Каја ќе се врати во серијата за сигурно. Денес била објавена слика од сетот од фирмата со Хасан Али и во позадина се претпоставува дека е Каја.
НЕ Е КАЈА До сеа пишувавме на инстаграм со фановиве. Тој човек во позадина на снимката не е Каја. Ама не се исклучува можноста да се врати навистина.
Ајдее,Јас на инста на некој сајт случајно прочитав дека бил он. Благодарам на информација . Како што гледам баш се типува дека Каја ќе се врати. Инаку морам да признаам многу паметно направија од продукциската куќа со ликов, баш предизвикаа возбуда.
Богами возбуда има кај сите, кренаа прашина по социјалниве мрежи. Само ако излезе дека Каја не се враќа ќе биде... Инаку прочитав претпоставки од фанови, викаат дека можно било Каја да се врати ама актерот да не е Бариш туку некој друг. Ама тоа е само претпоставка.
Не знам, веројатно ќе менуваат термини на сите серии. Бидејќи за да почне Забрането Јаболко од понеделник треба некоја да заврши и сигурно ќе сменат термини.
Јас мислам малата Каја дека наскоро ќе заврши, па на нејзино место ваљда оваа ако ја стават а неа да ја префрлат за викенд.
Ми треба малку help На канал 5 на почетокот кога почна да се емитува серијата Забрането Јаболко нели даваа една снимка каде Şevval Sam (Ендер) и Talat Bulut (Халит) зборуваат нешто. Şevval зборуваше на англиски нешто како "Gratings for Macedonia, watch canal 5 tv". Дали знаете каде можам да го најадам тоа?
А да, тоа го даваа после секоја реклама за наредната епизода. Ама искрено не знам каде можеш да го најдеш.