1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Забрането јаболко (Канал 5)

Дискусија во 'Серии и емисии' започната од Dream-Girl, 31 март 2020.

  1. Mrs.Precious

    Mrs.Precious Форумски идол

    Се зачлени на:
    3 јуни 2019
    Пораки:
    3.338
    Допаѓања:
    20.550
    Пол:
    Женски
    Зејнеп ми се чини дека ги искористи сите, а највеќе Диндар. Човекот не заслужи така да го остави на венчавката. Кога сеуште го сака Алихан, што се плетка и со Диндар не знам, му даде лажна надеж за на крај да го остави. Епа си го заслужи на крајот да ја киднапира. Си прави се по ќејф, на нејзе да и биде убаво, а што оставила зад себе и дали некого повредила, тоа не ја интересира. И со Џем беше така, само што него го направија да речам глупак, пошто не му кажаа дека биле во врска, и секако тој си помисли дека си поиграле со него, ама на крајот пак имаше разбирање и си замина без проблеми. Зејнеп да го оставеше Алихан и да си продолжеше со животот и да не се плеткаше со Диндар секако на крајот немаше да биде вака. :smirk:

    И Кемал си го заслужи. :nod:

    За Зехра ми падна жал, нема среќа таа со мажите. Ама мислам дека после тоа ќе биде во врска со Џанер, на свадбата на Зејнеп и Алихан ќе танцуваат заедно, а и мислам дека и овде некој во групата имаше пишувано дека ќе бидат заедно. :)
     
    На tinka-mace, Nightwish11, cresa-jagoda и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  2. Dream-Girl

    Dream-Girl ☀️

    Се зачлени на:
    24 јуни 2013
    Пораки:
    20.123
    Допаѓања:
    195.309
    Пол:
    Женски
    И мене Зејнеп ми личеше ниска ама гугл вика 165цм е. Освен ако не излажала дека е повисока. 8-|
    Јилдиз 167 била, таа знаев дека некаде слична висина иаме, ја проценив дека е 167-170. :D
    Зехра е 170+ сигурно. Гугл вика 173.
    У право сме биле. :D:D:D

    Алихан е многу висок, некако требало партнерка ко Зехра да има, не ми беа ич складни со Зејнеп мене искрено вака на изглед. Бар за глума требало појше да бираат. :tmi::D
    Оваа новата со него многу ми одговара. Убав пар се. :)
     
    На tinka-mace, MrenaRiba, Nightwish11 и 3 други им се допаѓа ова.
  3. Maro87

    Maro87 Популарен член

    Се зачлени на:
    11 јуни 2013
    Пораки:
    1.357
    Допаѓања:
    5.398
    Пол:
    Женски
    Мислам дека требало улогите на Зехра и Зејнеп да ги сменат, плус некако стварно на Алихан не му одговара Зејнеп, премноу е ниска за него...грдо стои ептен. Со Диндар си одговараат ама сепак можеле да најдат друга или пак со некоја да сменат улога од сам старт...
     
    На Mrs.Precious, Dream-Girl и smile:) им се допаѓа ова.
  4. Аргентина *

    Аргентина * Популарен член

    Се зачлени на:
    19 јули 2015
    Пораки:
    4.711
    Допаѓања:
    9.208
    Пол:
    Женски
    Се познава кој колкав е.
    Јилдиз е повисока од Зејнеп барем 5 см ко ништо. Лажни се податоците на Гугл за Зејнеп. И јас сум колку Јилдиз иначе и висина и градба. Би сакала колку Зехра да бев, секогаш сакав да бидам околу 175.
    Алихан и другарка му се ту мач.
    Зејнеп е мн ситна, не зафркавајте со 165.
    165 е средина, дури е малку над просекот за женско.
    Јилдиз носи некој ведар дух, има смешни ситуации секаде околу неа каде и да оди, затоа си ја сакам :D И шо си е убавка. Бојата на коса неверојатно и одговара на тенот. Халит цело време намуртен, за се се лути, а оваа се нешто му изводи. Интересни се.
    Во Ендер пример има некоја притаена лошотија, кога е весела и се радува не е тоа тоа :| Таа се смее, но нејзините очи се закануваат. Зло ми е жената.

