Таа Елиф ич не ми ја спомнувај, многу ја мразам. Дали дека е висока па до Зејнеп кога застане како највисоката зграда во Турција е, незнам... Стоногалка
Зерин не да го сака, оддадена е по него, уште чека да и се врати. Хахах како успеала да остане толку посветена, не ми е јасно. Стариот се замислува Бред Пит, си се насмеа кога слушна дека Јилдиз и удрила шамар на Ендер. Не му чини да сфати дека за неговите пари се тепаат, не за него.
Жал ми е за Јилдиз. Знаеме сите каква е таа, ама сега додека читав што сте пишувале, и мене ми падна жал иако ја немав гледано епизодата.
Јилдиз ама ич не е крива што има таков татко убиец. Јилдиз може е ваква, таква, не е цвеќе за мирисање, ама воопшто не е крива за тоа што му се случи на Ерим. Таа и до скоро не знаеше дека татко и е жив и дека бил толку години во затвор.
Aлихан колку жени сменил пред Зејнеп. Ете и таа некоја бивша се појави, тоест Елиф ја повикала намерно. Човекот освен пари и убавина, ништо нема. Сега му е незгодно да и каже на Зејнеп.
Да, Јилдиз не е крива што има таков татко, и таа како и сите други во исто време дозна дека татко и бил жив и дека бил во затвор. И Мустафа не го воопшто оправдувам, му се залепи како крлеж на Халит и постојано бараше пари од него. Па Халит банка ли е, бог да чува. Да бил малку паметен, со парите што ги земал од станот и плус тие пари што Ендер му ги даде, ќе го отплател долгот. Дека Јилдиз му направи илјада проблеми на Халит да, до некаде е така, тој не е должен постојано да му дава пари на Мустафа, ама во некои ситуации и Халит ми е одвратен како што гледав на рекламата кога Јилдиз му рече дека воопшто не ја цени, а тој пак и кажа дека во животот цени само една личност а тоа било Ерим.
Добро во турскиве серии е што мн си го ценат семејството. Да беше ова западна серија некој од фамилијата ќе се надеваше дека ранетиот наследник ќе умре и ќе остане богатството Сестрите се многу проблематични, многу сериозни неприлики предизвикуваат, криминалци им носат дома.... и јас на местото на семејството на Халит би била загрижена, вчера таткото на Јилдиз им отиде со пиштол, утре други ден којзнае кој може да дојде да се одмаздува и пак некој од нив да биде погоден по грешка. Една Ендер толку години живеела со нив, па такво нешто не причинила. Зерин пак едвај дочека Јилдиз, мајка и и татко и да ги обвинува, а Зејнеп добра девојка била Меморија златна рипка. Јилдиз има мн слатка фацка и не можам да ја хејтам, ама иста е како татко и кого го критикува дека не ја сака и само парите го интересирале, а таа се омажи за старец кој не го сака за пари.... И мн тупат со цели епизоди за тој Ерим....
Понатаму за мене серијата ќе биде поинтересна, барем секој ден нешто ќе се случува поточно интересни работи и скоро секој со секого ќе биде пријател. Повеќе како смешно него ли сега што е оваа сезона..
Da ke bide mnogu interesna,ke izleze edna mnogu polosa od Ender..Izgleda Yildis ke bide bremena ke imaat dete so Halit?