Значи баш претерале.. Ептен, ич не наликува на првите сезона. Мислам дека е голема утка ова.. Инаку го заглрдав крајот на епизодата, Џансу ја запали ќуката, а Шахика ги заклучи во соба да останеле сами Јилдиз и Чагатај ...
Овие не се нормални, ова стана најужасната серија до сега. А ви текнува ли на времето Алихан и Зејно кога беа и Халид.. зошто мораше да ја уништат.
Спојлер: Нова бомба од Забрането Јаболко Ендер е мажена. Ќе се омсжи со некој изненадувачки лик кој ќе му земе се на Хасан Али. Хасан Али ќе остане без пари а Ендер и тој мистериозен лик ќе бидат нсјбогати.
Јилдиз имала ангажман во друга серија нова па за да не ја тргнат скроз ја бутнаа у кома (да не падне рејтингот )
Ама нема врска тоа, Јилдиз ќе ја нема само половина епизода. Намерно премотаа после 5 години за да прикажат одма како се буди.
Една новост .. Вчерашната епизода имала најдобар рејтинг (иако по мене безвезе ја направиле со Јилдиз, сепак го кренала рајтингот, била најгледана епозода од 4 тата сезона). Инаку серијата за две до три епизоди ќе завршила(најверотно крај на март, почеток на април). За следната епизода, Јилдиз откако ќе се разбуди ќе доживеала шок кога ќе дознаела за Чагатај и Халидџан, но и ветила дека ќе се одмазди на сите, особено на Џансу и Чагатај (незнам дали е точно но и на Ендер,Џанер, Фериде, Зехра, на сите бидејќи ја изневериле. )
Јас имам некое предчувство дека Ендер и Јилдиз ќе се соединат против Џансу. Затоа што и Ендер не ја сака неа, а и Фериде воопшто не ја сака Џансу и тоа што Халит Џан неа ја вика мамо.
Спојлер: Уште една бомба Хасан Али и Шахика останале бе пари, имале сообраќајна несреќа. Шахика го изгубила помнењето и мисли дека е студентка на универзитет, работи во кафулиња. Јилдиз ќе оди кај Шахика и ќе и понуди да соработуваат и заедно да се одмаздат на сите. Шахика прифаќа. Шахика, Јилдиз и Емир од една страна Ендер, Џансу и Џанер од друга. Тој таткото на Омер кој бу бил пријател на Хасан Али дошол во фирмата како партнер. Кога ја видел Ендер се заљубил и по некое време се венчале. Викаат брак од љубов ама мене ми е без врска, кај се видело Ендер и љубов и тоа со тој старецот. Еве слика: Ми се одгледа серијата...глупости направија...
И јас се мислам да се откажам од серијата... Ептен ја уништија, серијата почна како една од најмодерните турски серии и требаше да заврши така. Еве некои информации за 103 што сега ги прочитав Спојлер: 103 ЕПИЗОДА ШОК И јас прочитав исто како @Ender Çelebi за 103 епизода дека Ендер се омажила со тој таткото на Омер. Еве уште некои информации. Јилдиз кога ќе дознае за Чатагај, ќе биде во многу лоша состојба. Ќе сака цело време да го види Халидџан, но тој нема да ја сака на почетокот бидејќи Џансу постојано ќе му кажува лошо за Јилдиз. Јилдиз ќе почнела со планови за одмазда. Таа кога дознала што се случило се осетила како сите да ја изневериле, бидејќи сите дозволиле Халидџан да остане со Џагатај и Џансу. Незнам колку де точни информациите но Ендер и Џансу ќе биле на иста страна(само уште неможам да сватам зошто Чагатај де согласил на брак со Џансу). Јилдиз сака на сите да им де одмазди, особено на Ендер,Џансу,Џанер, Фериде и Чагатај. Во 103 епизода Јилдиз ќе биде во многу лоша состојба, но на крај таа ќе стане уште поопасна од тоа што била, бидејќи таа ќе се одмазди сега само за Халидџан. Чатагај ќр биде многу лошо, особено што Јилдиз сега го гледа со омраза и му спремала многу лоша одмазда во која тој најлошо ќе поминел.
Јас одамна се откажав од серијата. Не може канал 5 да си праат мајтап со термините и друго отидоа овие со сценариото. Почнав да ја гледам Браќата но можно е и неа да ја ставам на мјут ако се занесат и овие со недоделкани сценарија. Аман веќе нереално е
Ептен одлетаа со серијава. Требаше да се придржат како на почетокот, тогаш беше најинтересно. Да не ги исфрлеа половина и повеќе од ликовите и да смислеа убав крај, да завршеше до сега. Сегашниве нови епизоди немаат смисла.
Јас воопшто не ја гледам само овде читам што се случува, и не ми се верува колку забегале. Многу е патетика да ја завршеа на време серијата ќе беше запамтена како нај јака турска ама сега им одмиле на сите.
Точно е дека серијата не е иста од тоа што беше на почетокот и сега. Но, според мене не е забегано сценариото, бидејќи сечиј живот се менува, во сечиј живот излегуваат сакани луѓе и влегуваат нови. Така да, мислам дека ќе смислат добар крај.
Да се поправам. Тоа што ви го напишав за Ендер дека ќе се омажи до тој старецот не било точно. Ендер се омажила со Седаи. Тој Седаи што му беше десна рака на Хасан Али сега му земал се и него го викаат Претседател... Не знам дали ја гледавте другата најава, како Ендер му се лигави.."многу се извинувам што доцнам..", па седнува до него на фотељата па некои фаци прави...офф ми се згади животот Еве видете за што зборам: https://www.instagram.com/p/CMkce7JqjmU/?igshid=ips33lljwrc5