    Зејнеп можи ќе ја проценев порано, ама не ја гледав серијата од почеток. Сега ми е благ очај.... си умисли тројца дека можи да мавта ама НЕМА КАПАЦИТЕТ ЗА ТОА, шо би рекол Џанер хаххахах
    Таа ни самопочит нема, како може да сака некој ко Алихан шо ја понижува? Таков го бришиш од старт и готово. После од неа очекувате за туѓите чувства да води сметка, а не води за себе.
    Една Зехра одма се разведува.... Зејнеп како Зерин е очајна
    Сакајќи да покажи карактер со свадбата дупка си ископа, Диндар е криминален тип

    Срце е Диндар ама и тој знае во каков брак се впушта и дека Зејнеп не го сака.
    Ништо чудно самиот да прави некои шеми, кога и вика на сестра му всушност на неа се испукува зашто не смее да вика по Зејнеп.
    Инаку си кажа мислење за модерниот свет “да ти се плукнам во модата“ а онаму вели дека станува современ. Мислам дека се преправа и планира да ја смени плочата по венчавањето, дури ја добие Зејнеп.
     
    Последна измена: 17 јуни 2020
    На Tanjamm, Nightwish11, cresa-jagoda и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  5. Mrs.Precious

    Mrs.Precious Форумски идол

    Се зачлени на:
    3 јуни 2019
    Пораки:
    3.338
    Допаѓања:
    20.550
    Пол:
    Женски
    Диндар мене ми е срцка, многу убаво се смее. :inlove: На почетокот не ми беше таков, но откако Зејнеп му предложи брак и сега така како го гледав како се смее од една страна ми е убаво од друга пак ми е жал дека на крај Зејнеп ќе го остави. :(
     
    На Tanjamm, cresa-jagoda и Nightwish11 им се допаѓа ова.
  6. Аргентина *

    Аргентина * Популарен член

    Се зачлени на:
    19 јули 2015
    Пораки:
    4.711
    Допаѓања:
    9.208
    Пол:
    Женски
    Мене вечерашната епизода ми беше најглупата што сум ја видела некогаш.
    Промашени обиди за хумор
    Нешто шо требаше да биде стрипер и тепачки во кафана, рили?
    Кој ме лажеше дека серијата била современа да ми ги врати парите :P
    бтв Зејнеп миничите шо ги носи фамозни ко од 2005 година
    И нека ги тргнат неа и Алихан побрзо, најодвратни ми се од цела серија
    Само Ендер за нив! :!:
     
    На tinka-mace, Mrs.Precious и Nightwish11 им се допаѓа ова.
  7. Nightwish11

    Nightwish11 Истакнат член

    Се зачлени на:
    19 јануари 2020
    Пораки:
    406
    Допаѓања:
    2.000
    Пол:
    Женски
    Aman be taa Jildiz samo Lazi ,sushi i samo za pari zinala:envy: i onoj Kemal i Halit go vrti i Lazi kako Saka |(
     
    На Mrs.Precious, Tanjamm и Аргентина * им се допаѓа ова.
  8. Аргентина *

    Аргентина * Популарен член

    Се зачлени на:
    19 јули 2015
    Пораки:
    4.711
    Допаѓања:
    9.208
    Пол:
    Женски
    Се стори со Кемал веќе, no more Кемал :) “ќе ме барате вие мене“

    А зш нема позитивен пример во серијата? Све мој до мојега.... :)
     
    На Mrs.Precious, Tanjamm, cresa-jagoda и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  9. Nightwish11

    Nightwish11 Истакнат член

    Се зачлени на:
    19 јануари 2020
    Пораки:
    406
    Допаѓања:
    2.000
    Пол:
    Женски
    I so napravi Kemal ustvari? Nishto se izglupira ...glup Eden nz so Saka.(lalala)
     
    На Mrs.Precious и cresa-jagoda им се допаѓа ова.
  10. Аргентина *

    Аргентина * Популарен член

    Се зачлени на:
    19 јули 2015
    Пораки:
    4.711
    Допаѓања:
    9.208
    Пол:
    Женски
    Знаеше бе
    Две жени да си има

    Јас спротивно мислам
    Ептен се разлигави отко се вери со оваа и ко да затупе некако, не беше ваков.
    Едвај чекам да се разлоши пак :l:
     
    Последна измена: 18 јуни 2020
    На Nightwish11 и Mrs.Precious им се допаѓа ова.
  11. Tanjamm

    Tanjamm Форумски идол

    Се зачлени на:
    6 октомври 2011
    Пораки:
    8.772
    Допаѓања:
    12.306
    Леле и јас тоа мислев, зошто ниту еден не е саглам во серијава?

