Ептен скромно почна првата епизода од новата сезона во Турција, немаше некоја јака гледаност, изгледа грешка им е што отидоа во нова сезона вртејќи се во круг.
Не ја гледав бидејќи во тоа време гледам друга серија, ама изгуглав за рејтингот околу 3 и беше, а секогаш имаше повисок и тоа во време на конкуренција од повеќе серии, а сега во понеделник игра само една серија. Слаб почеток ептен имаа, ај може новите ликови ќе се покажат натаму и ќе се размрдаат
Да. Првата епизода ми беше малку мех, можеби и не ја гледав со доволно интерес, но следните две веќе одлични.
Серијава почнав да ја гледам кога се појави Шахика. По смртта на Халит целосно ја изгуби поентата, ја гледав чисто ради интересните ликови, ама сега без Шахика нема да биде интересно воопшто.
Ја загледав на брзинка. Првата епизода не ми се допадна, а и рејтингот и беше многу слаб. Читав дека намерно ја започнале порано сезоната за да можат да ја привлечат публиката. Следните епизоди се супер,наликува многу на 3 тата сезона, која по мене беше и најдобра. Новите ликови одлично се вклопија. Трајлерот за четвртата епизода од новата сезона е најгледан во Турција. Новиот изглед на Еда е супер.
До сега е ова: Ендер после бомбата отишла во Лондон заедно со Каја, живееле таму некое време е госпоѓата неможела таму да седи овој Каја па не можел во Истанбул и се разделиле "пријателски"...Се појавија нови ликови Кумру, Доган и другарката на Кумру. Кумру живее во соседната вила до Чагатај и Јилдиз, таа му е љубовница на Чагатај (греота Јилдиз и овој ја изневери). Ендер ќе се сомнева дека Чагатај има нешто со Фејза, ама нема ништо (детето на Фејза не било од Чагатај, бар засега немаат ништо ама таа Фејза не ми е накако цвеќе можно е да планира нешто, наводно е во врска со Омер ама според мене тоа е fake врска). Ендер и Фејза воопшто не се согласуваат. Потоа Омер има проблеми со маќеата и бара помош од Ендер, оваа не сакаше да му помака како што и е гајле ама после Омер кажа дека ќе и даде 1 милион долари и она скокна одма . Ендер и Чагатај се во конфликт, Ендер постојано го следи што прави затоа што се сомнева дека ја изневерува Јилдиз и сака да го фати, така еднаш отиде во хотел мислејќи дека ќе ги фати ама Чагатај ја зезна и во собата го стави Садаи... Потоа се појавува Доган таткото на Кумру тој доаѓа од Тоскана, да ја "надгледува" ќерка му. Јилдиз сака да ги запознае со Ендер, да ги спои и за тоа организира забава дома, овие се запознаваат. Чагатај и Кумру одат во една шумска куќа да бидат насамо ама некој (другарката на Кумру) и праќа порака на Јилдиз дека Чагатај ја изневерува бла бла, во тој момент Јилдиз пие кафе со таткото на Кумру и тој го зема телефонот и се јавува на бројот и од таму одговара Кумру и тој сваќа дека Чагатај и Кумру се заедно ама не и кажува на Јилдиз (за да ја заштити ќерка му).... Вечерва Јилдиз и Ендер ќе одат во таа куќа на Чагатај и Кумру ама дали ќе ги фатат ќе видиме вечерва. Ендер сака да му се доближи на Доган од корист за да вади информации (а и пари има нели) ама и Доган сака да и се доближи на Ендер со некоја цел, веројатно за да биде поблизу до животот на Јилдиз и Чагатај. Е сега веројатно ќе ги гледаме како пар (fake се разбира) ама за подоцна дали ќе стане вистина...се надевам нема, ама и не е можно сепак Ендер го сакаше и ќе го сака само Каја . Исто така во вечерашната епизода Ендер ќе се сретне со некој човек тој ќе и даде плико со слики и Ендер ќе каже "тој/таа е жив/а". Велат дека тоа ќе биде некоја личност ос минатото на Ендер, претпоставуваат дека е можеби мајка и, очувот, сестра и или па некој сосем трет.
Интересно ќе биде, не знам зошто сè уште нема никаква најава кај нас Инаку, има ли некоја информација како се спасиле од експлозијата?
Odkako vidov Odkako vidov deka Cagataj ja izneveruva na Yildis nekako nemi se gleda serijava..Pa kako Halid da se prerodi A mnogu ubav par si bea.
На инстаграм гледам сцена Ендер како влегува во некој стан и човек со бела коса свртен со грб, да не е тоа Халид?
Не. Имаше претпоставки дека тоа е Хасан Али поради причина што и актерот Ердал ја ишиша косата така, потоа велеа дека е таткото на Ендер и Џанер за кој мислеа дека е мртов или пак нивниот очув. Денес една новинарка даде како spoiler и кажа дека тоа било игра на Чагатај
Првата епизода од новата сезона ми се виде многу досадна али наредните 3 се стварно одлични. Не можам да ги чекам на канал 5 дур се решат да ја пуштат, ја гледам на нет. Значи добро е, последнава сезона добро ја осмислиле, ептен ми задржуваат внимание епизодите, ги гледам без воопшто нешто да премотам.