Малку им беа нови ликови, уште ќе вметнуваат... Којзнае што улога ќе има овој, или ќе биде некој на Џансу или ќе биде дел од планот на Хасан Али и Ендер
101 epizoda ke bide mnogu interesna.. Borecki vestini na Sahika Novata najava: https://www.instagram.com/p/CMAq0reDUCV/?igshid=1rkyeystohmbs
Колку ми стана очајна серијата, трагично.Место да ја завршеа со смртта на Халид забегаа скрос. Не сум ја гледала уште кога Јилдиз трчаше по Чагатај. Сега освен фаци и гримаси што прават Шахика и Ендер друго незнам што е во сценариото.
Tи Керим, јас Каја.....Сега најнови вести големи се шансите Шевал да си оди, ќе ја нема во 5та сезона...значи ликот што ќе умре во 105 епизода е Ендер... Ако е ова вистина (а големи се шансите затоа што Шевал снима нов албум и ќе мора да се посвети на него) ќе престанам да ја гледам серијава...
Спојлер: 101 епизода Ендер му предложи на Хасан Али да соработуваат и да му помогне да се разведе од Шахика,ама Хасан Али не прифати и кажа дека не е до толку за од неа помош да бара. Ендер му кажа дека Махмут е човек на Шахика. Хасан Али му кажа на Седаи да го потпрашува Махмут одоколу и Махмут малку се издаде со однесувањето. Емир отиде кај Јилдиз д аи каже за Чагатај и Џансу ама не можеше да каже. Чагатај почна да работи во фирмата кај Хасан Али, Јилдиз дојде да го посети и на излегување се сретна со Ендер, Ендер ги покани на вечера кај неа заедно со Фериде. Шахика му плетеше џемпер на Хасан Али(се преправаше дека плете, а помошничката го направи). Шахика кога дозна дека Јилдиз и Чагатај се на вечера кај Ендер се изнервира и му кажа на Хасан Али да одат и они. Хасан Али викаше дека нема да оди, се дереше и на крај како кутре си седна во колата и отидоа(неможе да и се каже не на Шахика). Кога дојдоа Фериде одма се изнервира. Хасан Али пиеше вода и во тој момент Шахика кажа дека сакаат да имаат бебе, Хасан Али целата вода ја исплука во лицето на Џанер . Сите се шокираа, Хасан Али цело време викаше нема такво нешто... Утредента Шахика отиде кај Јилдиз дома, да го видела "господин Халитџан" и да го почува, пракса да и било. Она незнае два збора да му каже на детето, после си правеа селфи со Халитџан. Махмут и Шахика збореа нешто во работната соба ама Хасам Али имаше ставено прислушкувач и се ги слушна,дозна дека Махмут е човек на Шахика. Џанер и Емир отидоа кај Чагатај и му кажаа дека знаат за Џансу. Чагатај им раскаже се како се случи, како се разбуди во хотел и Џансу му бешево кревет и на Џанер и Емир им стана сомнително и направија план, го убедија и Чагатај. Да се повтори истото, Чагатај да се кара со Јилдиз и после да оди да се напие(ама не вистински) да ја викне Џансу и да види што ќе направи. Чагатај искористи фактот дека Шахика била кај нив дома за да направи кавга. Се караа и си отиде од дома, ја викна Џансу и се преправаше пијан, она го однесд во хотелска соба го соблече, она се соблече и легна до него, тогаш Чагатај отвори очи и и кажа дека нема втор пат да го изеде истото. Се облече и таман да излезе Јилдиз тропна на вратат и почна да вика Чагатај отвори, знам дека си тука. Чагатај се шокираше, Џансу во кревет...планот не се одвиваше како што треба. (тука ја исекоа сцената) Хасаи Али претходно му кажа на Махмут да ја убие Шахика, овој се двоумеше ама прифати.(он му кажа на Седаи дека Махмут не може да биде убиец и затоа му ја дал задачата) Таа вечер никој немаше дома само Шахика, Хасан Али измисли лажен состанок. Махмут дојде се бореа со Шахика, Хасан Али се исплаши дека стварно ќе ја убие и почна да звони на Махмут, на Шахика ама џабе. И звонеше на Зехра ама она не бешњ при свест(беше како полудена по разделбата со Мертми Шахика за да ја смири и даде некои лекови како дрога, ништо не прави само се смее) после Хасан Али додека звонеше на Шахика телефонот се отвори, Махмут додека ја давеше Шахика го отвори со ногата, Хасан Али и Седаи слушнаа како ја дави. Кога стигнаа дома Хасан Али отиде во дневната и шок...не прикажаа што виде... Ама се знае дека Шахика го убила Махмут, Махмут ќе умре,така кажа таа новинарката. Исто така по смртта на Махмут ќе се појави новиот лик Омер, внук или син на близок пријател на Хасан Али.
Серијата веќе сајнс фикшн станува Една од подобрите турски, но со развлекувањето ја губат веќе поентата.
Објавата за 102 та епизода Јилдиз дознава за Џансу, на крај испаѓа дека Зехра го убила Махмут https://www.instagram.com/p/CMU771JqeFI/?utm_source=ig_web_copy_link