    Инаку, јас сите ве дезинформирав затоа што тепачката мислев ќе биде меѓу Алихан и таткото на Зејнеп, а испадна сосема друго.

    Еее тоа е без јазик и без превод, за никаде, што може да се разбере?

    Се скапав од смеење за стиптизерот. Ми личеше на автомеханичар или хаус мајстор.

    Диндар ми е ок, и кај Зејнеп толерира работи кои не би ги толерирал поинаку. Се и кажува со некој благ тон, и на фин начин.

    Алихан потајно сака да ја заведе, и сака да нема свадба. Тоа го прави, иако не признава. Ја донесе другарка му и спуштаа муабети на Зејнеп, затоа што тој се раскажа како и што било.

    Себичен е Алихан одамна, а Зејнеп стана иста, затоа што веќе толку забегаа што немаат обзири за другите.

    Ќе видите сега ќе има брзо една сцена, ја испраќа Алихан пеш во сокачето кај што живее Зејнеп, и пред да влезе во зградата се вртат еден по друг. Што мајка бара со бившиот, кога има закажано свадба? Ма и ќотек требаше да и удри Диндар.
     
    На Аргентина * и Mrs.Precious им се допаѓа ова.
  12. Аргентина *

    Аргентина * Популарен член

    Се зачлени на:
    19 јули 2015
    Пораки:
    4.711
    Допаѓања:
    9.208
    Пол:
    Женски
    Тоа е грешка. Зејнеп сака да ја понижуваат и да се исмеваат со неа. Женче без самопочит ти е она.
    Халит убо и рече “ти барем беше паметна“, еее ама беше. Така само изгледа таа, не ни била.
    Катастрофа се Зејнеп и Алихан
    Љубов голема демек а тој си седи така додека таа се мажи, уште и на ергенска отиде, се потсмева
    Да е тука на денот на венчавката сигурно ќе и го придржува фустанот да не се влечи по земја или како се викаше тој дел од венчаницата
    Таа со Диндар се однесува ко да и е другарче од школо, ќе се земале
    Тој па шо гледа толку во неа, чудно многу и тоа
    100% одамна планот и е да се откаже само чека на Алихан да го напрај првиот чекор
    Брука од фамилија се, срам
    Опкружени со скандали

    Видов сцена
    Зејнеп ќе впери пиштол во Диндар
    Ама нејќам да дознавам појќе, за поинтересно
     
    Последна измена: 18 јуни 2020
    На cresa-jagoda му/ѝ се допаѓа ова.
  13. thequeen95

    thequeen95 Истакнат член

    Се зачлени на:
    12 август 2016
    Пораки:
    1.232
    Допаѓања:
    4.865
    Пол:
    Женски
    Нема врска. Јас во Турција сум била многу пати и турчинките се преубави жени и се модерни. Посебно да излезеш навечер во кафичи поразголени од нас се.
    Има брендирани бутици на секој чекор.
    Во капали чаршија има арамии и треба да се внимава.
    10 века се пред нас.
    Во Скопје има повеќе покриени од таму
     
    На Amelia, Nightwish11, Mrs.Precious и 2 други им се допаѓа ова.
  14. Tanjamm

    Tanjamm Форумски идол

    Се зачлени на:
    6 октомври 2011
    Пораки:
    8.772
    Допаѓања:
    12.306
    За брука, брука се. Зејнеп од почеток ја претставуваат како морален лик, но не е баш така. Многу брзо скокна в кревет со Алихан, кој и беше газда, за два епизоди, така нешто мислам. Со мајка им никаква комуникација. Разликата е што Зејнеп не лаже, а Јилдиз кажува по 100 лаги на ден. Јилдиз е ненаситна, сака барем ако го трпи стариот, тоа да и се исплати.
     
