Ете, Ерим не е син на Каја. Сега воопшто не разбирам зошто Ендер беше цело време вознемирена откако Каја се врати, навистина не ми е јасно. Мислам дека и таа имаше сомнежи дека Ерим е негов син па затоа така правеше, сакаше да го оддалечи од него ама сега се докажа дека не е.
Можеби има сомнежи поради синот што ќе се појави.Се вознемирува да не го пронајде Каја,или пак да дознаат воопшто дека имала нешто со Каја,па дури и дете.
И мајка ми ова го мисли. Дека не била сигурна дали ова дете не е негово, па затоа беше потресена. Ама чим ја покажаа сцената одма после тоа за другото дете, мислам дека била потресена зашто ја потсетувало на таа ситуација и и било страв да не се открие тоа...
Изненадувањето на Алихан беше стресно ама вредеше. Инаку, Зехра заврши во кревет со Џанер. таа навистина е лесна жена, и со два муабети секој може да ја однесе во кревет, па и во брак. Таа му се допаѓа на Џанер, тој не е лош човек, ама сепак е клошар исто како и Ендер. Само нешто матат, место да се фатат сериозно за работа. Глупава е и Зехра, џабе превртува очи за Зејнеп или некој друг. Ако е сиромашна, Зејнеп налетува на мажи кои сепак ја сакаат. Со Џем таа можеше да има иднина, со Диндар исто, но таа си го одбра Алихан.
Зејнеп е најголема кучка во серијата која за разлика од останатите кучки се преправа дека е тивка и мирна, дури самата себе се лаже дека е таква, затоа и другите и поверуваа и ја сакаа. Алихан е психо, тоа веќе го утврдивме, и во последниот час пред свадбата си поигруваше со неа и не верувам дека ќе престане .... на жена со карактер онакво нешто да и сторат ни свадба ќе се види ни бутур, ама за жени како Зерин 2 таман си е. Овој пат не и се бегаше, хм Зехра уште ничиј живот не уништи колку што знам. Е кај најде со оној Џанер нез, типот има женски гестикулации и навики прифатени од сестра му. Најголема глупост беше што ноќта свесно ја поминаа заедно, а утрото додека се облекуваше се криеше да не ја гледа гола, па и тој се врти настрана хахахахахах
Добар е Џанер штета што не му најдоа некоја појше што ќе му одговара. Ама ај може па ко пар љубовта добро ќе и дојде на Зехра.
Според мене, физички си одговараат а и ко карактери им оди муабетот, така да ОК пар се.... само што тој мн зборува, како стринка е.
Еј, а дали го слушнавте Халит кога и рече на Јилдиз “мене никогаш нема да ми биде досадно“ Јас мислам дека Алихан и Халит се сличен тип на човек ако не и ист.
Зејнеп не е добра, тоа се покажа. Има многу мани. Но, мене ме нервира Зехра што се занесува, превртува со очи, а таа не е поарна од никој. Не уништи ничиј живот, својот го уништува. Два збора да и каже било кој, таа паѓа во несвест. Едноставно е порочна, мрзлива, нема пријатели, и обичен муабет го смета за некаква љубов.
Зехра е без мајка, татко исто ко да нема,тој со младите жени си се занимава т.е. со себе, за очекување е да биде лабилна. И јас забележав дека лесно може да се залета по секое машко.... си бара љубов и внимание, така оди тоа, она што не го пружаат родителите се бара кај спротивниот пол општо. Таа добра си беше покрај Кемал, го ценеше, не беше неверна, ништо слично, ама бидна што бидна и се врати по старо. Шо вели Џанер, до среќата е. Малку и треба нејзе да биде среќна, ама не дозволил животот. Не е таа лоша ко што се претставува, да беше ќе се занимаваше со сплетки по цел ден и како некого да зафркне, и така нема што да прави. Нејзе само и е криво зошто некој е повеќе среќен незаслужено. Зејнеп со што заслужи да се радува и сите да се радуваат за неа? Со преправање и игри. Да не заборавиме дека и Хакан ќе го смоташе да не вмешаше Алихан прсти.
Па не Хакан, правеше се во договор со Алихан. Ја однесе во шумата со цел да ја подготви за она што ќе се случи, односно ќе биде именувана по неа. И јас се чудев зошто така постапи. Хакан како да нема свој живот, туку како да е слуга на Алихан, така е претставен како лик. Инаку, Зејнеп и Алихан се заслужуваат. Таа има мани, направи грешки, ама тој дури и повеќе од неа. Ама и Зехра претерува. Наивна е. Додека беше со Кемал, се и раскажуваше на Ендер, иако Ендер сто пати се покажала која е и каква е. Ја провоцира Јилдиз, и дури мислам дека Јилдиз немаше дома да прави драми да не беше Зехра да и префрла. Што не префрла на татко и? Не смее, ја издржува.
Диндар отиде кај Алихан да му каже дека Зејнеп и Хакан излегуваат заедно, тогаш Алихан презеде мерки и одоколу го освести Хакан. Вака беше. Зејнеп проба и Хакан да го вовлече во се (зашто се пишманеше за веридбата). Уште тоа фалеше, Диндар да му ја скинеше главата на Хакан, дури тогаш трагедии. Бруки е таа Зејнеп, се праеше само да се докопа до Алихан. А за нивната замаеност, освен дека мајка и е бајачка, немам логично објаснување
Мене и за Ендер ми е жал. Вистина, со сите се потсмева, за секого има лош збор, ама тоа е поради нејзините фрустрации. Не била среќна и мисли дека никој не заслужува среќа. Тоа е злобно, но лоши работи и се случувале и нејзе. Не е лесно да се премине преку такви трауми. Таа не била отсекогаш ловец на богатство. Каја не бил богат порано и таа ќе останела со него, само што неговите родители не ја сакале поради нејзините родители и така извисила....После тоа и бебето што го дала, му се нафрлила на Халит, видела дека е женкар. А Каја е многу добар. Тој ќе и се врател на Ендер, само прво битно му било школото. Настанало недоразбирање, мислела дека тој си ги слуша родителите.
Точно дека преживеала лоши работи,има трауми од минатото,очувот ги тепал,не била секогаш богата,ете и детето го дала(тоа посебно ја повредило).Но,зошто да им прави лошо на другите,пак не е решение да ги навредува и да им мести стапици.
Ќе си легне на брашното Ендер, што понатаму во серијата нема да ја препознаете..Ќе стане добра, пријателки со Јилдиз ќе бидат, ќе биде заедно со Каја и со Шахика која мислам дека е сестра на Каја. Јилдиз и Зехра ќе бидат пријателки..интересно ќе биде.
Не знам, така и е полесно, ако и другите се несреќни покрај неа. А ете Зејнеп и Јилдиз немаат толкави трауми, па пак ги повредуваат другите, си играат со нив.