Е шо е Зехра сега крива? Зехра е единствената во серијата која отстрана правилно ја проценува Зејнеп и не ја сака. То шо си е дигната малце, нормално е од онаков татко да пази со кои се меша. А од Диндар гостите, т.е. семејството не се некои сиромашни, очигледно со нелегални дејности се бават. Не е до парите, појќе е до стилот. Онаа Зејнеп не можам да ја гледам ни да се смеј, ни да плачи, иритантно створење. Горда шо избегала од свадбата.... другиот ден стужена демек ја навредиле, а никој ништо не и ни рече. Биполарна.
Зејнеп е многу ниска, нема шанси 165 да е.Google вика 159, а може и пониска е. Алихан и она хахах ко џин е спрема неа, мене ич не ми одговораат како пар. Јилдиз 167, Ендер 165, Зехра 173. Не ја можам ниту јас Зејнеп, не ми се глеа веќе серијата. Ај нека си идат од серијава може поинтересно ќе биде. Само Алихан ќе ми фали, со лепотата де, не со карактерот, да се разбереме.
Не е само за Зејнеп, туку Зехра се преценува. Се мурти кога ќе види сиромашен човек. Таа е исто така паразит, со два пропаднати брака зад себе. Со подбив гледаат на луѓето кои немаат пари. За нив душата и крактерот се ништо, само парите се важни. Инаку, Зејнеп сега ќе си го добие заслуженото. Тој Диндар треба да ја киднапира не само Зејнеп, туку и Алихан и ќотек да им удри. Инаку, и Алихан го видовте ли полн со себе затоа што Зејнеп изебала од свадбата. Инаку, никој не ја ни прекори Зејнеп за бегството. Сестрите немаат обзир кон никој. Зејнеп делумно има обриз кон Алихан, а Јилдиз нема обзир кон никого.
Odvratni mi se i Jildiz i Zejnep ovas pa Jildiz oset nema se gazi pred sebe so lagi?A koj e Kaan i sto ima so Ender?
Мислиш Каја? Каја има дете со Ендер погоре една членка напиша дека се вика Јигит детето и ќе се појавело понатаму во серијата. Инаку, сега мислам дека ќе има забуни дека Ерим е син на Каја ама не е изгледа.
Е како не е на Каја? Па нели не беше од Халит и тој па другиот син од кај ќе се појави? Ендер каква е таинствена, којзнае уште што нема да излезе. Ама супер и праи Каја што ја ремети, да види и она малку зорт шо е, а не да се занесува цело време. Ај уште и да се најде некој паметен и на Јилдиз кучката да и го дотера паметот, топ ќе биде.
Хм....абе јас не потценувам никого, ама сиромашните како колектив до негде сами си се криви шо се во незавидна положба. Ги тера некој со сила да аргатуваат за богатите? Но тоа е друга тема и филозофии шо не се за тука. А за Зехра....па нејзино право е кого ќе бендисува, кого не. Тебе сите ли ти се по ќеф? Зехра ко шо гледам не прави сплетки, секогаш дава до знаење кога нешто не ич е потаман, најмалце гримасата ја издава дека не е многу толерантна. Лила и рече “тебе никој не ти се допаѓа“, така да не е до сиромашните, а и не знаеме колку сиромашни имаше на свадбата. Татко и ене го, жени вади од калта и тие ги раѓаат братчињата на Зехра. Во контекст на бегалката велам, Зехра е единствена од фамилијата која коректно расуди, убаво им рече дека не чини да се здружуваат со Зејнеп после тоа што му го направи на чоекот.... другине се радуваат на нешто што е греота. Халит на 30 столици седи, таа Зејнеп ја теши, и оштетените ги теши....немој, немој, дипломатија.... Едвај чекам вечер Диндар да ја преплаши глупачата , ќе и се скрати животот. Татичко
Спојлер Ќе почине жената што го чувала и ќе му дадат писмо од неа во кое му има напишано дека не му е таа мајка, туку Ендер. Ќе оди во фирмата да ја бара Ендер за да се одмазди, т.е Каја ќе го вработи таму и ќе му плаќа за школувањето без да знае дека му е син. Ендер ич нема да го сака и ќе го омаловажува на почеток.
Леле со оваа Зејнеп го отупеа последните епизоди. Ми стана досадно ама ај фала богу ќе ја тргнат за кратко.
Ништо не беше ова Малку си поиграа децата, дојде таткото удри заушка и заврши сето тоа. Вие како пишевте, мислев нешто поинтересно ќе е. Ептен глупо излезе, од нигде никаде, Диндар луд. Изгледа набрзина смислиле како да му го отстранат ликот. Уствари за да се понашаш ко она Зејнеп да е Адријана Лима ств треба нешто да ти фали ама пак глупа разврска. Толку беше со Диндар, го тргаат од серијата, нели? Не требаше вака. Ќе нема кој да хејтам јас ко ќе ја снема таа зрно грашок.
Ќе се венчала со Алихан и ќе заминеле далеку. Ама мислам дека има уште најмалку пет турски епизоди до тогаш, кај нас повеќе зашто ги кратат.
Нема да ја тргнат.Туку,Зејнеп и Алихан ќе се решат да заминат во Америка.И на тој начин нема да ги има во серијата повеќе.(Колку што разбрав на турски,така ќе биде.
Инаку да, ја отупеа серијава малку откако Зејнеп и Алихан се смирија, сега едно па исто, само многу те сакам ќе си викаат. Па подобро беше кога беа скарани ама ај, да ги тргнат па може ќе почне интересното. Подобро сплетки да гледаме отколку се да е мирно како што се сега Алихан и Зејнеп. Во последно време малку ми здосадија епизодите ама ќе почекаме додека да ги снема.
Нелогичности има. Ко оваа вечерва. Клише безврска вметнато. Еххх, сега уште Јилдиз ми остана да си ја гледам. И Зехрич до негде.