    На Nightwish11, Mrs.Precious, H.VAGA и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  15. Аргентина *

    Аргентина * Популарен член

    Се зачлени на:
    19 јули 2015
    Пораки:
    4.711
    Допаѓања:
    9.208
    Пол:
    Женски
    Лаже дека ќе се омажи :P
    Има разлика од не лаже до не знае да лаже
    Кога Јилдиз и рече “ти не го сакаш Диндар“ оваа напрај фаца и ја праша “толку ли е очигледно?“
    Зејнеп ли брзо легнала со шефот? :D
    Тој Алихан, мене не ме бендисува ич, ама нели богат е и која сака можи да ја има....
    На почетокот не ги имав загледано и оценето никој, ама овие стварно смешни биле

    Џабе ја фалат Зејнеп, дека не е никаква интелектуалка се покажа вечерта кога Халит зборуваше за филозофија, а таа си мислеше “на подосадна вечера не сум била“. Начитан и желен за знаење чоек, со ќејф ги слуша тие разговори.
     
    На tinka-mace, Mrs.Precious, Tanjamm и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  16. Tanjamm

    Tanjamm Форумски идол

    Се зачлени на:
    6 октомври 2011
    Пораки:
    8.772
    Допаѓања:
    12.306
    Eпа не следев редовно, онака погледнував, ама многу брзо отиде в кревет со Алихан. Со газдата, кој секој ден и е пред нос. Таа има доста мани, а тој има пари, и исто многу мани.

    Нека пише кој гледал детално кога падна првиот секс меѓу Зејнеп и Алихан.
     
    На Аргентина * и Mrs.Precious им се допаѓа ова.
  17. Mrs.Precious

    Mrs.Precious Форумски идол

    Се зачлени на:
    3 јуни 2019
    Пораки:
    3.338
    Допаѓања:
    20.550
    Пол:
    Женски
    Да, Зејнеп навистина многу брзо падна во кревет со него. Најпрвиот пат кога ја бакна таа после тоа му кажа дека не сакаат да се гледаат надвор од работата, после тоа Алихан ја однесе на нејзиното омилено место, цел ден беа заедно, вечерта кога ја однесе дома таа влезе ама после пак излезе одма а Алихан не си отиде ја чекаше да излезе и кога излезе се бакнаа повторно. После тоа еден ден отидоа на едно место како викендица мислам дека беше, времето беше лошо па им кажаа од таму дека не смееле да тргнат на пат на тоа лошо време и дека ноќта требало таму да ја поминат, и таму тогаш имаа прв секс, тоа беше некаде 5та или 6та епизода по турски. Зејнеп прерано му се пушти во кревет, дека само два пати се бакнале и ајде право. На крај Алихан кога ја избрка од дома со изговор дека тој не бил човек за врска, испадна дека бил со неа само за секс.
     
    На princess5, Nightwish11, Tanjamm и 2 други им се допаѓа ова.
  18. Аргентина *

    Аргентина * Популарен член

    Се зачлени на:
    19 јули 2015
    Пораки:
    4.711
    Допаѓања:
    9.208
    Пол:
    Женски
    Ето Зејнеп од наредна епизода ќе почни појако да изводи
    Напатена за внимание....
     
    На Nightwish11, Mrs.Precious и cresa-jagoda им се допаѓа ова.
  19. referentka

    referentka Moderator Член на тимот

    Се зачлени на:
    13 ноември 2012
    Пораки:
    14.717
    Допаѓања:
    322.679
    Зејнеп и Јилдиз ми личат како две селски моми кои живеат за да упецаат некој богаташ.
    Ај Зејнеп пак нешто работи.
    Ама Јилдиз е лешинарка.
    Халид глупак, времето го троши на бивши и сегашни жени, на деца од претходни бракови, на интриги, па дури и фирмата ќе му ја ољуштат.
    Што човек е тој што ќе дозволи бивши жени да му се содружници во фирма и да му командаат.
    Се однесува како муле.
    Низ куќа се врвчат жени, деца, секој си прави што сака.
     
    На H.VAGA, Nightwish11, cresa-jagoda и 2 други им се допаѓа ова.
  20. Tanjamm

    Tanjamm Форумски идол

    Се зачлени на:
    6 октомври 2011
    Пораки:
    8.772
    Допаѓања:
    12.306
    Епа го гледав тоа. Значи тогаш беше првиот секс. Имаше свлечиште на патот, и не можеа да си одат, па преноќија во викендица. Смешно ми беше кога Зејнеп и се јави на Јилдиз дека ќе останат во викендицата, не можат да се вратат, таа негодуваше малку, преврте очи иако му се додворуваше на Халит.
     
    На cresa-jagoda и Mrs.Precious им се допаѓа ова.