    Tanjamm Форумски идол

    Се зачлени на:
    6 октомври 2011
    Пораки:
    8.088
    Допаѓања:
    11.251
    На јутјуб има најави за сите епизоди, на српски е преводот, забрањена јабука, и сфатив се само едно не, како тоа Ендер покажува венчаница од неа и Алихан на Зејнеп? Ќе се венчаат?

    Зејнеп е дете на љубовникот кој таткото на Јилдис го убил, и откако ќе излезе од затвор, ќе ја бара и Зејнеп да ја убие, Алихан ќе се истепа со него во кафана.

    Зејнеп се мажи за еден човек.

    Алихан ќе има авионска несреќа, најверојатно Хира му се одмаздува и има вплеткано прсти.

    Сестра му акциите од татко си ги остава на Халит, не на Алихан, и со тоа партерството меѓу нив ќе се поремети.

    Кемал ќе се ожени со Зехра.

    Некаде 46 епизода се земаат Алихан и Зејнеп. и решаваат да одат некаде каде никој не ги познава.
     
    На Mrs.Precious и cresa-jagoda им се допаѓа ова.
  8. Mrs.Precious

    Mrs.Precious Популарен член

    Се зачлени на:
    3 јуни 2019
    Пораки:
    3.192
    Допаѓања:
    19.877
    Пол:
    Женски
    Таа Хира не знам што сака да му направи на Алихан, и мислам дека сево ова што го прави е нејзина игра, за да го придобие.
    Ќе имаат авионска несреќа што мислам дека Хира ќе ја намести намерно, Алихан ќе биде онесвестен во авионот, но ќе се спасат, а таа Хира ќе ја приведат.

    Исто така понатаму во серијата, Зејнеп ќе се мажи за друг и на денот на нивната венчавка Алихан ќе си оди, а Зејнеп ќе отиде во венчаница на аеродром и ќе се смират. После тоа мислам дека ќе ги снема од серијата.
     
    На lola55, Tanjamm и cresa-jagoda им се допаѓа ова.
  9. lola55

    lola55 Истакнат член

    Се зачлени на:
    27 декември 2018
    Пораки:
    129
    Допаѓања:
    162
    Пол:
    Женски
    Да на аеродромот ќе се смират, потоа ќе направат свадба и ќе заминат во Америка(fingers)(ќе имаат среќен крај,подоцна не ги даваат)Глумците ја напуштаат серијата според сценариото, но изненадувачки рејтингот им е подобар од било кога без нив.. Глумецот што го глуми Алихан глуми во нова и доста успешна серија во турција,така да не верувам дека наскоро ќе се појават повторно, единствено Зејнеп моментално не глуми нигде..
    А Кемал ќе ја напушти серијата, ќе се омажи за Зехра, на денот на венчавката Јилдиз ќе дојде кај него со куфер, но предоцна.. Тој после ќе трча уште по неа ама она ќе го намести демек ја изневерувал Зехра..(n) И после тоа не се појавува неговиот лик..
     
    На Tanjamm, Mrs.Precious и cresa-jagoda им се допаѓа ова.
  10. Mrs.Precious

    Mrs.Precious Популарен член

    Се зачлени на:
    3 јуни 2019
    Пораки:
    3.192
    Допаѓања:
    19.877
    Пол:
    Женски
    А дали ги има и епизодите или има само најави за нив?
     
  11. Tanjamm

    Tanjamm Форумски идол

    Се зачлени на:
    6 октомври 2011
    Пораки:
    8.088
    Допаѓања:
    11.251
    Само најави.
    Но, јас видов дека Ендер и покажа на Зејнеп венчаница од неа и Алихан.

    Алихан сигурно ќе направи некој проблем пак, имаше сцена каде таа го турка силно и му вели „Зошто го направи тоа, ти верував“.
     
    На cresa-jagoda и Mrs.Precious им се допаѓа ова.
  12. Tanjamm

    Tanjamm Форумски идол

    Се зачлени на:
    6 октомври 2011
    Пораки:
    8.088
    Допаѓања:
    11.251
    И јас така мислам. Филмот открива дека богатите не се некое „ниво“, туку смао глумат.

    Ги имаат истите маани како сиромашните.

    Мајката на Зејнеп имала љубовник, но и мајката на Алихан исто.

    Халит се грижи за својот углед демек, строг е со децата, а самиот тој е проблематичен.
     
    На ohlalalala, referentka и cresa-jagoda им се допаѓа ова.
  13. referentka

    referentka Moderator Член на тимот

    Се зачлени на:
    13 ноември 2012
    Пораки:
    14.699
    Допаѓања:
    322.333
    Трауми има, затоа не е стабилен во врските и се плаши за Зејнеп.

    А тој Халид дури глуп ми стана.
    Нели Ендер ја прибра, за мене е НУЛА.

    Ко ќе му ја видам таа модрата муцка и брадата стара три дена, почна да ми се гади од него.
     
