Одлично се сеќаваш.Хира беше таа што викаше на цел глас во фирмата.Според мене,не и требаше тоа така да вика,па,може се на смирен начин да се реши. Се е како на серија,да беше реален живот,по друго ќе беше. Што се однесува до Елиф,мислам дека за брзо ќе ја снема од серијата,нема да има шанса да ја полудат.Така мислам.
Не знам зошто викала, не следев тогаш. А таа Елиф веќе се однесува чудно и различно од порано, така да брзо почна дејството кај неа.
Хира викаше поради тоа што беше повредена.Лута беше што не и кажале дека биле порано заедно.Се чувствуваше изиграно и си викаше. Елиф,на почетокот ми изгледаше баш пријателски,веднаш се сочувствуваше со Алихан кога ги сподели проблемите.Сега некако чудно го гледа(со други очи).Но,мислам дека нема да има никакво дејствие со нејзе во серијава.
Мислев на нивното токсично дејство Сега ќе прикажуваат демек Алихан заради Зејнеп се откажува од другарка му, бла, бла.
Диндар избрза, грешка напрај. Жабата се вари постепено, во ладна вода се става за да не сети дека ја варат, а поголема жаба од Зејнеп каде. Тој требаше да се зближи со неа повторно, другарски, дури после да ја грабне и принуди на брак, не мораше мајка и да ја гиба, доста беше да и каже дека луѓе го следат Алихан и ќе го убијат ако таа не напрај како ќе и рече.... потоа да ја пуштеше, па таа нека докажува зошто е омажена и дека не сакала, нејзиниот збор против неговиот, будала ќе ја напраеше....Можеше после некое време дури да ја киднапира повторно....е така ќе ја исцрпеше психички и неа и Алихан, а не тој самиот одлепи....сакаше да си ја спаси репутацијата, а уште толку ја уништи.Ама не знај Диндар сплетки да прај, наивна душа има. Ова на Јилдиз и на Ендер можи да им текни.
Сите го сакаат Алихан поради убавината, но и парите. Таа мислеше дека е готово со Зејнеп, дури и муабети и спушташе кога се видоа во ресторанот. Јас мислев дека тоа е масло на Алихан, а можеби и не е. И Хира и Лала го сакаа делумно заради парите и статусот. Лал самата си кажа во друштво дека не ги личи богатите да бидат со сиромашни, а Алихан се спротивстави на таа идеја.
Ооо. Борец за човечки правдини. Која е Лал сега? А ја слушнавте Ендер сношти, рече нешто како “кој би ја киднапирал Зејнеп, тоа нема логика. Јилдиз направила нешто да се исплаши Алихан да ја земе Зејнеп за жена“ “Офф дадо, како ти истекнуваат работите, не можам сега и тоа да го испитувам, и на тоа да мислам....“ “Аман, мислиш гајле ми е мене за Алихан и Зејнеп“ Зехра вчера од збор до збор се точно кажа за Зејнеп. Ама некој ко ќе живее во куќата на Халит не смеј да има свое мислење одма ги замолчува и ко еретици ги гледа ако речат нешто различно од неговото иако е тоа вистината.
После свадата на Зејнеп и Алихан. Ќе бидат и двата уште некое време во серијата, не знам колку епизоди точно, ама не се ни толку малку. Ќе има уште малку помали драми со нив. Спојлер Инаку Халит ќе и се налути на Јилдиз, т.е ќе ја обвинува за ситуацијата со Ерим Понатака е поинтересна серијата.
Да, дефинитивно понатака е многу поинтересна серијата. Прво се чудев зошто Зејнеп и Алихан ги нема во 3та сезона ама добро направиле што ги тргнале, ептен 2рава сезона станаа досадни.
Лал беше на почетокот на серијата,му беше да кажам девојка на Алихан.Братот на Лал беше Џем(ти објаснив погоре кој беше Џем). Додека беше Алихан со Зејнеп,баш на почетокот,Лал му се мешаше,сакаше да биде со него.Дури еднаш Лал ги скара Алихан и Зејнеп,дека наводно не си одговарале(тој богат,таа сиромашма).Но,ја снема и нејзе од серијата,кога не успеа да го врати Алихан назад.
Ќе ги снема од серијата.Ќе решат да одат за Америка,каде што никој немал да ги познава.И нема веќе да се појавуваат.
Лал е девојката која му беше пријателка за секс на Алихан, пред тој да се забавува со Зејнеп, пред да се запознаат и таа кажуваше дека не им личело на богатите да бидат со сиромашни, секој требало да гледа луѓе од својот слој. Лал инаку беше сестра на Џем. Таа на Зејнеп во лице и кажуваше демек ти не си од нашиот слој, од нашиот круг, исто како што велеше и Зерин.
Одвратен е тој Алихан, не знај да ги изброј колку девојки имал и од сите се отарасува ко да се ѓубре. Со Ендер ко се ожени најдегутантно беше, жена на зет му поранешен, приметно постара....личи ко мајка му да ја препозна во неа зш и Ендер си беше по швалерај. Јас ги проверив на гугл ликовиве за кои ве прашувам....Видов кој бил тој Џем, леле шосторибе таа Зејнеп, невозможно е ова....Изгледа мајка и навистина бајачка е, друго објаснување нема за да ја сакаат Среќа серијава не е рил лајф, сепак не се случуваат до толку нелогичности.
Навистина е одвратен. Многу тука кажаа дека во реален живот не би трпеле човек како него, и јас не би. Би бегала што подалеку. Џем беше многу добар, предобар. Самиот Алихан на таа Елиг и кажа дека не е како порано, оти порано бил женкар, ама се сменил. Тој очигледно не сакал врска, само ги искористувал девојките. Презирам такви луѓе, и во реален живот таквите ниту себе не се сакаат, а не некој друг. И не се менуваат. Еднаш налетав на таков, и кога сфатив каква е работата, џабе молење, џабе се, го откачив.
Па,Алихан се ожени со Ендер зошто таа ќе му ги дадеше акциите и ќе беше посилен и ќе го уништеше Халид. Тоа го направи зошто беше повреден,имаше траума.Но, сепак,не го оправдувам дека требаше да се ожени со Ендер,и да ја растажи Зејнеп,да ја уништи и сестра му,да си ги расипе односите со сите.Едноставно,можеше да го праша Халид,ама тоа е тоа.
Многу ми е смешно во серијава,приметив неколку епизоди наназад.Смешно е кога нашиве што ги преведуваат гласовите ќе го утнат името,на пример денес Џанер на Зехра и се обрати со Зејнеп.Хахах,тоа ми е смешно.Но,секоја чест на дечките што сихронизираат.
Ерим си е син на Халит мислам, сега Каја ќе се сомнева дека е негов син ама не е изгледа. Инаку Каја и Ендер имаат дете заедно, понатаму ќе се појави во серијата.