Taткото на Јилдиз го убил љубовникот на жена си, односно таткото на Зејнеп. Откако ќе излезе од затвор сака да го убие и детето кое жена му го родила од љубовникот. Сака да ја убие Зејнеп, но Алихан ќе се тепа со него во една ситуација. Ги има на Фокс цели епизоди, гледав денес, не се, не стигнав. Алихан ќе го смени однесувањето, ќе сака да му се одмазди на Халит, а зошто ќе се венча со Ендер не знам, ќе гледам вечер штом останам сама, сакам на раат да гледам. Ерим не е син на Халит, туку на некој љубовник на Ендер, ќе се појави и тој.
Wow, не го знаев ова. А како така зар Јилдиз и Зејнеп нели се сестри како така различни татковци? Алихан ќе се венча со Ендер?? Хммм А Халит знае дека Ерим не е негов вистински син?
Зејнеп ќе направи забава изненадување за Алихан, а ќе се појави Ендер во бело, што значи се венчале. Ова го прави за да се одмазди на Халит. Многу ме разочара Алихан, тотален психопат е човекот. Зејнеп и Јилдиз имаат различни татковци, а таткото на Јилдиз е убиец. Човекот ќе дојде да ја бара Зејнеп за да ја убие. Халит не знае, но Ендер се стаписа кога пак го сретна татко му на Ерим. Детето е на некој швалер.
Леле, жално за детето, знаев дека таа претходно има швалерувано со многу мажи, жал ми е за Ерим што е последица од такво нешто. А за што ќе се одмаздува Алихан на Халит па за тоа ќе се венча со Ендер?
Нешто околу фирмата, акции, партнерство, инаку тоа е ужас, не сфаќам како може да се венча со Ендер иако едвај се смири со Зејнеп. Ендер дојде со куфер кај Алихан, а Зејнеп со торба си замина. Ужас. Баш се разочарав. Диндар ја киднапираше за да и се одмазди затоа што му избега на свадбата. Болна љубов навистина.
Ги мотам сериите само на тие делови каде се Алихан и Зејнеп, стариот, Ендер и Јилдиз уште долго ќе ги има во серијата.
Инаку, Спојлер љубовникот на мајката на Алихан е Халит. Човекот на кој се сеќава од детството дека го фати во кревет со мајка му е Халит.
Спојлер Не е Халит, туку и Халит има ист часовник како љубовникот на мајка му.. Алихан ќе се сомнева во Халит и тоа ќе биде причината поради која ќе се ожени Алихан со Енвер,поради одмазда.. Ама подоцна ќе се открие дека не еХалит.
Спојлер A што ќе и објасни на Зејнеп не ми е јасно? Ова е навистина шок. Човекот има навистина арогантен карактер, друго зошто се жени со неа кога таа е бивша жена на Халит? Грозно е тоа што ќе се случи во серијата. Зејнеп има слаб карактер, брзо се разочарува, и презема непромислени чекори за да се утеши, а Алихан е арогантен, непредвидлив, и навистина направи кикови кои само на филм може да се простат. Ги изгледав на фокс, но сепак ќе гледам и на тв, со превод што навистина ќе се случи.
Џанер: ,,Мислам дека ова е единствената фирма во која салата за состаноци се користи за озборување" Инаку Кемал кога и рече на Јилдиз кога би бил богат дали би го одбрала него, ми падна сомнително претпоставив дека можеби е богат Кемал, бидејќи нели претходно беше кога Кемал рече дека никој, дури ни Ендер не ја знае целата вистина за него
Испадна богаташ голем И ќе се дознае дека и е бивш маж на Јилдиз, Халит ќе полуди. Кој знае овој пат како Јилдиз ќе си го спаси бракот
Леле таа па Јилдиз аман нека се одлучи више шо сака.Гуска. Иста ко Ендер е она злобна и алчна за пари,само шо Ендер е многу попаметна и итра лисица, знае како да го добие тоа шо го сака.Алал да и е.
Леле овој Алихан не знам всушност што сака. Само што и го освои пак срцето на Зејнеп, не ми се верува дека повторно ќе ја разочара со тоа што ќе се ожени со Ендер. Леее. Овој човек почнува да ме нервира воопшто не мисли ни како таа ќе се чувствува. И таа Јилдиз веќе не знае што прави, не знам сега како ќе си го спаси бракот. Не и е гајле дали ќе го изгуби Халит туку богатството и сето тоа што тој и го пружи. Девојкава не знае што прави. Наместо да му кажеше уште од почетокот на Халит, кој всушност е Кемал и што имала со него во минатото, секако дека нема да беше волку лут сега кога дозна од него.
И јас се чудам за Алихан. Тој човек е луд навистина. Има многу сериозен, дрзок израз, арогантен израз, дури и кога кажува фини нешта. Ќе и приреди голем шок. Сите треснувања на врата пред нос беа заслужени, и пак ќе се случува истото. Нашиве од една направиле две епизоди, на турски траат доста епизодите. Мене само ме интересира што ќе и објасни на Зејнеп кога ќе се венча со Ендер, и кога Ендер ќе дојде кај него дома со куфер, а Зејнеп ќе си замине. Инаку, Кемал убаво ја зезна Јилдиз. Нека се јаде сега. И докажа дека и од него може да биде нешто.
Луд е Алихан, само се надевам дека не е до толку луд, да има нешто со Ендер, се надевам дека не е до толку отиден со умот. Се надевам дека бракот ќе им биде само на хартија, поради некоја корист.
Мене Кемал ми е нов омилен лик. И многу симпатичен ми е. Поубав пар се со Јилдиз. Вчера баш ја зезна. Спојлер: . Ќе се земе со Зехра тој. Јилдиз ќе остави ливче на Халид дека си оди и дека во Кемал е вљубена (да немаше пари не верувам дека ќе отидеше ама ај) и со куфери ќе отиде кај Кемал и така ќе се појави дур прават свадба со Зехра. Ама мислам ќе се извади некако. На крај Јилдиз ќе го намести со швалерка у хотел пред Зехра и Халид и ќе го тргнат од серијава.
Мислам дека ќе биде само на хартија, ама и само на хартија, тоа е голем удар за Зејнеп. Девојката не му направи ништо лошо според мене, тој демонстира сила, ароганција, ретко кога е фин.