Не кажаа кое време ќе ја има на тв од утре серијата. Денес нема да има. Инаку, јас малку конфузно напишав. Зехра не и кажува на Јилдиз дека е бремена, туку таа на масата пред сите и кажува на Јилдиз дека изгледа Јилдиз е бремена. Мерт си замина од серијата скроз. Да, за сценариото се сложувам, но исто многу добар им беше трикот со сонот на Јилдиз.
Најверојатно Забрането јаболко ќе го емитуваат од 21:15 до 22:00 часот. На фб страната на Канал 5 за Забрането јаболко не пишува. Ама од тоа што го објавиле за другите серии најверојатно тој термин ќе биде. Зашто од 17:00-18:00 ќе ја вратат Малата Каја. Од 19:40 ќе биде Ветување. Ама сигурно нема да трае како претходно до 22 часот, туку сигурно ќе ја скратат до 21 часот да биде Ветување. Од 22 часот ќе биде Ќерката на амбасадорот, а од 23 часот ќе биде Браќата. Едит: Само што почна Браќата сега. Значи Канал 5 не знаат што пишуваат веќе... Кој знае што ќе направат со сериите вечер...
Продукциската куќа на инста објавила дека ќе се враќа еден од старите ликови. Најмногу се пишува дека тоа ќе биде Керим, или Каја. Мислам дека ќе биде Керим Исто, да не заборавам изгледа дека режисеркатана првите 3 сезони од серијата, ќе им де придрижи на сценаристите. Бидејќи таа работи со друга серија која е многу популарна од јаболкото, ќе се приклучела само како сценарист. Незнам колку е точна информацијава, но директорот не бил задоволем од рејтонгот, сакал да ги смени сегашните сценаристи. Инаку, дали денес имаше на канал 5 епизода. Канал 5 испаднаа крајно неодговорни.
Јас мислам дека Каја ќе се врати Денес немаше... Јас не ни имав прочитано дека од понеделник до петок ќе ја емитуваат. Кој знае што наумиле Ја гледаше ли некој денес новата турска епизода? Пишете што се случуваше.
Да ќе се врати некој лик. Фанивите викаат Каја или Керим. Но има мал проблем, денес актерот Бариш (Каја) објави слика од некое снимање, имаше и слика со неговиот внук кој исто така е актер, на сликата тој внукот имаше ставено хаштаг #hekimoğlu е тоа е име на една серија со доктори и се пишува дека Бариш ќе оди таму а не во Yasak Elma. Потоа се префрлија на Керим, ама едно списание објави дека и Керим немало да дојде... Ќе чекаме и ќе видиме.
Немав време да ја гледам ама видов некои видеа. Ендер ќе си игра со Хасан Али и Шахика. Со Хасан Али ќе збори како да му помогнела да се спаси од Шахика, ама го снимаше и после отиде и и пушти на Шахика да слуша, за да ги испокара. Џансу крои пак планови, сега му фрли око на новиот внук на Хасан Али, Омер. Оваа Шахика го отру Хасан Али.
Алихан и Зејнеп не е можно да се вратат затоа што и двајцата снимаат нови серии Сепак највеќе се типува на Каја и Керим, ама не се знае.
Јас на средината малку ја загледав, ништо посебно не се случуваше. Зехра на Јилдиз пред сите и кажа дека Јилдиз е бремена. Сите се израдуваа, но Јилдиз не беше многу еуфорична. Потоа Јилдиз направи тест, испадна негативен, Јилдиз се растажи, а Асуман и кажа колку би било убаво Халидџан да има сестра, а Јилдиз и кажа дека веќе и го смислила името ЈилдизСу. Уникатна е за имињава.