Се сложувам. Ако веќе сакаат да градат морален лик, тие што ја режирале серијата, требало да мислат на детали, да не носи миничи, да не се исмева џабе со Емир и Ѓулсун, да не скокне во кревет со газдата по 2 бакнувања, да не фрла киселина во лице. Инаку, и јас тоа мислев кај мислеше да бега, кога и онака Диндар имаше луѓе надвор. Немаше шанси да бега. Требаше да ја истепа, па и да спие со сила со неа Диндар, како што почна да се соблекува. Па таа ќе се мажи со човекот, а не го ни бакна. Како така? Требаше да ја среди Диндар, па кога ќе дојде Алихан да ја најде целата издрпана и да знае и тој што направија.
Точно,тоа е малку чудно што ќе се зимаат а не се ни бакнаа. До душа,серииве се чудни.Пример Јилдиз,со секој втор(со Алихан,со Каја...)се бакнуваат,се гушкаат,како да се знаат 100 години. Како што наведе една членка погоре,"тоа се само серии".
Не мислам дека они го сместија во болница.Точно дека го полудеа човекот со нивните постапки,но,Диндар и претходно требаше малку да се смири,избувнуваше,викаше.Му потпомогнаа да се смири малку.
Според мене тој се потсмири заради Зејнеп, затоа што ја засака. Од агресивен, стана фин, и ќе станеше уште подобар човек, но многу го зезнаа. Сите го зезнаа. Сите до еден се радуваа кога избега Зејнеп. А и сите ја потсетуваа дека не го сака.
Може и ќе го закаше со тек на времето,ама серијата ќе одеше во некој друг правец.Во право си дека се потсмири,имаше толеранција и Курбан да не биде често со нив,се менуваше на подобро.Ама тоа е тоа.
Се разбира дека тие го доведоа до тоа дереџе. За да попушти некој нервно, потребен е тригер, колку и да има предизпозиции. Диндар стана главен трач и беше понижен, и за неговите дома тој беше крив што ја избрал таа, мајка му откако и се слоши не станала од кревет, све му се собра во еден миг. Му помогнале wtf.... Тој мислеше Зејнеп е мирна и добра зашто така се претставува, сушта спротивност на мајка му бараше за жена и се зафркна.
Најлошо е што таа бараше да се земат. Тоа е многу лицемерно. Плус глупавата Јилдиз откако сфати дека сестра и избегала и се израдува и рече на мајка му „Госпоѓо Афифе, јавете се на Диндар да не направи некоја беља“. Дури се зафркаваше со жената.
Зошто ти е чудно што Јилдиз се зафркавала со жената.Па, Јилдиз е во прашање.Таа освен игри и интриги друго не прави(како Ендер,ама таа по опасна е).Ако не се лажам, во продолжение ќе стане некоја семејна,па можеби ќе намали со подигрувањето.
Грдо звучеше. Жената падна во несвест, ја освестуваат, а оваа и се смее во лице без грам грижа на совест.
Навистина се засекира Диндар да не ја отепа сестра и, што за жал не се случи. Јилдиз смешна ми беше како ги испраќаше гостите, тие нервозни што си го губеле времето.... Халит стои и се чуди, ама отрпна веќе....хахаха друга да беше ќе се скриеше некаде, со бегалката немаше да прозбори долго време, Јилдиз срам нема, навистина е сељанка Абе стварно, Диндар да и пресудеше на таа Зејнеп, ќе се извлечеше како луд и немаше да лежи во затвор. Вака на клиника заврши, а ништо не постигна Како го зафркнаа, се ослободија од него, ми се плачи.... прво го навлече на брак, цело време го влечеше со неа ко другарче на екскурзија за Алихан да ги гледа, па го посрамоти и обезвредни - му избега од свадбата во последен час, ај шо ја грабна пак добар излезе шо не ја повреди и како фала средство за дезинфекција во очи доби и на крај пред сите таа жртва, тој крив излезе.... угледот на нула му го сведе, од напуштен младоженец сега манијак велат дека е и капак на се во лудница заврши. Заклучок - Со онакви како Зејнеп, како Алихан, или биди ко Ендер, или бегај настрана зашто таквите секогаш се “добрите“, кај жртва уште кабает ќе бидеш.
Навистина од такви ликови и во реален живот треба да бегаме. Ама нели Диндар го пратил татко му во родниот крај? Халит така кажа. Зејнеп и Алихан му рекоа на Јашар дека треба да го однесе на доктор. Инаку, ќотек требаше да, да ги претепа Диндар, за тоа го поддржувам.
Јашар му рече на Халит дека Диндар ќе полежи на клиника некое време, тоа мислам дека во доверба му го кажа, за пред луѓе е во родниот крај. Јилдиз рече дека е во родниот крај пратен, изгледа од Алихан така разбрала.
Па дека лесно помина Зејнеп, иако јас за неа и Алихан ја гледам серијата, ама веќе излегоа од контрола.
Оваа Елиф сама се пика во проблем.Не сфаќам што и е точно целта.Да го земе Алихан,да го отргне од Зејнеп.Женската со цел памет ќе го освојува Алихан.Разбирам дека дечкото е згоден,секоја би го посакала,но,ако веќе има друга,не му се мешаш и тоа е тоа.Ликот на Елиф во серијава не знам за што служи,но како и да е тоа е само лик во серија.Ама,по страшно е што има такви ликови во реален живот(да разделуваат и сл).
Денес пробав да на гледам на интернет онлајн серијава ама никаде каде што ја најдов не ми ја отвори. Што може да е проблемот?
Елиф не планираше ништо со Алихан на почетокот ама ко ја виде таа Зејнеп “дека ќе се мажи“, а Алихан неа ја носеше по вечери и луѓето ги коментираа како пар, почна да се надева.... после ко ги виде пак заедно Алихан и Зејнеп се разочара, и се помати умот. Пак се тие двајца криви, знаеме кои. Ги користат луѓето од забава. Некој секако ќе сака да им врати.