Не знам до која епизода е серијата на канал 5. Спојлер Хандан го испрати Фидо, за да ја зафркава Ендер, ама ќе испадне многу подобро за неа отколку што очекуваше. Јилдиз и Ендер ќе дознаат дека тој е измамник и ќе и го местат на Хандан, не знаејќи дека ликот работи за неа. Таа ќе одглуми дека се заљубила, а тој и ги украл сите пари, по што ќе исценира обид за самоубиство. Кумру ќе се вознемири, ќе им се налути на Јилдиз и на Ендер и ќе и ги препише акциите во фирмата на мајка и.
Па ја мислев дека е Доган, зошто нели овој што работи за него ( заборавив како се вика), му кажуваше на Доган нешто во врска со Фидо. Ама ете Хандан била И мене тука нешто не ми е јасно Ако е Хандан, што ли Доган знае за тоа? Соработуваат ли тие?
Кумру е добра во суштина, простува. Спојлер Со Ендер, ништо посебно. Ќе му докаже на Доган дека се било игра на Хандан, ама бадијала, Доган ја толерира Хандан заради Кумру. Во последната епизода од сезоната, Ендер ќе се качи во автомобилот на Чагатај, на Доган нема да му биде гајле за неа, што е до него можат да загинат и двајцата. Спојлер Доган нема ништо со Фидо. Доган само го истражи и заклучи дека не постои таков милијардер и дека се работи за ловец на богати жени, но не и кажа ништо на Ендер, за да може да и се потсмева. Јилдиз ќе го чуе Доган како се смее со Мурат и ќе и пренесе на Ендер. Двете ќе се договорат да ги спојат Фидо и Хандан, затоа што се измамници. Ќе ги лажат Хандан и Фидо колку е богата другата личност. Многу ќе ја потценат Хандан.
Халит не беше убиец и никогаш не наштети физички некому, освен на љубовникот на Ендер во првите епизоди од серијата кога нареди да го претепаат. Доган е далеку поголем психо, иако и Халит не беше баш невиност во движење, ама барем не глумеше ко Доган и не се претставуваше лажно.
Ме пресмеа да прескржав беше и кон децата дури, само кон Шахика не беше скржав, од неа беше најмаѓепсан, само штета што не ја ожени Си го гледам јас Халит во друга серија, и таму е женет со доста помлада, ама не е женкар
Дали ја приметивте Јилдиз во ноктите. На една сцена и беа со плаво, на наредна сцена со црвено, па после пак со плаво
Оваа новата серија 'Татко', од понеделник во 22:45. Забрането јаболко кога? Да не ја преместат само во викенд да ја даваат? Се изнервирав, баш ми одговараше терминов