Не дека таа е лесна жена,туку,повредена од минатото и од мажите што ја оставија.Едноставно,и фалело внимание и ете завршија заедно.Но сепак,тоа не значи ако имала лош период да спие со секого. Мене Џанер ми е супер,искрен е,малку повеќе зборува ама добар човек е.Точно дека покрај Ендер се расипува,но не е лош.
Се сложувам со вас.Знам дека ќе дојде Шахика,па нешто Јилдиз ќе ја избркаат,против нејзе ќе бидат сите.А Јилдиз и Зехра,заедно ќе работат. Исто дека нив никој ги нема повредено,а пак повредуваат.Така им одговара.
A чекајте зошто Ендер го оставила тоа дете тогаш веднаш што го родила? Дека не можела да го чува? Сега сфаќам, тоа дете било од Каја и нели кажувавте ќе се појави во серијава.
Ќе бидат некое време, ама во третата сезона ќе имаат раскинато без да се знае зошто. И Лила и Емир исто. Јас ја гледав на јутуб со auto-translate, ама гледам сега имаат рестрикции. Ако сакаш пробај се со менување на IP. https://www.youtube.com/playlist?list=PL5lvu13_TMfD2zL1SeVQva0b0Cwu11vjw За Зејнеп не сакав да коментирам, ама се раздолжи. Изгледа еднствена бев што не ми падна жал за неа за ситуацијата со Ендер. Мислам замислeте. Имате проблеми во врската со партнерот, ти ги дава сите знаци за крај, ти најавува раскинување и што правиш ти!? - Не му креваш на телефон, ги викаш сите негови и твои роднини и пријатели, не го оставаш да зборува и му велиш ДА. Манипулација^2 Ауч, ама заслужено и беше. Мене од тој момент ми е најодвратниот лик.
Зејнеп подмолно пукна од желба да му стане жена на Алихан. Ко оние досадни напори у живо коа ќе се залепат на некој богаташ, па и убав ако е ехе... Што се не правеше, тоа па со фирмата што стана копретседател, леле мајко напор. Нормален човек ќе избега од бившиот и ќе си тера у животот нема пред нос у фирма да му дојде. Штознам да ме остави некој и упорно да му се пикам, никад не би. Од старт не можам да ја поднесам Зејнеп. Јилдиз барем е провидна...
И јас така би направила. Би отишла во друга фирма, во друг град, би прекинала контакт. Врската им е многу нездрава. Тоа не е добро.
Навистина врската на Алихан и Зејнеп е нездрава. Барем да дадеа нешто подруго и посмирено. Алихан уште 10 пати да и раскине на Зејнеп, таа уште толку пати ќе му се врати.
Цело време му се враќа со надеж дека нема да ја остави повторно.Поради љубов, зошто го сака тоа го прави(му се враќа).Но, ако ја оставил еднаш ќе ја остави уште 1001.Не ја оставаше зошто не ја сака, туку поради глупости,што требаше да си ги реши,а не да меша баби жаби со љубовта.Но,ги поминаа сите граници,ја остава и таа пак со него.Конечно се заедно,па ќе живеат среќно во Америка.
Можи не и се даваат пари за подарок....Јас сакав Ендерче да им отиде во гости, да им изназборува работи, да се понервира Зејнеп малце. Колку се тие двајца расипани, Ендер е мало маче за нив. Хахахах, ко ја сретна Зерин во бутикот, ко и изнакажа сешто, Зерин рече “ми го качи притисокот во 2 мин“....Мислам стварно сурова е и вреѓа, ама како ги склопува нештата, има вистина бе хахахах....Халит за Ендер мисли дека е луда Така ја вика, лудата. А Јилдиз кога прашуваше “Ја познавате ли Ендер? Има светли очи и глупав брат“ хех
Ерим ке преживее? Многу замрзена епизода, али миломи е што Илдиз и Зејнеп се смирија.И и прости и на мајка и. Илдиз многу ја сакам. Ке се појави синот на Ендер уште ке се замрсува.
Па нема речник.Колку што знам Јилдиз нема некое посебно образование.Што не мора да значи.....Постојат луѓе со минимално образование,па,се однесуваат културно и пристојно. Јилдиз е таква,сака да се прави паметна,а уствари сите се над најзе.Но,има среќа кога ќе направи нешто сите и веруваат.
Асуман е навистина голема лажга. Жената е дно, па уште ја советува Зејнеп да ја откачи Зерин од нивната куќа, да не им досадува. Во реален живот многу ме нервираат ваквите како Асуман, ем прости, ем голеи и боси, па наместо да се засрамат и да молчат, уште и командуваат. За случаи како синоќа ја оправдувам строгоста на Халит. Не знам зошто уште Халит ја трпи Јилдиз. Му навлече само проблеми, де стан за мајка и, де пари на татко и даде, па Јилдиз го крадеше. Се на се, доста и ја трпи. Ендер беше во право дека Зејнеп нема што да се нервира прво ѓубре како Мустафа не и е татко, и второ Јилдиз не и е родена сестра.
Оној татко му на Јилдиз не можам да го сфатам. Се појавува во нивниве животи, убил човек па уште мисли дека на зетот му е обврска да го финансира и да му исплаќа долгови. Па уште ќе пука бе? Се надевам после ова говедово ќе го осудат на доживотна, во затвор се ставаат луѓе за да им дојде памет ама на овој не му дошол си има фалинка во тоа тиквата нешто. За Ендер стварно ми падна жал со сцената со бебето и дека се обидела да го најде, но зошто е кучка и им ги уништува животите на другите. Не заслужува да биде среќна. Зенејп ме подсеќа на жени кржлежи кога ќе најдат богат и убав што и да ом направи ќе простат. Остај ти љубов, на тоа понижување не требаше да го погледне ако беше поштена. Јилдиз е простичка ама ми се допаѓа како лик. Како некој со неа така и она со нив. Инаку е наивна многу.
Халит не мораше да ја земе Јилдиз.Едноставно,него му се здосади од Ендер,просто кажано не му беше интересна повеќе.Кога веќе зема помлада жена,привлечна за неговата старост,не доволно образована....сега нека ја трпи и нека се носи со нејзините проблеми.А ако Ендер му е поважна,не мораше да ја остава.