    На ohlalalala, Tanjamm и cresa-jagoda им се допаѓа ова.
  14. Tanjamm

    Tanjamm Форумски идол

    Се зачлени на:
    6 октомври 2011
    Пораки:
    8.088
    Допаѓања:
    11.251
    Да, и јас мислев дека Халит е човек со карактер, ама не испадна така. За неколку месеци два пати в кревет со Ендер.

    Toj си игра со жените. На Јулидис синоќа и рече дека пропаднала во очите, да се одржува, оти ќе биде како Зерин. Намерно ја навреди. Тој глуми господин, а не е.
     
    На ohlalalala и referentka им се допаѓа ова.
  15. cresa-jagoda

    cresa-jagoda Форумски идол

    Се зачлени на:
    9 јуни 2012
    Пораки:
    8.263
    Допаѓања:
    34.535
    Пол:
    Женски
    Човек кој толку пати се преженува и кој додека е во брак ги изневерува жените не може да биде човек со карактер. Не знам зошто ја оставил првата, ама втората ја оставил поради Ендер, се сплеткал со нејзе на работа и ја оставил втората. Додека бил со Ендер се плеткал и со таа Дефне. Плус Ендер познавајќи го каков женкар е, сакаше да го измами носејќи му ја Јилдиз. Ама Јилдиз не играше по планот на Ендер, зацрта и му се пикна на Халит и му стана жена.
    Сега Јилдиз не му чини, па и нејзе почна да ја изневерува, се сплетка со бившата Ендер, понатаму и со некоја друга ќе се сплетка.
    Не одобрувам неверство, ама арно му направи и Ендер што го изневеруваше со Синан, а сега арно му прави и Јилдиз со Кемал.
    И како сите други со своите постапки го оцрнуваат него, тој самиот не се оцрнува со изневерувањето и преженувањето?
    Абрее за Халит треба само итра жена како Ендер која ќе знае како за сè да му врати и наплати, па да не знае што го снашло.
     
    На ohlalalala, ocicka2014 и Tanjamm им се допаѓа ова.
  16. Dream-Girl

    Dream-Girl ☀️

    Се зачлени на:
    24 јуни 2013
    Пораки:
    20.123
    Допаѓања:
    195.289
    Пол:
    Женски
    Мене баш ми е јака серијава.
    Конечно нешо модерно и светско од Турците.
    Баш дека има сплетки и интересна ми е, секоја епизода нешто ново.
    Само цела серија сте ја раскажале, требаше во спојлер. :)
     
    На ocicka2014 му/ѝ се допаѓа ова.
  17. cresa-jagoda

    cresa-jagoda Форумски идол

    Се зачлени на:
    9 јуни 2012
    Пораки:
    8.263
    Допаѓања:
    34.535
    Пол:
    Женски
    Пак ќе ти биде интересна верувај :D
     
    На Tanjamm и Dream-Girl им се допаѓа ова.
  18. Dream-Girl

    Dream-Girl ☀️

    Се зачлени на:
    24 јуни 2013
    Пораки:
    20.123
    Допаѓања:
    195.289
    Пол:
    Женски
    Знам имав гледано на јт јас, само слабо се пуштам на форумов и не сум пишала шо ќе се дешава, случајно приметив дека сте откриле голем дел од работите, па викам да пишам.
    :D
     
    На cresa-jagoda му/ѝ се допаѓа ова.
  19. cresa-jagoda

    cresa-jagoda Форумски идол

    Се зачлени на:
    9 јуни 2012
    Пораки:
    8.263
    Допаѓања:
    34.535
    Пол:
    Женски
    Пиши во спојлер, ако има нешто плус, што не пишале другите членки :D
     
    На Dream-Girl му/ѝ се допаѓа ова.
  20. Mrs.Precious

    Mrs.Precious Популарен член

    Се зачлени на:
    3 јуни 2019
    Пораки:
    3.192
    Допаѓања:
    19.877
    Пол:
    Женски
    Јас од овој Халит не очекував дека ќе биде повторно со таа Ендер. Му здосади од Јилдиз, па сега повторно се пика кај Ендер. И плус тоа, тој гледа само за неговиот углед, за неговите пари и моќ, па за грешките што ги правеше Јилдиз постојано и се развикуваше нејзе а самиот тој ја прави најголемата грешка со што е повторно со Ендер. Во текот на серијава и со Јилдиз ќе се разведе па ќе најде некоја друга, синоќа sирнав нешто од тие најавите со српски превод.
    Инаку и Јилдиз не ја оправдувам, на почетокот беше многу среќна дека ќе го придобие и ќе стане богата, а сега откако му здосади на Халит, само вели дека треба да си ги собере парталите и да си оди. Па што се омажила за него, бог да чува. Кога и се во прашање парите веднаш прифатат што и да било. Инаку интересна е серијата, некако не можев да поверувам дека Јилдиз и Ендер ќе се здружат кога Халит ќе си најде нова жена.

    @Tanjamm како така Зејнеп е дете на љубовникот кој таткото на Јилдиз го убил? И нели мајката на Зејнеп и мајка му на Алихан имале велиш љубовници, да не имаат некоја поврзаност?
     
    На Tanjamm и cresa-jagoda им се допаѓа ова.