Па и тој сфати дека навистина е виновен, дека претера, а и таа беше многу тажна, баш преку прозорецот гледаше авион кој полетува, и оопп тој пред неа се појави за да се поздрави. Кога сфатија дека Зејнеп избегала, Хакан, Џанер и Емир беа среќни, само се насмејаа. Јака беше сцената на аеродромот, кога таа плаче, а тој пред неа со сини патики без врвки, не знам што моден детал беше тоа. Прво вчудоневидени, па потоа една гушкање и аплауз на аеродромот.
Да, многу убава сцена смислиле. И венчавката ќе биде убава, сите однапред ќе испланираат само Зејнеп нема да знае ништо, потоа Јилдиз ќе ја однесе таму, ќе облече венчаница и ќе се венчаат. Искрено многу убав пар се Алихан и Зејнеп.
Мајка му на Диндар малку беше досадна, но севкупо ми делуваа дека се чесни. Жената се шокираше од фактот дека Халит се женел 4 пати. Инаку, не сфатив, освен акциите, Ендер му ја зема и куќата на Алихан? Затоа што му рече „Ти благодарам за куќата“, а тој врати „не е проблем, требаше да кажеш, ќе се договоревме“. Ги соголи Ендер, ама ако им е кога се глупави. Зејнеп ќе се покае кога ќе дознае дека Алихан се развел.
Да и куќата му ја зема, а тој денес ќе се шокира кога ќе дознае дека Ендер и акции земала од сестра му.
Замисли која катастрофа е тоа? Изгуби куќа за ич ништо. Гледав понатаму сцена каде седат Зејнеп и Алихан во друга куќа, веројатно во таа каде што имаше кучиња, далеку од градот. Која глупост ја направи тој Алихан, мислам дека и Халит премногу толерантен беше кон него, требаше да му сврти грб, и со тоа да му даде една воспитна. Арно си кажа Ендер, дека таа живее од глупаците.
Ендер не се откажува од нешто ако нема корист од тоа. Алихан глупак, во што се вплетка ни тој не знае.
Инаку, серијава кај мене поттикна желба да ја посетам Турција, иако верувам дека на терен би се разочарала, оти не мислам дека жените се модерни, разголени како во сериите, туку повеќето покриени. Друго, читав дека во Капали чаршија не е безбедно баш за жени, дека има џепароши и дека Турците префрлале на жени. За патување сама ич па не верувам дека е безбедна земја, посебно за женско.
Случајно на тв ја загледав од скоро серијата, баш ради преубавите глумци, и како убаво се облечени. Ендер ми е врв, ја обожавам
До еден термин точен дали се придржуваат канал 5 Ја чекам репризата зш во петокот не гледав, ако ја пуштат....
Џанер како знае да ги одвали бисерите, испадна прав агент на Ендер јајајха И ја упропасти вечерта на Зејнеп Ако, ако, самата го викна Зејнеп глупачка да ти била, не очекував да не знае да се облече за семејна прослава. Зехра гола беше? Не. По оваа стројници идат си мисли во диско е. Таа обично замотана е и забулена, што и текна сега
Никогаш не ми се допаднало Јидлиз како се облекува. Во оваа епизода носеше долг црн фустан со чипка, воопшто не ми се допадна. Од претходните епизоди, носеше жолта ролка до подколена, жолта суќна, gucci каиш и високи чизми. Полоша комбинација немам видено. Ендер најубаво се облекува, а и Зејнеп не е лоша.
Зехра: Ај, што бараат овие двајца тука? Џанер: Дојдовме тебе да те видиме, Зехрош Си се најде со мајка му на Диндар за муабет. Не ми е јасно дали намерно она го правеше или устата не можеше да ја затвори? Зејнеп не знае луѓено кои се, на Халит и на неговите им ги тупнува дома пред таа да ги запознае Мозок немала.